Спојлер Аман Џоел, замини си, не ти годи Блубел воопшто, не ли му беше доволно што задникот му се запали? Се запна за критиката на Амазон. Џорџ ко дете се плаши од Лавон да не дознае дека ја плеснал братучетка му, златна да не е нејзината, па со окови треба да се штити? Која разлика има кај Џорџ од 1ва сезона, иритира веќе колку е отупен.
Shelby is back Спојлер и тоа бремена најверојатно од Dr. Brick Breeland. И да Џоел е уште во Блубел и дечко на Зои Инаку вака кога ги гледам Зои и Вејд некако ми е чудно како е можно да ми се допаѓаат како пар, немаат апсолутно ништо заедничко, но јас ги обожавам! И конечно Џорџ и внуката на Лавон се заедно, по 6 епизоди убедување. Срце Анабет само сакаше да има сериозна врска ама направи триста компликации во главата на Лавон, но за среќа се заврши добро И ги сакам заедно Зои и Вејд што побрзо
Серијава е урнебесна, какви случувања. Спојлер Џоел дојде време да биде предмет на уцена. Снема инспирација, Зои веднаш му прави реконструкција на кафиќот во Њујорк каде го напишал неговото најголемо дело. Блубел победува во предавање на штафета. Шелби се врати бремена. Али гифчево треба да стои во темава за век и векови! Зои си ја затемнила косата, тоа приметив. Ама мене ми беше преубава со посветла.
Лемон фо-ре-вер! Досадниве дешавки меѓу Зои и Џоел се само за време да попунат. Јас сум убедена дека Џоел ќе го тргнат и оваа ќе остане со Вејд или Џорџ. Од цела серија за Зои, во последно време она најздодевен лик е, а и се поружна ми станува и попатетична. Лемон пак ми е фаворит. Смешна и харизматична, да ти е мерак да ја гледаш. И со Шелби назад интерено ќе биде.
Уф, Зои и Џорџ се најтупави ликови. Џорџ е лигле и мекуш, никако не може да си најде некоја за себе, чинам дека сепак Лемон беше најдобар избор за него. Се` покатастрофален избор на девојки - Темзи, па сега Линли... која е следна, мислам без врска. Штета што ја тргнаа сестрата на Лемон, и она ми беше интересна доста. Митбол е закон. Треба повеќе сцени со него.
Еве и јас се придружувам во гледачите на серијава..Прилично лесна за гледање,со убави луѓе Инаку незнам понатака како што,ама јас едноставно си го обожавам Вејд.Многу ми е привлечен и секси,не е толку бед бој колку што изгледа ми има некоја доза на романтичност во него,закопана длабоко Лавон ми е исто интересен лик и многу смешно ми изгледа како градоначалник. Иако Зои е главна улога и ја обожавам глумицата,ужасно ме иритира.Многу ми е smartass,и демек се се врти околу неа,па она неможе дечко да најде бла бла..Ќе видам како ќе и се развива ликот подоцна,ама сега за сега не ми се допаѓа многу. Џорџ ми е еден од најглупавите ликови дефинитивно,убав и згоден,ама карактерот му е нула. Лемон исто има добра улога,акцентот и е циркуси и со тие настаните што ги оддржува,ама привлечна и интересна ми е. Во принцип споредните ликови ми се поинтересни и позабавни,па ќе видиме до 3 сезона има време,уште сум на прва.
Зои ми е толку очајна... т.е. глумата на Рејчел Билсон, што ми се чини ова е единствена серија каде споредните улоги го засенуваат главниот лик, до тој степен што и да ја нема неа, серијава ќе си тера солидно. А Лемон ја обожавам. Совршена е. Сликава...
И јас ја гледам серијава и ум стасана до крајот на втора сезона ама некако одкога се скараа Вејд и Зои не ми е интересна. Џорџ од симпатичен лик стана многу глуп,па заедно со Тензи уште поглуп . И некако Вејд не се бореше за да му прости Зои а сепак е прикажано како да е заљубен во неа, па тоа не ми беше јасно само едно извини, епа не оди тоа така . Релаксирачка е серијата ама сепак треба да внесат некои интересни моменти, а како што читам ни 3 сезона не е нешто многу сјајна.
