Серијава е предобра. Почна да се емитува во Септември 2011 година, во тек е втората сезона. Се работи за Зои Харт, девојка која работи напорно да стане кардио-хирург, родена во Њу Јорк, наскоро ќе мора да се пресели во Блубел - Алабама и тука започнува цела приказна. Нејзиниот живот целосно ќе се смени, Зои ќе мора да се прилагоди на животот на југ и на почетокот ќе биде буквално црна овца во градот. Да не должам со деталите , серијава е прекрасна и видов дека има повеќе членови што ја следат , а се уште нема тема. Повелете со впечатоците и едно прашање - Зои и Џорџ или Зои со Вејд ?
Hart of Dixie (Доктор Харт) Ете на кого му текна да отвори тема за серијава Супер серија, супер екипа на глумци и како што кажаа сите одлична за опуштање и уживање. Јас сум за Зои и Вејд.Многу се мачеја за да бидат заедно, поточно Вејд и многу ми е криво што не се заедно моментално.Лемон и мене на почетокот ми беше антипатична но сега и одговара оваа улога на соло девојка.Анабет исто ми е многу убава поготово во вторава сезона дојде до израз нејзиниот лик.Ајде се надевам ќе има повеќе девојки што ја следат и дека ќе си ја коментираме редовно
Ќе бидам искрена, одамна се мислев да отворам тема ама мрза И сега баш твоето мислење го прочитав и се мотивирав. Навистина се зачудив колку членови ја следат серијава. Морам да го искоментирам совршениот стајлинг на Зои, значи прекрасна е И јас навивам за Вејд, се надевам ќе пронајдат начин да се смират. На почеток сакав Лемон да биде со Левон, ама откако ми ги споија со Анабет некако поубав пар ми се. И се надевам некој нов лик ќе донесат (за подолго) , пошто само со истите не е интересно
Ауу и јас барав ваква тема.. серијава ја обожавам! Многу ми е интересна моментално од сите што ги гледам оваа ми е омилена.Инаку јас сум за Зои и Вејд бидејки поминаа низ се и сешто заедно.Џорџ поубав ми е со Тенси.Анабет ми е многу мила и прекрасен глас има.Лемон најдобро да не се меша со Лавон, нека си остане со докторот што беше тој. Прекрасни се, ептен си одговараат
Тим Вејд а Имаше многу напнати и жешки сцени во прва сезона меѓу нив, со Џорџ некако ми нема хемија. Мислам дека си одговараат. Башка овој по секси е Криво ми е што го одведоа Вејд во тој правец, зашто мислам дека уште од прва епизода е заљубен во Зои. И тешко дека жешките сцени ќе бидат жешки меѓу Зои и Џорџ, го нема тоа Џорџ во себе Спојлер Хух мислам дека имаа таква епизода, кога ќе имаат топлотен бран, баш беше...топло песнава сте ја слушнале? https://www.youtube.com/watch?v=Ps9WToZeM2k
Серијава почнав да ја гледам , уште сум на почеток, т.е. прва сезона 8 епизода.Не е нешто вау, на моменти ми беше досадна, ама па не можам да не ја гледам.Рејчел Билсон ја обожавам и ептен добро се вклопи во улогата.Џорџ е сладок, ама тим Вејд all the way! Лемон има исто така доста интересна улога и ја прави серијава позанимлива.И Лавон ми е закон! P.S. Прекрасни оутфити имаат! Спојлер
Серијава е неверојатно заразна, особено ако барате ваква серија со која буквално ќе се опуштете. Мозокот на пасење и летнаа 5 епизоди во еден ден . И така по цел ден лежам, па серијата ми дојде како кец на десетка. Инаку на мене Џорџ ми е поубав, ама пак, Вејд ми е bed boy, а јас си сакам ваков тип на мажи. Поделена сум, со кој и да е, ќе ми прави мерак.
Jaс долго време го мислев насловот,како би бил преведот и сега дознав што значи Dixie. Тоа било како некој синоним за државите на југот во америка, изведено од некоја песна. Али супер сте го скроиле. Сеа за серијава, ја загледав уште од почетокот, не очекував дека ќе продолжам да ја гледам, зашто има моменти кога е така малку глупавичка. Вторава сезона ми е подброа од првата, некако ликовиве се развија бољи и дури и Лемон иритирачката не ми е одвратна више, невереватно. Единствена сум тим Џорџ изгледа(ова со тимовиве ми е кома ) Вејде е убитачно секси, ама у фацата ми е малку како смачкан грав И карактерно не си одовараат со Зои според мене, неаициозен е, несериозен, едноставно Вејд и Зои имаа само сексуална привлечност. Башка и после ова што ја изневери, незнам дали воопшто би му простила. In other hand Зои и Џорџ си одговараат ептен, и има некоја скриена хемија меѓу нив уште. Ако не биде со него, барем со докторов нека ја спарат, исто е ми е хот. Со Вејд никако не можам да ја замислам, едноставно неможам.
Јас си барав и еве што пронајдов Ова е сцена од О.С. Вејд со долга коса УЖАС Иначе физички гледано Џорџ ми е посладок, поубав да кажам, ама Вејд има нешто спешл, како што кажа Џули бед бој е. И многу ми е интересна комуникацијата помеѓу Вејд и Зои. Цело време се реметет еден со друг
Абе мене вака физички, никој од маживе не ми се свиѓа Ама поинтересни и како поголем предизвик ми се Зои со Вејд, а и со докторов. Како што Тензи ми е предизвик за Џорџ и баш го буди онака За Лемон и јас истото го мислев на почетокот, ама сега ми е прекрасна. Ептен добар лик е, знае да ти иде на нерви, манипулира, паметна е, преубави комбинации има и тоа акцентот плус, зборењето...забавна ми е Иначе и за О.С. пее во песната и да, во градов сите се налудничави
Штотуку ја почнав втора сезона, ете ме и мене, и јас се навлеков. Зои ако не го сака Вејд, може мене да ми го прати. Сериозно, на кантар ставени, Џорџ ми е демек сладок, паметен, ама и многу глуп би рекла. Немаше муда да го откачи Лимонтусот, па се нафати на советување и чуда, за да дента на свадбата да рече дека нема да може повеќе. Вејд од друга страна е мушкарчина. И не е припрост, иако можеби сакаат таков да го гледаат. Не е совршен, али е мој тип. Откачен, со 600 досетки во еден муабет, малце е тромав, несмасен и на моменти знае да иритира со неговиот стил на живот и размислување, али ете, тим Вејд сум. Солзи ми течат, 5 минути го читам и се смеам ко нездрава. Смачкан грав. И оваа Зои приметив, прв пат кога се пољубија со Џорџ во тој клубот го прашува: And so what now? По сексот со Вејд, го прашува истото: And what now? За невеста ќе те таксаат, што сега. Првите 6-7 епизоди ги тегнев со денови од што ми беа досадни, после веќе се навлеков, без престан ја гледам, и онака има пауза од другиве серии што ги пратам, ќе ја изгледам и 2рава за скоро. Работава, ко Фиби кога му рече на Бред Пит во епизодата: Come on Will, just take off your shirt and tell us. Спојлер
И мене како на Кравче, првите епизоди ми беа многу будалести и малтене без никаква поента , но малку по малку, серијата доби душа, одлична е за опуштање и релаксирање и ќе ми биде многу криво ако ја прекинат. Лемон ми е посебно слатка, секогаш фино скоцкана, со многу интересен стил и фризурчиња, а Зои е чист сексапил. Анабет ми е можеби најомилена, пренежна кукла. И предобар пар се со Лавон, мене не ми одеше никако со Лемон. Сепак би рекла дека Лемон и Џорџ најмногу кликаат заедно, т.е. ми прават логика. Зои не ми оди со никого, евентуално со овој новиот лик, братучедот на Лемон и Магнолија, ама ќе видиме (ако има нова сезона). Џорџ ми е многу мекуш, а Вејд ми е вистински необрусен реднек и има премногу просечна селска фацка, иако се ОК ликови. Тензи ми е реално простичка многу. Таткото на Лемон ми е супер лик, како и трите градски дежурни оговарачки (или две беа) и оној црнецот постар, што ја има главната улога при секое збиднување. А Шелби си е планета сама по себе... мислам ликов.
