Ги добив на телефон, доста фина девојка работи и многу услужлива. За Германија за новороденче важат овие постапки: - при раѓање подигнете два изводи на детето, еден германски и еден интернационален - интернационалниот извод со полномошно кое се прави во конзулат 23 евра ( они го пишуваат) го праќате во Македонија на фамилијата да му извадат на бебето извод на родени и државјанство македонско, заедно со копија од пасошите на родителите - македонскиот извод и државјанство го добивате назад за 3 недели - со бебето одите во конзулат / амбасада без термин за поднесување барање за пасош - добивате потврда дека е во тек постапка за изготвување пасош на бебето, документ кој ви е потребен за продолжување на ауфенхалтот - од мкд доаѓаат да сликаат три пати годишно во конзулат, добивате термин телефонски они ќе ви јават ( ова трае околу три месеци) - го сликате бебето на терминот - од 6-9 месеци го добивате пасошот на бебето Доколку вадите и извод во амбасада за детето, постапката трае две години. Трае толку долго оти во Македонија има подрачни служби кои незнаат оти работат и што работат на поставеното место. Совет од амбасада ни дадоа да си извадиме германски пасош пред време. Постапката за доле вадење пасош во Македонија со овие изводи и државјанства колку трае? Ах да, и детето на македонски ќе ми го запишат Емилу во пасош, нешто као подобрена верзија од луле
Ти кажав јас Инаку на мене постапката ми траеше една недела по брза постапка со врски во помал град. Извадивме ист ден извод и нареден поднесовме за пасош за 3 дена бев да си го земам. Така отприлика беше. Се сеќавам дека ист ден идевме на адвокад за печат и превод па во матично за извод кој го извадија веднаш и одма бев да го сликам значи понеделник почнав во петокот бев да го земам псошот од скопје по брза постапка. Нема ни недела...
I mene mi bese prvicniot strav letot ama se ispadna bas kako podmackano bebo se uspau uste vo kola nakaj aerodrom i cel let go prespa duri koga izlegovme se razmrda videjki mu bese vreme za ruckanje. A isto bese i za koga se vrakavme.
Си имала среќа. Најчесто имаат проблеми со ушите и кое малтретирање е тоа само можам да замислам. Плус ми се погаѓа летно време да треба да го вадам пасошот различна клима од германија, вируси, “инзворедна медицина” во мали градови...незнам, ми треба повеќе храброст за тоа да го направам
A za toa so usinjata po preporaka od pedijatar stavivme kapki i cucero celo vreme si go smukase. A i takov mi e bebco a na setanje a gledas instant se uspal.
@FreeMind и јас да споделам, Бебушка беше 1 месец кога се враќавме за документи, уште не беше ни вакцинирана. Меѓутоа немавме друг избор, инаку би чекале за подоцна. Спиеше она цел пат натака и назад исто, апсолутно никаков проблем. Твоја одлука е, твој избор дефинитивно. Ние процесот со врски, со молење, исто го завршивме за една недела. Поднесовме во петок, матичен број и извод добивме во понеделник. Среда се сликаше за пасош, кој беше готов во четврток Доколку имате опција да направите полномошно на некој во Македонија да го пријави бебето, да поднесе за извод, колку и да трае, па вие да дојдете кога сѐ ќе биде готово, само за сликање за пасош, би била исто така многу добра варијанта - следниот пат така би правела искрено
Не беа толку битни враките колку што беше битна местоположбата - мал град без гужви Инаку не верувам дека се чека многу Неколку дена.. Можеш културно да се замолиш и да и објасниш ситуација и ќе завршиш за една недела. Во авион со бебе ич не е страшно Јас патував и по 4 часа со бебе Не знам зошто сите зборуваат за затнување уши и плакање мојот а не рече си спиеше детето цело време јас за не сај боже ставив цуцла ама не плакаше он секако Не е страшно ич Депак ти си знаеш најдобро како ви е на вас, види ги опциите и договорете си се што како ќе правете. Јас бев 2 недели у мк од кои една за мк пасош и една за бг пасош А сите ми зборуваа као демек ќе сум се задржала минимум месец Кај мене испадна ептен брзо За 10 дена средивме за две пасоши и државјанства После го носев детево со авион и 4 саата лет на 6 месеци немаше проблем исто на 2 ипол месеци во мк немавме проблем а се плашев и јас демек ќе смени ќе ова ќе она Нрма врска супер минавме..