Си стигнав до 3 сезона за 2 дена,рекорд во гледање серии Зои е такво патетично,глупаво иритирачко самобендисано суштество,а да и Drama Queen што немам сретнато таков лик никогаш.Искрено,кој и ја оформил улогата,направил голема глупост И сметам дека на крај од серијава заслужува да остане сама,по можност на некој напуштен остров,или на отворено море,или тој алигаторот на градоначалникот да ја изеде,стварно нема да ми биде криво. Толку за сега,морав да си го искажам револтот
И конечно нова епизода од серијава, ми фалеше, иако има поприлично смотани моменти, ама си ја сакам сериичкава. Спојлер И целава епизода ништо посебно не ми се случи, на моменти досадна ми беше, некако како да беше ставена колку за да пополни. Зои и дечко и ми се тотално НЕпар, он поише се понаша како другар, него како дечко, и аман веќе нека го тргнат. http://www.youtube.com/watch?v=wzYSAZWKTUs
Серијава ми е право уживање значи!Си ја гледам и си се релаксирам Спојлер Ахххх Зои Зои, апла се гледа дека уште е заљубена во Вејд ама ај нека си се лаже себе си дека не е.Сирот доктор Брук вака така мораше да се согласи и да ја прими Шелби. Фалеше Лемон ама ова е изгледа периодот кога се породи во приватниот живот и затоа направија вака. Значи комбинациите на Зои се пре пре красни. ги сакам сите парчиња да ги имам
Лајк за комбинациите, навистина и се топ, и самата си се пофали во последнава дека е креативна, меша принтови Освен тоа серијава ми е тапа, претапа, ужасии оваа сезона. Од каде да почнам, каде да завршам. Лемон не ми е ужасна и досадна, поголем шок од тоа има. Зои е досадна плачка која не зна кој го сака, по сите трчаше, сега нит го сака овој Њујоркеров, нит Вејд гравон нит Џорџ гревон досаден. Мислам Џорџ е муле тешко, со она чоколадоно крејзи ајс не знам што бара. Па и онаа кокошна Тензи, поодвратно створење од неа ми нема. Вејд глуми нешто добар, фин ќе чува туѓи деца, мда, како не одма. Скршнаа од приоритетите со Брук, Шелби, мрџеров, нот гут. Не дека порано беше нешто страхотно вредно за гледање, ама сега пих не вреди нит задржува 40 минути внимание. И нормално после се во последнат епизода ќе спикаат, али затоа 23 епизоди ќе ја тупат. Нихт гут.
^ Првите сезони имаше некој ред,сега хаос е.За Зои имам кажано,чиста патетика.Вејд ми беше океј лик,го расипаа и него,го направија фин и смирен,му го сменија карактерот целосно.И нели вие двајцата многу се сакаа,си изјавуваа љубов,и после наеднаш,ајде пупу неважи,не те сакам повеќе,ќе си најдам друг.А новиов на Зои што е морон е,туку немаат никаква хемија башка ни ги имам видено да се бакнат или да изгледаат како пар А Лемон фали,ја освежуваше серијата дефинитивно. Ќе ја гледам до крај,чисто оти нејкам да оставам серии на половина..
Јас пак престанав да и барам логика на серијава, ниту сакам сериозност некоја... едноставно гледам и се релаксирам.. А ако почнам да размислувам за се што не чини, почнувајќи со глумата на Рејчел, одамна ќе престанев да гледам. Оваа серија и New Girl ми се такви, за да се гледаат без многу-многу размислување, барање логика и реалност во сцените...
Немав појма дека ја има темава али мило ми е! НАЈДОБРА СЕРИЈА! Ја изгледав у рок на недела дена За Зои и Вејд сум од прва епизода! Во 2 сезона уживав во нивните сцени.. а коа раскинаа .. Го мразам Џол само затоа што се појави од нигде и е со Зои а и Вивиен што се плетка со Вејд .. Бакнежов ми дава надеж дека све е само заплет и наскоро се ќе се среди и Зои и Вејд ќе бидат заедно Многу добра серија е немам зборови .. Како што веќе кажавте релаксирачки https://pbs.twimg.com/media/BgG5Id5CEAALeLc.png
Зошто на ИМДб нема датуми за следните епизоди, само 2014 стои? Можно ли е да ја укинаа или можеби подолга пауза ќе прават?
А и го сменија денот, порано излегуваше во понеделник (кај нас вторник), а сега петок (кај нас сабота).