Ме интересира за извод за новороденче, не го извадивме додека бев во болница, дали некој знае дали треба да се извади во градот каде што е родено или може и во градот каде што живее. Исто ме интересира дали може да се извади после 10 дена пак во болницата каде е родено или треба во матично.
Извод се вади во градот каде што е родено бебето. За вадење извод во болница не знам дали и како функционира, на мене кога се породив, ништо не ми спомнаа, па си извадивме отпосле.
Мислам дека зборат за првиот пат, т.е. за пријавувањето. Тоа мора во градот кај шо е роден да се пријави пошо болниците списоците со родени бебиња ги праќаат само таму. @pa_stel
Женски, од кај се подига изводот за општина Кисела Вода? Поднесовме во стара Комерцијална пред 10 дена.
Знае ли некој до колку часот прават уписи во Скопје за новороденче? Не ми креваат на тел. 100 пати се јавувам. Не сум од Скопје, а на работа сум до 16ч, разбрав дека може до 19:30, но не ми е сигурно да не испадне да одам за џабе.
До 19, освен ако не дослушнав дека било 19:30. Ама како и да е, претпоставувам и до 19 можеш да стигнеш.