1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доктор Оз (Doctor Oz) [Сител]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Tanjus, 4 март 2013.

  1. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    [​IMG]

    Шоуто на Доктор Оз е едукативна и динамична програма, а Доктор Оз обработува повеќе теми во една емисија на начин разбирлив за широката публика. Тој открива нови информации за важните теми, инспиративни приказни и ги пренесува на само нему својствен начин. Заедно со водечките експерти од земјата, секој во својата област, Доктор Оз во секоја емисија обезбедува информации за подобро здравје, правилна исхрана, слабеење, како да останете млади во врската, како да се справите со конфликтот и стресот. Ќе дознаете што е нормално, а што не, како некогаш можете сами да си помогнете, како да ги препознаете предупредувачките знаци на болеста, како да го заштитите вашето семејство.

    Две години по ред „Шоуто на Доктор Оз“ е добитник на наградата Еми во категоријата Најдобро дневно шоу од информативен карактер.

    Доктор Мехмет Оз е кардиохирург, работи како потпретседател и професор на Колумбија Универзитетот и повремено изведува операции на срце.
    Автор е на повеќе од 400 публикации од кои 6 се најдобро продавани книги на “New York Times”. Магазинот “Time” го стави на 8-то место на листата од 100 највлијателни луѓе, а “Esquire” го прогласи за еден од 75-темина највлијателни луѓе во 21 век.

    Од денес почна на Сител во 16:30. Интересно шоу само што е лошо тоа што е синхронизирано.
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Пак мора да има нешто турско :lol: се шалам секако,доктор оз го пратам на обн тв и можам да ви кажам дека човекот е жива енциклопедија,штета што го синхронизираат кај нас. инаку по потекло е од трција,но веќе 20тина год живее и работи во уса
     
    На Doozy и Hipster им се допаѓа ова.
  3. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Баш сега го гледав човеков. Доста добро е ова шоу, поучно. Го гледав и на ХРТ мислам беше, а највеќе ми се допаѓа што се покажува преку видеа или игри и така полесно се памти.
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Јас на Хртв 1 го пратам, на сител ме иритира синхорнизацијата, незнам децава кај ќе чујат друг јазик освен турки па со синхронизацијава ни турски, ни англиски.
    Многу интересна ми е емисијата и самиот концепт, има секакви случаи- многу интересни и необични.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Многу корисни работи може да се научат од него , ептен како што кажа ludoto19 енциклопедија. :clap:
     
  6. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Многу е интересно, и многу ми се допаѓа, конечно нешто интересно на Сител ТВ :)
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Браво за Сител,јас ке го гледам
     
  8. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    На Хрватската телевизија го гледам веќе скоро година.
    Го сакам човеков многу. Научив многу работи. Ептен е корисен. И интересен е.
    На Сител синхрозацијата ќе ми смета...оти не го доловува истиот ефект. И, нема да го гледам на сител.
    Ќе си продолжам како досега.
    Сепак браво што барем едно корисно нешто ќе пуштат. Малку да се едуцира народот.
     
  9. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Го гледам повеќе од една година на HRT1 интересна и доста корисна емисија каде можат да се научат доста корисни работи,исто го пратам и на официјалната страница на Доктор Оз.
     
  10. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Го гледам подолго време на хрватска,сега на сител ми е многу глупо.Незнам зошто мора се да синхронизираат,ич не е интересно вака.
    А за емисијата само пофални зборови,може многу да се научи од неа.
    А и добро е што сител почна да го дава (каква-таква) важно ке гледа народот нешто корисно и поучно! :)
     
  11. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Шоуво е прекрасно. Го гледам на HRT, а сега и на Сител.
    Само добро ќе биде да има реприза. :)
     
  12. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Прекрасно е има многу добри совети :)
     
  13. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Лајк многу добро и поучно му е а и др ОЗ е симпатчен човек.
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.618
    Допаѓања:
    8.988
    Пол:
    Женски
    прекрасна емисија,ја следам веќе подолго време.доктор Oз е прекрасна личност,му се восхитувам.само ме нервира тоа што ја синхронизираат емисијата :!:
     
  15. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    конечно нешто паметно и корисно :)
     
  16. izabela63-64

    izabela63-64 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    44
    И јас почнав да ја гледам емисијава на Сител од понеделникот.Немам досега слушнато за нејзе но ми стои интересна.Добро сега може малку е зезнато што го синхронизираат али ај какво-такво.Инаку може некој да ми каже термин и денови кога го даваат на HRT1(не можам да го фатам.) :D
     
  17. malecka91

    malecka91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    68
    Во 13:30 го даваат на HRT од понеделник до петок :)
     
    На izabela63-64 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Прекрасна емисија! Го обожавам Оз. Само јас од одамна си ја пратев на хрватската тв, а и ќе си продолжам, таман ќе се вратам од школо и тој почнува, го гледам и легнувам да одморам. Неможам да поднесам овде како ја синхронизираат, одвратна работа направиле! Ќе решат да дадат нешто квалитето веднаш мора да го расипат. :doh:
    Како и да е, супер е Оз во секој случај.
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ако ве нервира синхронизацијата на сител или па сте испуштиле некоја епизода, ги има скоро сите епизоди на неговиот сајт и на јутуб нешто има исто.
    Јас на торент барав али ништо не се наоѓа. Ама скоро 200 епзоди има до сега, во 4тири сезони, WOW!
    http://www.doctoroz.com/episodes
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Интересно, може доста работи да се научат, денеска фатив делче.. :$
    Доктор Оз е баш симпатичен.. :inlove: