Леле кое муле е овој Џорџ, тоа е невозможно, од епизода во епизода ми е се поглуп. Посебно па со реакцијата кога Зои му кажа дека нешто осеќа за него: http://www.youtube.com/watch?v=gqyqNU-Ka5A Are you out of your freakin' mind right now?! Не му е прв пат така да се истакне. Стварно се претвори во право теле. И самите експресии на лицето го дотолчуваат. Дај нека пее само.
Зои, глупачо една, покрај таков доктор ти си се залетала по Вејд смачканицата и Џорџ смотаницата. До кога?? Нека ја шармира овој лекаров и нека ги откачи више, и двајцата ми се досадни. Ама смешен ми е многу овој нивниот ник-Зорџ се помочав. Иаку Џорџ ептен убаво пее, и убаво испана песната, среќа не беше ран авеј фром Зои И така си заврши уште една сезона а ништо посебно не се деси. Да се надеваме дека третава ќе биде поасална во однос на тоа дека ќе се одлучи више со кој. A и убава песна, ептен ми се допадна. http://www.youtube.com/watch?v=TopmYCaJ3zc
Мислам дека ќе биде најдобро трета сезона со сосема трета личност и нови ствари Ми се свиѓаше искрено последнава епизода, пробаа да расчистат работите колку толку, Џорџ во право си беше и ете еднаш и јас на негова страна да бидам Вејд си се исповеда, сега одиме во Њујорк и таму ќе спиеме со докторов Вау, колку мн работи се дешаваат во серијава
Апел да го покажуваат повеќе Њујорк во 3та сезона, оти и ние сакаме 3 месеци таму де. А не одма да се префрлат во Блубел, распуст е сепак, ќе падне нешто со докторчето. Мене и тоа ми е теле, ама изгледа нема голем избор Зои, дај шта даш. * Многу сакам во една серија кога рандом бендови пејат рандом песни. Отсекогаш ми било многу симпатично сето тоа. Во Округот Оринџ имаше доста такви моменти, па некако последнава епизода ме потсети на таа серија. * Како суптилно прави спојки овој режисеров, просто да се чудиш. Онаа што свиреше гитара во ист бенд со Вејд, сега му се сврте на Џорџ. Вејд и Лимонтусот ни на крај памет не би ги споила ни како бизнис партнери, ама се е можно. Анабет е лепотица бре. Преслатка ми е.
Од серијава добивам желба да живеам во мало место Уште да беше реална Џорџ во вторава сезона е многу туп и глуп, не знам зашто така го претставуваат цело време, а и мислам дека слабо глуми. Како и да е, мислам дека ќе завршат на крај со Зои, иако со Вејд ми се поубав пар. Ваљда и зашто Вејд како лик повеќе ми е мил. Лемон е помалку иритантна (фала богу), претходно се однесуваше ко недоквакана Анабет е многу убава и срцка, супер се со градоначалникот. Супер серија за мозок-релакс во секој случај
Џорџ - најголемо мутле во серијата, иако воопшто не започна така. Не знам зошто го направија такво теле искрено. Вејд и Лемон мислам дека нема шанси да ги спојат. Доволно е што се бизнис партнери. Зои нека си го искористи летото со Џона во Њујорк, а после распустот нека му се врати на Вејд. Се надевам ќе има трета сезона... edit: Ќе има. http://www.theglobaldispatch.com/cw-app ... n-2-82840/
Ете вчера што заборавив да напишам. Зои на свадбата во црниот фустан - кукла. Шминката, толку обична (а супер) фризура, накитот и фустанот - права рок принцеза. Значи облеката и комбинациите на Зои се совршенство.
