ЈАс веќе година и пол го следам на Хрт 1,на Сител не го гледам.Емисијата е супер,а човекот е феноменален. Толку корисни информации споделува со нас а наше е само да ги впиеме и прифатиме.Се трудам повеќето да ги применувам и од кога го правам тоа ми е многу поубаво.Малку е кај нас вештачки дека е синхронизирано но сепак добро направиле што конечно барем нешто едукативно пуштија .
Одкако почна го пратам,и ќе продолжам. Прекрасна емислија во која има доста поучни работи да се научат. Ептен ми беше смешно со индискиот танц,не за друго туку кога станав со нив да вежбам многу смешно изгледаше тоа. Браво за емисијава навистина е пријатна.
Харизма има човекот,секоја чест знае како да се претстави во најдобро светло,шармантен доктор кои знае како треба со пациенти
Koга дедо ми што цел живот е по болници и мрази доктори го засака човеков.... Toa значи стрварно има некоја мила ѕвезда. Го сакам многу...толку е забавен. Цел ден да трае емисијата, нема да здосади.
Доктор Оз си "заработи" тужба Шо е тука Оз виновен не ми е јасно. Самиот си рекол не ги оставајте предолго чорапите во микро печка, е сега дедево ако се заборавил па после Цацко му е крив тоа е друг муабет. Не за џабе рекле „Луѓето можат да ти простат се` освен успехот.“
Интересен ми е доктор оз Најинтересни ми се тие што ослабеле! Можно ли е воопшто толку да се ослаби? Неверојатно!
Малце каснам туку ај.. Од неделава единствено во четврток не гледав.. Не ми привлече внимание.. А онаа во понеделник најмногу ми се допадна.. Едит: Не ми се верува, ај што го синхронизираат, ама тоа да го прават само 6 луѓе.. Видов др.оз беше првиот и натаму уште 3 женски и 2 машки мислам..
Човекот е супер ..неам зборови го обожавам Единственото нешто што не ми се допага е синхронизацијата .. УЖАС Е ... зборуват како замрени , како пред умирачка ... ц ц ц ц
Го гледам ретко, ама некогаш кога ќе седнам да го гледам не сакам ни да заврши. Човекот е супер, многу добри совети дава, а плус се учат од емисијава и доста интересни нешта.
Ја гледам емисијава понекогаш,корисна е но и забавна....но секако би била уште поубаво ако не е синхронизирана...
Ја пратам на обн..значи секоја чест на човекот што се зафанал ова да го работи. Инаку дава корисни совети..повеќето да речеме ги употребувам во секојдневниот живот. .Меѓутоа премногу ме нервира и иритира синхронизацијата ауфф..дајте нека синхронизираат поубаво и повеќе да се соживуваат, а не колку од ред да поминат