Како ви е страв? Па бугарите мора да ги почерпиш едно кафе било каде за да завршиш побргу и полесно работа. Небитно дали е полиција, царина, амбасада, градски тоалет. Не у еу у свети Еу нека се мито не си оди од таму
Не. Плативме само колку што ни кажаа. Беа прекрасни вработените многу културни и фини што е ретко за Бугари. Освен таа што е на портирницата што крева на телефон и отвара врата само таа беше малку безобразна ама и јас бев но од нејзе не ти зависи ништо. Да не сме од ист град
На мене во бугарија ми кажаа 450 евра за правење на прв пасош на бебе. Го направивме за 3 дена мислам со врски и потплакање таму на надлежните плус не во софија што значи уште повеќе ќе се чекаше. Некој ми кажуваше дека се чека 1 месец за матичен број е ние за 3 дена се завршивме ама си плативме нормално. На мене ми се брзаше таква беше ситуацијата. Прашав може ли кажаа може и така. Бевме преку ред да се сликаме без да чекаме и слично 5 минути работа. Јас сум задоволна со оглед на тоа што се брзав.
Ние матичен број и извод имаме веќе, имавме ополномоштено човек таму, па препраќавме документи. А велите толку многу плативте за прв пасош, пред колку време е тоа?
Да, јас не знам колку се движат цените за нормална процедура ама плативме толку и мислам дека е многу знам ама завршивме за многу кратко време Му го правевме мај 2017 значи година и некој месец има..
Тоа се премногу пари за прв пасош. Ние исто вадевме по брза постапка пасош 3 дена и повеќе од 100 евра не плативме за се - матичен број, извод, адреса и пасошот. Вас парите на рака ли ви ги зедоја? @vitamina
Да И мене ми се учина многу Ама као требало да се потплати за да не чекаме 1 месец за матичен број и потплативме таму по 100 евра на шалтери така кажа посредувачот и завршивме одма работа Факт е и знаев уште од тогаш дека давам многу пари ама па немав кој друг да ми заврши работа па морав сакала не сакала оти требав да се враќам назад Во цената беше и мојата лична карта што ја менував од софија во еден друг град и се таму преку ред без чекање ме уведоа тие Којзнае Ама како и да е мислам дека многу дадовме
Ние Софија го вадевме пасошот ни чекавме ни ништо. Така прават кога ќе видат луѓе што не знаат како одат процедурите само за пари е се Бугарија. Друг пат кога ќе одиш да вадиш пасоши не ти требаат посредници. Си одиш директно на Гео Милев во пасошното на втор спрат и 2-3 шалтери се еден до друг средуваш документите долу плаќаш и толку. Одма сликаат без термини е.
Знам дека не опљачкаа. Порано си одев со друг посредник наш човек Тогаш така бидна набрзина ситуација и веќе нема. На мене сите ми кажуваа како ќе треба да чекам месец за матичен број као сите минале така - уши! Лажат или појма немаат. Најтрагично е што не можам да и докажам дека не е така.
@sanja.burgundy благодарам многу за сликава, јас срга ја гледам темава дека постои Еве мм е странец и сакаме летово да им извадиме на ќерките македонски државјанства. Мене прво бракот не ми е заверен во Мк, уште се водам ко немажена бракот се заверува во матично?И што документ бараат, само венчаница ? Па потоа ќе можам да вадам државјанства. Исто за државјанствата, согласност од мм треба, освен лична карта (нема пасош , во Мк со лична карта влегува) ќе треба и нешто друго? Негов извод можеби? На нет ништо не можам да најдам
Фри на крај како направи со документите каде ги среди овде во Германија или Македонија ? Дали некој друг има искуство со правење прв пасош на бебе во Германија, ќе ме скренат начисто ?
Во Македонија. Нема ипвија за во Германија тоа е само на хартија процедура која трае две години и може да не заврши.
Мислам дека во темата мајки во Германија ја објаснив мојата голгота за прв пасош. Не прашувај воопшто не постои такво нешто. А и на една девојка пред мене која вадела во таа постапка ми текнува дека после две години и ги изгубиле и документите Нека ги пуштат летовите и одете доле. И јас сум за вадење втор.
Здраво, гледам оддамна нема ажурирани податоци на оваа тема. Би сакала да Ве замолам која има искуство со целосната прпцедура за документација на новороденче,родено во Германија, со 2 родители државјани на РМ (мк пасоши со Aufenthaltstitel ). По раѓањето и добивање извод на родени во Германија, дали треба да го пријавиме веднаш во Auslenderbehörde? За да одиме во МК за пасош, потребно е да земеме патен лист од мк амбасада тука, така? Каде се става апостил печат на изводот на родени? Што најправо правиме во МК? Ви благодарам
Не ми е јасно, ако детето е родено во Странство и има странски извод на родени, како може да ваѓат извод на родени во Мак. за детето?
Здраво , нема одговор на твоите прашања но најверојатно веќе знаеш, па ако може да ми кажеш , имам новороденче па најверојатно во септември ќе одеме мк за документи. Фала многу
Одамна нема никој пишано на темата, но, ме интересира дали има некој искуство со следниот случај Маж со бг и мк пасош, јас со мк, и визи за престој. Дете родено во странство и на извод во националност пишува Бугарија. Дали може да прават проблем при упис во матична книга и издавање извод кај нас во мк?