1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доктор Ху (Doctor Who)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од BlueHeart, 7 октомври 2012.

  1. BlueHeart

    BlueHeart Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Вреди да се гледа серијата. Од прво мислиш дека е некаква аматерска серија но со времето приказните и ефектите се подобруваат.
     
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    32.734
    Пол:
    Женски
    Оваа серија?
    Во 2 саато ноќе да ја даваат и тогаш ќе ја гледам!
    Вреди да се гледа ;)
     
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    И јас почнав од деветиот, по чиста случајност. Некаде на телевизија имав гледано само една епизода (со Тенант) и некако си имав врзано во крпче дека он си е Докторот. Сега брзо кога беше јубилејот, си викам ај ќе го гледам, и онака сите серии се на зимски распуст, ништо немам за гледање... И си барав онлајн кај има да го гледам и ми искочи една страна кај што пишува сезона 1, а уствари почнува од деветиот Доктор. Почнав да гледам, и си викам ова не е тој Доктор јас што го гледав... :?: После неколку епизоди, се менува докторот, доаѓа Тенант и си се израдував :) И кога се заразив сватив дека уствари сум почнала од крајот да ја гледам серијата, ама си викам не ќе почнувам сега од 69-та :D

    И така си фатив ред, почнав да го гледам, и вчера ја почнав 7ма сезона (според сајтов што го најдов), уствари 33та сезона ако броиме од почетокот. Имам уште десетина епизоди до крајот, па ќе си продолжам и понатака. На кејф сум со серијава, интересна ми е, ама менувањево некако ме нервира. Уште пред да ја гледам си го доживеав Тенант како Докторот, па испадна друг бил пред него, па дојде он, па сега го гледам Мет Смит. Кога ќе се сменат не ги поднесувам, нови ми се и не ги сакам. После ќе се навикнам на новиот актер и пак ќе го сменат. Мислам дека намерно ми прават да се нервирам... :D

    Како и да е, супер серија. Топло ја препорачувам.
     
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    До Септември планирам и класиците да ги изгледам ... <3
     
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Доктор ху..мојата омилена серија.Кога ја има на axn обавезно ја гледам. Уште од малечка си сонувам за мојот Доктор.Баш сум како Ејми Понд. Цел живот ќе сонувам за вакво нешто (баш како неа. си го чекаше е го дочека на крај). Порано бев самичка, никој од оние кои ги познавам не го сакаше овој филм, но некако и тие сега го обожаваат... Инаку, најдобри актери од филмов ми се Дејвид Тенант и Мет Смит (особено Мет). :inlove:
     
  6. Lilith13

    Lilith13 Нов член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Најдобра серија! Дефинитивно вреди. На tumblr се напињаа со гифови и си викам ај да ја видам што е толку посебно, и летово ко му седнав у 2 недели ги изгледав сите New Who. :rofl: Предобра е! Почнав и Classic Who ама коа видов саат време...
     
  7. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Во 14:00 има Мерлин. Во 16:45 го имаше Doctor Who. The rebel flesh се вика епизодата. одат во иднината на еден остров. На островот има нешто ко манастир, но всушност е некаква фабрика. Островот е погоден од сончеви бури (мислам дека така ги викат). Тардисот се заглавува. Има едни луѓе во тоа фабриката и една чудна када ( како џакузи) со лигава течност. Таа течност ги скенира и прави копии од нив. Докторот додека ја разгледува, течноста го скенира и прави копија од него. Подоцна дознаваат за таа копија. после бурата оживуват и копиите и луѓето и излегува некоја киселина од цевките. Киселината ги убива, па луѓе против флеш (копии) се борат за едни костими. доктор копија е од истата страна со доктор вистински... бла бла.. на крај успеваат дел од флеш, дел од луѓето да се спасат. Го наоѓаат тардисот и заминуваат во нова авантура. Наредна епизода: the almost people. наредниот дел од истото доживување, кога ќе се борат со тие флеш за костимите. и заедничкото спасување
     
  8. ivanaronan

    ivanaronan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1


    уфф и јас мнг не го сакам Мет .... и многу си го сакам Дејвид , и си го сакам назаааааад ! :(
     
