Одвај чекам The Christmas Special да излези. Кога почнав да ја гледам серијата не ни претпоставував дека ке ми биде омилена. Ги бројам деновите до секоја нова епизода. За време на зимскиот расуст ќе ги гледам и классиците. Прекрасни ми се епизодите, секоја од нив.
Колку што сфатив некако сите сме почнале со мех ентузијазам за серијава али сме се закачиле. Баш ми е мило. Мојот доктор е и секогаш ќе биде 9 - Кристофер Екелстон. Срце ме искина кога си отиде, срце ме искина и наредните два пати кога ја прегледував серијата, највише за него плачам. Верував во Питер Кааплди и не ме разочара, прекрасен актер, прекрасен доктор. Од сопатниците мислам дека Дона беше феноменална со многу тажна приказна. Почнав да ги гледам и класиците, али некако тешко ми оди да ги продолжам. И така.
Најсреќна сум за тоа што Ривер Сонг ќе ја има пак па вчера кога излезе таа вест не сум се видела себеси посреќна Значи онака серија да ја чекам да почни е Докторот и Стрелата, другите ми се онака за пополнување на време измеѓу. Ќефче сум шо немора да чекам уште многу
Ах дури денес ќе ги гледам првите три епизоди од 10та сезона. Не ми се допаѓа многу Бил, некако како изгубена е во простор и време, ама можеби сеуште е она „ја сакам претходната“, зошто истото чувство го имав за Клара ... цела прва сезона со неа. Спојлер: Најмомент The doctor: We are at the very end, 23 billions year into the future! Bill:
Мене баш ми е малку клише шо е жена ... Мислам Миси сега е жена (и е одлично освежување, дури и единствена светла точка последната сезона), па сега и докторот жена. Бар да ги делеше една регенерација, вака ептен ми е ... како да си се пратат кој што прави од нив двете. Му велев на другар ми дека ако не е Натали Дормер нема да гледам доктор ху, ама реално многу симпатична е актеркава, на прв поглед многу ме потсеќа на Тенант, а другаров ми спомна и дека биле заедно во серија кога го реков тоа. Баш ме интересира дали ќе се подобри серијата зошто има нешто што ми фали последните две сезони, до степен да неќам да ја гледам како што излегуваа епизодите. Како и да е, не ги прокоментирав последните две епизоди. Дефинитивно ја извадија цела сезона од кал. Комбинацијата на Мастер и Миси беше феноменална. Спојлер Многу, многу ми е жал што веројатно Миси нема да се врати, ама пак би било глупаво ако се врати. Сепак таа неможеше повеќе да се регенерира како што беше претставено претходно во сезоната, само што докторот не ја уби, туку ја чуваше жива. И мислам дека таа беше свесна за тоа зошто цели две епизоди знаеше што ќе се случи и со неа, и со Сајбермен, и со Бил и Докторот, а Мастер од друга страна гледаше се прв пат. Се тоа со бавно врвење на време горе, брзо долу и еволуцијата на Сајбрмен и бркањето по лифтови ми беше прекрасно обработено. Што не ми се допадна е крајот со Бил. Бев премногу тажна кога се разбуди како Сајбрмен, но исто така бев лута кога девојчето ја зеде со себе и ѝ кажа дека можи да ги прераспредели атомите како што сака и да живее пак нормален живот. Бу- ху. Најсериозно се надевам на подобра сезона и се надевам дека женски доктор ќе биди освежување зошто не сакам да завршам на лошо со серијава.
Ај вака да си прокоментирам. Новиот/ новата Доктор(ка) дефинитивно извади серијата од кал. Ама према мене, не доволно. Му фали нешто на серијата ама не можам да увидам шо е то шо фали. Како и да е, позадоволна сум од серијата од, да речиме, претходната сезона. Нормално, први две- три епизоди јас секогаш имам одбивност кон нова придружба и нов доктор, ама втора епизода чинам беше кога се вртрча Докторот кон Тардисот и го гушна и заплакав. Живеам за моментите на Докторот кога се гледа со Тардисот после долго време.
За мене најдобар Доктор ми е David Tennant,не знам зошто ама некако најдобро му стои улогата.Од другиве Мatt Smith ми има некаква чудна вештачка фаца,ама добро се снајде во улогата.Не е лоша и Jodie Whitaker,но малку ми е една сезона за да коментирам повеќе.Здравје ќе видиме во наредните сезони како ќе се покаже.
Јао постои тема за доктор ху. Серија на моето срце, ја гледам од 15 години( сеа имам 30). My go to серија, можам 82&39293838 пати да ја гледам и да не ми е досадна особено 50 год спешл, фрикинг хилариоус е . Омилен доктор тенат и мат, придружник роуз и дона. Омилени епизоди: кога докторот ќе ја запознае Агата Кристи ( пресмешна ми е дона а и докторот), midnight ( landscapot е феноменален успеав да најдам уметничка слика шо наликува на таа планета, и до ден денес ми стои на зид и ја обожавам), и таа со the angels … Море кога ќе размислам i also love amy and rory … и новиве не се лоши али постариве ме потсеќаат на детството и ми се close to my heart whovian fo life
Мојата најомилена серија на сите времиња, простори, галаксии и универзуми. Оваа серија ме има извадено од најлошо расположение, анксиозност и црни мисли. Дефинитивно комфорт серија ми е, и ќе ја гледам додека сум жива. Ја приметувам @Hisha чат пат пошто има убав аватар, други фанови? Anybody?