Мислам дека можеше со далеку подобро финале да не почастат. Спојлер Дефинитивно најпар ми се Левон и Анабет, ја засенија Зои која стана досадна и незнае кај тера.Дури и Лемон ми е подобра, која на почетокот беше екстра лигава.Се надевам дека другата сезона ќе има некој добар дечко и за нејзе, а и да се смири со Џорџ нема да ми биде жал. А за Зои веќе ми е сеедно со кој ќе биде, дали со Вејд, Џорџ или младиот доктор
Ја почнав серијава пред некој ден, таман пред распустов, да имам што да гледам. И најпрвин, едно ќе кажам - I love Lemon! Дефинитивно ми е омилен лик. Прво Џејми Кинг е прекрасна, второ глуми феноменално, трето занимлив лик е едноставно, не е досадна. И иако е манипулатор, нема воопшто лоша душа, баш напротив е доста емотивна и право сонце. Сега за сега уживам во сцените со неа и Лавон, а со Џорџ не ги сакам како пар бидејќи двајцата си имаат некако премногу тајни еден од друг, премногу тежина за една врска. А и како што читам овде, ќе раскинат, што е супер. Зои, како главен лик треба да е повпечталива, а она ми е многу млитава, и неуверлива во тоа што го глуми, ко да не и одговара карактерот. Вејд е.. Вејд. Џорџ ми е досаден, а омилен машки лик ми е Лавон. Толку сега за сега, да не биде монолог дека сама сум на почетниве епизоди , ко ќе ги изгледам двете сезони комплет, друго мислење. Како и да е, преинтересна серија, лесна за пополнување време и одлични ликови со кои можеш да се поврзеш и да сочувствуваш. :up:
Ја изгледав и јас серијава, си реков ајде ќе ја влечам месец дена колку да имам што да гледам периодов меѓутоа неможев а да не гледам по 5 или 6 епизоди дневно. Ептен релаксирачка и заразна серија, што дури и едвај чекам да почне и третата сезона. Сите ликови ми се посебни, интересни на свој начин. Лемон ми е најдобар лик, манипулативна но искрена пред се. И криво ми е што не е со Џорџ ептен ми одговараат како пар. Џорџ пак ми е смотан лик, симпатичен, но неможам да го замислам во пар со Зои некако не ми одговараат еден со друг иако имаат доста сличности. И мора да кажам дека одлично пее Џорџ. Зои пак незнае што сака. Нека се одлучи веќе аман, ете и го докторот сега нека го искористи додека е во Њујорк и после нека му се врати на Вејд. А, Вејд пак ептен ми е секси, со неговите изреки и ептен си одговара со Зои. Лавон и Анабет се најдобриот пар во серијава, ептен си одговараат. А, Анабет ептен ми е убава и нежна. Се соживеав и јас со ликовиве
Прво ми беше досадна, па после ми стана интересна и на крај се изнервирав ми дојдоа настаните при срце. Приказна абе што, село весело. Последните три епизоди не ги гледав дирекно ја премотав последната и фала богу знам што се случувало. Вејд, колку и да е грд, абе мене ми има нешто симпатично та на моменти не можам да разберам дали ми се свиѓа или не. Сериозно. А и не само тоа, јас го оправудвам што ја изневери, (до тука гледав пошто тука беше точката на кулминација во мојот ум, како трагично ја изневери пфф, кога таа кучката Зои не се појави на ниту едно место што му беше важно, а и не само тоа, колку му згреши, Боже мој, прости и.) Многу се возбудив за серијата, затоа се изнервирав и престанав да ја гледам. Емотивно се растроив бреј.. Хах..
Промо за трета сезона http://www.youtube.com/watch?v=4Xa-HAsasOE Ова изгледа интересно, едвај чекам. “Brace yourself, Zoe Hart is back.”
Почнав пак да ја гледамн серијава, третата сезона. Не сум нешто возбудена, ама пак се изнервирав за Вејд. Спојлер Јас ќе го земам, пратете ми го овде. Хм, чудно колку ми е симпатичен, а далеку од мој тип е. П.С. Многу ми е грд дечкото на Зои, ко моторцангла ми е во главата.
Ми фалеше серијава. Спојлер Поприлично задоволна со првава епизода, ми се свиѓаше, освен дечкото на Зои, одвратен е и под итно да го снема Инаку каква чудна спојка се Лемон и Митбалс, тоа е страшно. Промово за 2ра епизода ништо посебно не открива. http://www.youtube.com/watch?v=xzmrorjPzmg
Па фалеше Вејд и неговото Doc. Спојлер Зои и нејзиниот љубавен избор...тотален фејл! Погледот и насмевката на Вејд кога прв пат го виде се објаснува. Какви утнати парови прикажаа првава епизода, Зои и Џоел, Лемон и Митбол и имагинарниот Вејд и Лемон кој се очекуваше уште минатата сезона. Среќа Тензи и Џорџ прекратија. Му давам рок на Џоел до 7ма епизода, неговото претерано присуство го нарушува мојот вид.