Јас на бебево мое само бугарски пасош му извадив. Македонски нема а и не сум во план да му вадам. Годинка е. Ние од Виена од бугарската амбасада извадивме привремен пасош кој траеше неколку дена, за 4 сати ни го дадоа и од тука со кола заминавме Бугарија, седевме една недела и извадивме пасош. Бебе беше 1 месец и супер поминавме по пат. Само спиеше. Од документи ни требаше адреса каде живееме во Австрија, извод интернационален и копии наши од пасошите.
Досега оваа опција ми фаќа најмногу око. Иако ќе поднесам директно за германски пасош за бебето кое му следи со раѓање, иако не живееме 8 години овде, можеби ќе ни дадат со 5 години живеење. Наше е да пробаме, па можеби нема да морам да минам низ ова. Ако не штом се мора се мора. Бебче иде на патување
Во Германија мора родителите да имаат живеено 8 години па бебето да земе пасош со 5 не даваат. Не плаши се од патот, јас лани со кола си одев а бебе беше месец. Супер поминавме по пат.
Во Македонија пријавуваше нешто или само во полиција како гостин странец? Ние хрватски имаме и не планирам да му вадам македонски.
Во полиција само. Доколку е престојот над три месеци(не сум најсигурна, ама мислам три беше), треба дозвола за истото.
Ништо не пријавив. А сега брзо седевме јас и бебе 2 месеци Македонија. Често патуваме, до сега ништо не ми рекле на граница. 4 пати сум била со бебе МК од јануари до сега.
Sakam da te prasam dali so privremeniot pasos od bg ambasada direktno otidovte vo bg i kakvi pasoshi vie prikazavte na mk granica, i dali posle na izlez od mk ne vi pravea problemi sto deteto ima samo bg pasosh?
Да, го зедовме (пасаван се вика на бугарски) привремениот пасош и заминавме директно за Бугарија. Мажот ми е со мк пасош и австриска виза јас сум со мк и бг пасош. Само на македонски граници го давам македонскиот пасош, значи јас и мм со македонски пасоши а бебево бугарскиот. До сега никој ништо ни рекол ни прашал а имаме повеќе пати патувано со бебево. И авионски и со кола.
Велиш го зедовте истиот ден, ние треба наредната недела да одиме, но кога ѕвоневме во бг амбасада да прашаме што како, ни рекоа дека се чека 3 дена за пасован, кој важи 7 дена, инаку термин не треба, а ние сакаме истиот ден да си продолжиме Мк. Ние и двајцата сме со бг пасош, па на мисла сме и пасован и мк патен лист да вадиме.
Без термин е да. Ние не сме од Виена туку 600 км подалеку од Виена и им кажавме дека не можиме да се враќаме дека сме спаковани да продолжиме истиот ден за Бг и ни рекоја дека ќе направат се што можат но не ветија за истиот ден. Во 9 бевме први таму и во 12:15 ни се јавија дека е готов пасаванот. Не зависи од нив бидејќи тие документите ги праќаат во Бг и чекаат од таму одговор. Ова беше точно пред една година и пасаванот ни траеше 2-3 дена само. А за мк патен лист незнам кај се вади.
Isto vo mk ambasada so toa sto mk paten list ima vaznost eden mesec i go davaat istiot den nie koga vadevme za 2 saati zavrsivme i ni go dadoa. Mm e so bg jas ao mk bebe isto so mk dobiv viza na 5 god.
Да истото ни го кажаа и нам и ние сме 6 часа од Виена оддалечени и само уште ова да Ве прашам, дали и оставивте повеќе пари од предвиденото, освен она што се плаќа со картичка плус во документите нешто? Добивме таков совет од пријатели, но никогаш немам правено така и искрено ми е страв.