1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Документи за новороденче

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 25 мај 2012.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Мислам дека ќе биде корисна темава за сите нови родители кои не знаат каде да се упатат.
    За упис на новороденче и издавање на извод од матична книга на родени (за новороденче) потребни документи се:

    1. Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
    2. Извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родени од родителите
    3. Барање за издавање на извод од матична книга на родени за новороденче (Барање)
    4. 100 ден. административна такса (Уплатница)
    5. Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)

    еве линк за уплатниците
    http://www.uvmk.gov.mk/files/sliki/mali/pp50.jpg
    http://www.uvmk.gov.mk/files/sliki/mali/admin_taksa.jpg

    Бебето треба да се пријави најдоцна 30 дена од раѓањето

    Ќе може ли некоја од тазе мамичките да каже која е процедурата за пријавување во социјално и вадењето на здравствена книшка?
     
    На marinaan, Petrova Ceca и Unique.chick им се допаѓа ова.
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Изводот од матична книга на родени не треба да биде стар со години, мислам дека треба да биде или нов или не постар од неколку месеци. Нашиот беше од пред 12 години и побараа нов.
    За пријавување во социјално незнам како е процедура, мене книговодителката ми ги среди тие работи, ако си вработена некаде замоли ја тамошната книговодителка може таа ќе се согласи, они често одат таму, познати им се тие работи.
     
  3. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Може не е соодветно местово (не знаев каде на друго место), ама да ги прашам мајките кои се на породилно отсуство - Здравствените картончиња ви ги даваат сеуште од фирмата каде работите или се подигнуваат на друго место?
     
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Се останува исто, ќе си ги подигнеш од фирмата кај што си работела.
     
  5. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    фала за информацијата ;)
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Само да напоменам дека изводот од МКВенчани не смее да биде постар од 2007 год.
    Нашиот беше постар па си вадевме нов (нормално ќе си платиш за нов извод :!: ) глупости живи, случајно да не сме се развеле |( .....уште еден начин за полнење на сиромашниот буџетот и празнење на џебот на граѓанинот :clap:

    Друго, јас лично сметам дека е пропуст на постапката за пријавување дете тоа што секој може да оди и да пријави дека има новороденче само со лични карти и венчаница.
    Еве јас имав заборавено како е постапката за пријавување и искрено мислев дека ќе ни биде потребна и отпусна листа или било каков друг документ дека сепак дете се родило.
    Вака секој може да оди и да пријави дека на пр. има еве да речеме трето дете, ќе си добие извод за детето (кое може да биде фиктивно) и комомтно да оди во Социјално и да си пријави трето дете па и да си зема надоместок 10 год.

    Вака уствари се остава можност за манипулација на држ. органи. :^)
    Ако сум грешка нека ме поправи некој, баш ме интересира дали грешно ми е размислувањево :?:
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    И јас баш се чудев на ова? Ваму бабицата е задолжена да ти ја води цела бременост, па со секој преглед и внесување податоци се оди на женска клиника т.е гинекологија каде се вршат ултразвук и каде се одвива породувањето. Таму си ги имаат сите податоци, па од кога ќе се породиш ти даваат отпусна листа,
    и лист дека ти се родило здраво дете од тој и тој пол, тежина, должина, плус те прашуваат одма таму за име и презиме. Со тоа си одиш и си го пријавуваш бебушот, каде веќе те очекуваат. И за детски додаток документи на социјалното им праќа бабицата така да нема лабаво. Се е мн добро средено и нема место за манипулација.
    Е сега јас не знам за во Мк кои документи ќе ми требаат, оти мм е странси државјан, а јас македонски и сакам и Мк пасош да си има бебуш. Е сега која е процедурата? Иста или?
     
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Да, но што е со бебињата што не се родени во здравствена институција (за пр. ја земам ромската популација). За нив нема отпусни листи, па некако сепак мора да се пријават. Сигурно на друг начин го регулираат тој проблем.

    Во врска со твоето прашање, ти препорачувам да го разгледаш сајтов http://www.uslugi.gov.mk/Prasanja.aspx? ... 7266f65c9d. Има слични прашања, па може ќе најдеш одговор, а можеш и сама да си поставиш.
     