Баш ми беше супер последнава епизода. Спојлер Мило ми е за Анабет и Левон што на крај останаа заедно. Лемон и Вејд ќе отвараат заедно бар или ресторан Е тоа ќе биде посебна приказна. Криво ми е што си замина убав лик од Блубел, докторот, роднината на Лемон ама па не ми беше за Зои. Се се ама неможам да му ги гледам круговите на Џорџ под пазуви, кога и да го дадат он е запотен Знам дека сега за сега е неизводливо ама си се надевам дека на крај пак ќе си бидат Зои и Вејд. Супер им беше идејата со пролетниот распуст, го освежија Блубел промо за 19 епизода http://www.youtube.com/watch?v=pMwUz8eSWK8
Алекче, многу е разбацен Џорџ, од тоа се круговите. Јас се сефтосав. Не само Спринг брејк, мене многу ми се допадна она зомби денс што го имаа при запросувањето Tом и неговата. Многу ми беше откачено и романтично, јас би заплакала и би се искикотела во исто време. Знам де, не сум арна. Спојлер Му благодарам на режисерот што секоја епизода ми ги сервираше Вејд и Зои, би сакала да ги видам и во 3та ( ) сезона. И Вејд ми станува ружен, само со Зои ми е таман. Многу ме изиритира во епизодата кога се бореше за главната награда со бендот, се усра кога го виде Wade's place, се начука и ја вараше Зои. МЕКУШ! Вејд и Лимонтусот заедно управуваат бар, ако ги спои режисерот, ќе биде најглупата спојка во серијава. Џорџ тотално се изгуби во сезонава. Дојде до тоа дереџе да му нудат прости епизоди од типот бркање на куче, рибарење и сл. Во прва сезона колку - толку си ја работеше работата, слабо му иде сезонава. И со онаа искварцаната Тензи се ужасно лош пар. Исто и со Зои. Со Лимонтусот беа тамански погодени. И овој Мајоров смота 500 жени, тешко швалериште.
Ми се допадна претохнава епизода, и Брик е навистина цар, ептен добар совет и даде на Зои. Се надевам не е доцна, за неа и Џорџ Барем со овој братучедов на Лемон, ако не со Џор. Тензи, самото име се кажува, сељанкушеста ми е ептен, па и браќата нејзини, оф, оф, оф. Промо за следната http://www.youtube.com/watch?v=bqTL7oZnpNM П.С и се поише сум убедена дека ќе ги местат Лемон и Вејд заедно, ако ми се најутка пар, бетер од татко и купон квин Шелби. Анабел и Левон ми се наслатки, ептен погодени си се
Уште една супер рилекс епизода на Нart of dixie Спојлер Зои направи невидена збрка околу Шелби и др.Брик Јас искрено се надевам дека нема да ги спојат Линет и Вејд бидејќи ми се ужасен пар. На крај убаво и го плесна Џорџ(иако не ми е баш омилен) на Зои. Супер пар ми се Анабет и Левон. Посебно ме изненади младиов доктор, се поубав и поубав е, посебно со комбинацијата бела кошула и плави панталони Уште 2 епизоди до крајот на 2 сезона
Пак се вртиме во кругче, а исто па исто? Следната е финалната eпизода за сезонава, само не знам што се смени од предтходната сезона, нешто значајно, се си тапка на место, триаголникот страјкс аген. Можеби Џорџ е досадна спарка со Зои, ама Вејд не да не и одговара страшно се различни, дури неможам да сватам како и можеше воопшто да биде со него, и сега после се што се деси, ако му прости е гускичка. Штета докторот никако не го разголеа, баш мислам дека со него ќе беше најпогодена. http://www.youtube.com/watch?v=uW8iAvOcvCc
Зои мене веќе ми е пејн ин ди ес Заморна ми стана. Патем изгледа со докторчето ќе почне следната сезона, ама арно вика Хипстер, ништо не се измени, ниту па се гледа дека нешто ќе се смени сл. сезона. Овој па Џорџ, еднаш и лупа врата, го остави Тензи одма трча кај Зои Ликовиве во серијава се очајни