не се брзаме многу откако ќе се сликаме има уште цел месец додека си одиме па вака или така ќе мора да стигне, само дека погоре имаа пишувано дека доцнеле затоа пишав што била причината најверојатно
Заборавив пред некој ден да пишам. На сопругот му кажале 2 недели се чека за извод. Чекале матичен број од МВР - затоа толку. Тазе инфо за тие што ги интересира. Свашта.
И ние чекавме 10 дена за извод и кога го земавме се шокиравме: го згрешиле датумот на раѓање ....бидејќи, нормално, не се согласивме со грешката и одма реагиравме, таа грешка не чинеше чекање уште 2-3 дена.
Не. За 2 или 3 дена го земавме. бидејќи требаше да го коригираат и матичниот број и не можело одма. И нас вас значи...изгледа на повеќето од Систина им грешат. Ставаат датум на раѓање според датумот кога го примиле известувањето од Систина, а тоа обично е наредниот ден (така беше со нас). Тогаш, не само на нас, туку и на уште 4-5 бебиња од Систина им згрешиле. Нашата ефикасна администрација.
со ваша помош стигнавме и до пасош следниот чекор сега е за дозвола за престој во Германија, знае ли некој да ми каже, дали може само еден родител да отиде да поднесе документи, или треба/мора и бебето да е присутно?
ај пак да прашам, може знаеш за сестра ти или некој друг ќе ми каже - кога излеговте од Германија имавте само патен лист, или уште нешто друго, одевте ли во службата за странци? ние само патен лист извадивме, сега едни руси ме исплашија дека може да ни прават проблем на влез во Германија дека немаме дозвола за престој ниту она Fixionsbescheinigung.. А и повеќе од 6 месеци ќе има поминато откако е родено бебето.. Имал некој искуство?
Поднесовме за извод на 03.09 сеуште немаме ништо одговор, а намерно поднесовме во болница бидејки била побрза постапката... Некој да не знае што се случуца со изводиве нешто општ проблрм е или да идеме накнадно пак да поднесеме...
Не си го зедовте во болница? Каков одговор чекате? Треба да појдете да го земете каде сте поднеле документи