  9. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Сега на интернет прочитав дека изводот од матичата книга на венчани не треба да е постар од 6 месеци, а тука имате спомнато дека не треба да е постар од 2007 година, е сега дали има некоја понова мама да ми каже точно колку стар треба да биде? Фала позз
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    На изводот пишува дека е документ со неограничено важење, така што не знам зошто мора да биде понов. Освен ако нешто не смениле во образецот, па да мора понов. Нашиот беше од септември 2010, малиот го заведовме во март 2011 кога се роди, точно шест месеци беше стар изводот. Никој ништо не ни кажа, дали треба да се смени или не.
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    незнам за новороденче како е , ама веројатно законот е ист, за нашата регистрација ни рекоа исто да не постар изводот од 6 месеци, ама постои опција да не вадиш нов, оди на шалтер во мвр ке ти стават само печат, и ке си заштедиш некој денар ;)
     
    На Dazey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Дефинитивно е не постар од 2007год. Неделава ние вадевме извод за малата, така да најпресни информации за извод на венчани не постар од 2007год.
     
    На Dazey и lolyta777 им се допаѓа ова.
  13. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    1.Копија од лична карта на двајцата родители
    2.Венчаница
    3.Отпусната листа .т.е она картонче со кое не испуштаат од болница
    4.уплатници

    Оние мамички со прво дете имаат право на еднократна парична помош од социјалното во износ од 5017ден за тоа потребно е
    1.државјанство на мајката
    2.копија од лична карта...мислам на двајцата родители
    3.потврда од матичен гинеколог за прво дете
    4.извод на новороденчето
    5.трансакциона сметка на мајката(,барем мене така ми кажаа, а парите ми ги донесе поштарот :D )
    и мислам дека рокот за поднесување на документи е до 2 месеца ама не ме земајте за збор

    за во здравство
    1.извод за детето
    2.здравствена книшка од родителот преку кого ке биде осигурано детето
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Рокот за поднесување е ЕДЕН МЕСЕЦ (30дена) од раѓање, но што побрзо тоа подобро, потоа се правеле паметни.
     
  15. taurus25

    taurus25 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Нас за извод ни побараа копија од лична карта на двајцата родители,венчаница,картон за новороденче,отпусна листа,уплатница и плус му рекле на мм дека треба да се почека да стигнат некои документи од болница(сигурно отпусната листа и картон за новороденче-што друго) па така чекавме десетина дена да бидне изводот.
    А за документи за паричен надоместок за првородено дете потребно е:
    1.Лична карта на двајцата родители-само на увид за докажување на идентитетот и државјанството
    2.Мајчина книшка(на увид)или потврда од лекар за редот на раѓање на детето
    3.Извод од матична книга на родени на детето
    4.Трансакциска сметка на име на мајката
    И пополнето барање за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче кое ќе си го земите од социјално.(најсвежи информации) ;)
     
  16. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    128
    Труднички муабети

    Ај пошто ни е разноврсна темава сакам да Ве прашам нешто :) некаде имам прочитано (неможам да се сетам каде) дека сите бебуши не се пријавуваат во МТВ, на пр. бебињата родени во систина ги пријавувале во Ѓорче, а што е со бебињата родени во Ремедика? Мислам на шалтер на МТВ пишувало, ама кој ќе оди до таму...
     
  17. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Труднички муабети

    Eпа во која општина е во таа..ремедика ти е во железара а тоа ти е општина гази баба.Mм на пример не сака да се пораѓам во чаир па детето таму да му е пријавено :lol:
     
  18. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    128
    Труднички муабети

    имаш право :!: , претпоставувам и јас дека е така, ама сакав некоја феминка со сопствено или туѓо искуство да ми потврди. Ај сепак има време се ќе си дознаеме ;)
     
  19. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Труднички муабети

    Чекај сега..И ова не го знаев.. Јас ке се пораѓам во Систина и сакаш да кажеш дека треба во Ѓорче да го пријавам? Каде во Ѓорче? Лелее ништо незнам.. Денес бев кај матичниот кај кој воопшто не идам веке 5-6 години за таа мајчина книшка, за некое запишување во книга за патронажна сестра и за некоја потврда која се издавала после праѓај... Смешки живи се појавувам после 100 години, но незнаев дека сепак мора кај матичен.. Ај само кажи ми каде во Ѓорче за пријавување, или ке ми кажат во Систина, се надевам?!
     
  20. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    128
    Труднички муабети

    оф до толку не можам да ти помогнам :) ваљда во општината :?:
    А јас па од тебе слушам дека требало кај матичен да се запишеш за патронажна сестра и тн, освен за книшката ми е познато. Ама рано ми е за кај неа, ќе ми треба само службено...
    ииии уште ова :!: каква е таа потврда што се издавала после пораѓај, за што служи?