What the...? Спојлер Кај го најде, кога го најде овој? Отиде во Њујорк, одма се заљуби во овој, па и изјави љубовни леткаат, па и стан заедно купуваат... Ват д фак серијава Па од првава епизода бар глеаме на кај ќе идат работите. Вејд ја нема преболено, она го нема преболено него... ама Џорџ не ја рецна, отиде Тензи да ја бара. Изгледа е аут од триаголникот. Лемон е прекрасна, као и увек ама... ват да фак бара со Митбол Ова сценаристиве стварно немале идеи више за парови...
И мене ми беше чудна првава епизода, ама не во негативна смисла, затоа што иако не ми се допаѓа овој Џоел и некои комбинации на парови и нови ликови, кога ќе размислам мора да го има сето тоа за да има повеќе заплети. Бидејќи триаголникот Зои - Вејд - Џорџ бргу би ни здосадил. Лемон ми е светла точка на серијава од секој аспект. И го обожавам ставот и карактерот, многу ми е интересна. И преубава. И најмногу уживам во нејзината глума, оваа Зои ич не ми е убедлива, на моменти дури ме иритира.
Од кој г`з го извадија сценариово? Спојлер Леле новиот дечко на Зои, Џоел ама е грд. Како коњ е во фацката, ич неубав човек. И воопшто не си одговараат, па за 5 месеци и ќе заживеат заедно, па и љубов си изјавиле, дрн дрн, овој надежен писател, се шуња и ползи по дома како некој полжав и „твори“... Ич не ме бендисува, каков утнат лик, мислам дека Блубелци бајаги ќе му го отежнат животот и ќе си отиде многу скоро со парталите. А оваа зои (Рејчел Билсон) е преубава женска и многу убаво ја облекуваат, ама на моменти толку е пластична, толку не знае да глуми, толку е мизерна... после Тензи, Зои прилично ме иритира, можно ли е главниов лик толку да не знае да глуми бре? Aма што беше убаво дотерана си беше, да не се лажеме. Мене ми се ок Митбол и Лемон. Кој пар, ахахахахахаха. Па најасални беа од сите. Анабет и најпрекрасната коса на Анабет... а новиот лик, братучетката на Левон е прилично лигла. Ќе видиме што ќе се случи. Ми фалеше сериичкава, колку и да е дебилна.
Спојлер Само што почна воведот и јас веќе насмеана, си ја голтнав епизодава во еден здив.Незнам зошто ама за серијава прв пат не барам логика.Си ја гледам и си уживам. Инаку и јас се сложувам за новиов на Зои, грда фаца многу. Лемон ми е многу слатка, бидејќи е трудна во приватен живот(веќе е породена поточно) незнам дали приметивте дека е потеченка во фаца, ама пак ми е мн убава и имам чувство дека оваа сезона нејзиниот лик ќе се подобри многу. Џорџ не го сакав од почеток па ни сега, а за Вејд лелееее многу ми е сладок значи.Како можеа да најдат слични глумци, односно татко му и Вејд многу си личат Анабет сирота неможе да биде на само со Левон од таа малата напаст Дали јас мислам или можно е да се заљубат Лемон и Вејт?
Конечно ја изгледав епизодата и Спојлер леле дечково на Зои, леле бре од кај го најде . Јас очекував Лавон да и се исмее во фаца за дечково, бре која грдотија . А Тенси најака женска испадна, све адвокати врти, а девојкава е припроста. Да се чудеш бре. Лемон и Ќофтето ми се одличен пар, очекував ваква спојка . Од се што почна да се емитува сезонава, на серијата и се радувам најмногу . Колку и да делува глупа, опушта, позитивна ми е ептен . Па и комбинациите на Зои ми се врв.