Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Документи за новороденче

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 25 мај 2012.

  1. SecretK

    SecretK Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    9
    Јас кога прашував ми рекоа дека работат до 19.00
     
    На kostarika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    закажувал ли некој онлајн за вадење пасош за новороденче? не ми успева :( - ми бара матичен број а немам бидејќи бебето е родено во странство - пробав со мојот и на кое и да го одберам време ми дава "Не постои слободен термин во преферираното време." а термин одбирам од дадените, некои денови се сиви, зошто може да се одбере ако не е слободно?? |(
     
  3. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    И мојата е родена во странство, па за пасош морав да се враќам во Македонија. Со тоа што не можеш директно да извадиш пасош.
    Мора прво да се пријави во општина, за да доделат македонски матичен број, со тој матичен број можеш да извадиш Извод на родени, па дури потоа со Изводот да поднесеш за Пасош.
    А за закажување онлајн за новороденче, не би знаела, ама мислам дека нема да завршиш така работа.

    И мојата има странски матичен број и извод на раѓање од тука, и со нив преведени се поднесува за македонски документи :)
    IMG-2d335864670bb4524c74df42066ba32b-V.jpg
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    охооо, леле фала ти многу не знаев дека цела ваква процедура треба да се помине
    ќе го преведеме изводот

    а за овие две работи општина и извод треба да се закажува термин? колку време ви требаше за се ова до добивање на пасошот, за еден месец ќе успееме?

    и дали знае некој, ако сме со мажот ми на две различни адреси (и општини), може ли бебето да го пријавиме на мојата адреса? и сите документи во тој град да ги вадиме? или мора на таткото негде слушнав
     
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    За последното може. Јас и маж ми сме на различни, малото е на маж ми на адресата.
    Само ми рекоа за патување веројатно ќе ми треба полномоштво доколку одам сама со него оти сме на различни адреси.
     
  6. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    @KidA не треба да закажуваш за да го пријавиш детето :) одиш директно, со сите документи (зачувај си ја сликата од погоре).
    Во исто време кога ќе го пријавуваш, поднесуваш и барање за Извод, па двете работи ќе бидат готови истовремено.

    Искрено, ми кажаа дека се чека околу месец дена, ама ние завршивме за недела ипол. Молевме многу да ги убрзаат работите, вработената во општина ептен се нафати да ги брка работите побрзо.
    Нагласете дека живеете во странство, дека ви е ограничен периодот на чекање, па верувам дека ќе сака да ви помогне.

    Најдолго е чекањето за доделувањето матичен број. Со него го добивате и Изводот и веднаш закажувате за Пасош по итна постапка ако немате време на располагање. Така беше во нашиот случај :)
     
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.596
    Допаѓања:
    39.648
    Пол:
    Женски
    @KidA За малата закажав онлајн на страната. Терминот кој го барав тој ден не беше слободен па друг ми понудија. Најверојатно нема слободни термини и најдобро е да се јавеш телефонски. Јас кога отидов таму ја прашав службеничката дали важи онлајн закажувањето ми рече Не знам, ќе видеме. Имаше гужва и јас најпоследна влегов, ми помина терминот.
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Зошто да не ти важи терминот? Јас он лајн закажав и си влегов во термин.
     
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.596
    Допаѓања:
    39.648
    Пол:
    Женски
    Не знам, ете таа ми кажа ќе сме виделе. 5,6 души имаше и сите влегоа пред мене. Кога влегов ми беше минат терминот.
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    И мене еден ред ми водеше пред врата кој кога дошол. Нема кој кога дошол, кој кога има закажано. Башка јас со бебе! Ни 2 месеци немаше, битно да се потепаат преку ред
     
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.596
    Допаѓања:
    39.648
    Пол:
    Женски
    Сега кога ќе се сетам повеќето ако не и сите беа за подигање на пасош. Треба ли и за тоа да се закажува?
     
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Не се закљжува.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    да те прашам само а може само еден родетел да оди да поднесе? или треба и двајцата, треба ли и бебето?

    читав тука дека ви барале превод на меѓународниот извод :(, поминал ли некој само со него? или да имал во Германија апостил, како се прави тоа?
    не ми се верува колку комплицираат, зошто е меѓународен, тука македонски меѓународни без проблем сегде ни прифатиле ни превод ни ништо.. затоа и постојат. многу се нервирам :)
    а тука најдов
    https://www.akademik.mk/servisni-in...-kniga-na-rodeni-na-dete-rodeno-vo-stranstvo/
    вика или меѓународен или превод, ама ако не вратат после пак маткање..
    и има ли некој да му успеало на мајката адресата да го пријави?
     
  14. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    @KidA ние бевме двајцата, без бебето, а после тоа само мм одеше каде и да треба, за подигнување на готовиот извод и слично. Инаку не знам дали е задолжително двајцата да бидат присутни при поднесување.
    А ние имавме и меѓународен извод, не ни го прифатија :(
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    фала ти!
    а пак да те препрашам, превод на меѓународниот направивте? или на обичниот?
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Превод на оригиналниот од Чешки јазик на Македонски.
    Искрено среќа што ги имавме сите документи што ги бараат, зашто прво многу беше дрска вработената во општина - дај ова, дај она, а овој документ, а оној документ. А јас ѝ ги вадев еден по еден како што ги бараше, а она очекуваше нешто да ни фали :D

    Инаку со среќа поднесувањето, се надевам дека брзо ќе завршите, а и пиши ако се сменило нешто во меѓувреме :)

    И слободно прашај уште нешто ако имаш, може сум заборавила некој детаљ.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    фала ти многу! тоа барем колку толку има смисла, ќе го преведеме изгледа и ние германскиот за секој случај, ама ќе пробам прво со меѓународниот да видам дали ќе може. им пратив мејл да прашам :)
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас и мм имаме различна адреса на документи. Дунде е пријавена на мојата адреса и таа е во лк.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.596
    Допаѓања:
    39.648
    Пол:
    Женски
    Ние сите имаме различна адреса. :)
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Нас не ни дозволија. Или мајка или татко. И тоа ми се јавија откако поднесовме документи.