Сакам да запишам докторски студии по социологија,па доколку има други форумџии кои веќе се запишани или планираат ,ако сакаат да споделат искуства и мислења.
Јас планирам да запишам педагогија докторски, или во Скопје на Кирил и Методиј или во Битола (бидејќи само таму има) Инаку 6000 евра коштаат, се плаќа по 1000 евра секој семестар. Сигурно и за друѓиве науки е слично но пак разгледајте и прашајте си лично
Имам план за докторски студии, но здравје понатака. Кај нас освен ако си професор, ништо веројатно не ти менуваат во поглед на кариера, но ако се има финансии и желба, и најбитно подршка од најблиските, мислам дека едно Ph.D. да ти стои ќе биде добродојдено. Али, о том-по том.
И јас имам план ама ќе видиме, прво да стекнам доволно работно искуство , а и не би се осмелила да барам пари од моите и за ова Доста се трошеа за постдипломските . Ако здравје Боже заработам би запишала . Само не знам колку се исплатливи , сите знаеме како се станува професор во денешно време Овде не мислам на постарата генерација , туку сега , и за асистент требаат врски Инаку скоро гледав стипендии за докторски студии во Германија , ама тие беа за природни науки , не можам да го најдам тој линк, ама пратете тие што сте заинтересирани може да се најде по нешто . Еве каде може да се запишете за известувања : http://www.scholars4dev.com/
Заинтересирана сум за докторски студии на Кирил и Методиј, ако има некој што веќе е запишан или пак докторирал, ве молам пишете ми ЛП.
Дали се има некој запишано на докторски студии? По можност на Кирил и Методиј. *дали има стипендии за докторски во нашата држава?
Дали некој има искуство со завршување на докторат во приватен или државен универзитет во Македонија или онлине во странство (можам да зборувам флуентно англиски, основно познавање на Шпански јазик)?
Здраво, дали било кој од тука моментално е на студии во странство со стипендија? Ми требаат лични искуства.