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    32.734
    Пол:
    Женски
    Пред недела-две онака да видам шо како по телевзиите...Мислам дека беше Ултра ТВ(не ме држете за збор) го даваа Доктор Ху...ама тие ептен назад со епизоди ова она...ја даваа епизодата со оние дрвјата шо си направија крал дрвен таму и мајката ја носеше круната но со нејзината упорност ги спаси сите..демек периодот на Втората Светска војна.... :wasntme:
    Ех да даваа на некоја македонска телевизија ваква работа-милка лично ќе одев да ги частам...море киндер јајца и така велигденско сега е... ;)
     
  10. pretendmemories

    pretendmemories Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Порано кога ја имаше серијава на канал 5 не пропуштав, ми текнува во 16h ја даваа :D И јас почнав од деветиот доктор, кога си отиде ми беше жал ама многу брзо си го засакав Дејвид :lol: Сега се мислам дали да ја почнам сезоната со Мет Смит затоа што некако не ми е по вкус :worried:
     
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Не одбирам глумец, сите ми се срцкасти. Ама оваа новата сезона со Камила или како и да се вика девојката, не ми е баш нај нај. :/
    Роуз Тајлер, Марта Џоунс, Дона Нобл, Ејми Понд, Рори Понд, Ривер Сонг... Лав дем ол :inlove:
     
  12. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    ^ Клара :rofl: Блиску си :lol:
    Мене омилен Доктор ми е Мет и сезоните со Ејми и Рори. Почнав да ја гледам серијата од 5та сезона. Сега ми е потешко да се навикнам на новиот Доктор, ама се навикнувам. Новата сезона е исто така многу интересна и едвај чекам секоја сабота да испадне торент и да ја гледам :D
     
  13. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Син ми ги гледа on-line утредента штом излезат. Ако ве интересира ќе го прашам каде ги гледа!
     
  14. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Не е лош новиов Доктор. 8)
    Многу ми се свиѓаат епизодите што се во свемирот и со тие животињите. :lol:
     
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Јас на Клара се навикнав, ама на Докторот некако не... Си ги жалам уште Мет Смит и Дејвид Тенант. И така често си ги пуштам старите епизоди по којзнае кој пат. :)

    Омилена епизода ми е онаа кога беше со Марта Јонс во минатото некаде, имаше војна. И таму го запознаа Џек нели, и имаше едно дете кое цело време викаше: :Mommy, mommy" а потоа и другите почнаа. И мајка му лажеше дека не му е мајка, бидејќи и беше страв. На крајот кажа дека му е мајка, го гушна ова, она. :D
    И секако, секоја епизода со Ејми Понд. :)
     
  16. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    ^ И јас Ејми (и Рори) и Мет како Докторот не можам да ги прежалам. Ама и новите епизоди се многу интересни. Само ќе ја има ли Ривер во новата сезона и зошто Докторот не носи лептир машна? :^)
     
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Најверојатно на актерот не му се допаѓаат машните. :D
    Ривер изгледа нема да ја има...
    А читав низ нет некои информации дека требало внуката (или ќерката) на Докторот да се појават, па не знам колку се точни...
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Заповедам да му се стави машна на Докторот :D [​IMG]
    Еее, сега и Ривер ќе ми недостасува :worried:
    [​IMG]
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Осма сезона, некако слабо ми почна и послабо заврши. Незнам зошто. Сегашниов доктор од некоја си Х причина не ми се свиѓа
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Го гледам од 2005 кога почна навака, сеуште ги немам гледано класиците, штом најдам време ќе почнам и со нив. Досега 9ката и со 10ката приказните биле најубави, нормално имало лоши епизоди, секоја серија си има свој „темен час“ ама со Мофат има и тон црни дупки, машала. Да, те тера да мислиш и се тоа ама како Мофат ги пренесува работите некако серијата губи некако ...
    Ајде конкретно на осма сезона да се задржам како поселдна и на новиот доктор. Питер е ИНЗВОНРЕДЕН доктор. Предобар актер, со предобра улога. Докторот како лик е предобро граден, АМА му недостига добра приказна. Има стварно добри моменти и некогаш си мислам, не е до приказната што ми се допадна епизодата, до докторот беше.
    Исто така таман почнав да се навикнувам на Клара, никогаш не ми била омилена, ќе си оди. Ама ајде то е .. :$
     
    На ebola му/ѝ се допаѓа ова.