Јас им пишав мејл, ми рекоа можно е од четврток да почнат но најдобро од понеделник да сум дошла. Ма да ако е така ќе поминеме 30 дена ние и не знам што тогаш дали казна има или што има. Ако некој знае нека пише.
Јас се породив во Чаир. Се вади од матична служба кај стара автобуска (камени мост). Готов е за две недели, ќе си го земеш од твојата општина кај што живееш. Се сеќавам ни требаше извод од книга на венчани. Јас имав лична карта со моминско презиме, не правеа никаков проблем.
Супер, честитки и уживај во мајчинството. Можеш единствено да потврдиш дали е уште иста процедурата, што ти требаше од документи?
Да ,значи лични карти од двајцата родители фотокопии + на увид ,фотокопија венчаница + оригинал на увид ,и барањата таму ќе ви ги дадат да ги пополните. Е сега со пожарот кажуваат дека не работеле ,тоа кога ќе се среди не знам.
Тоа беше и за мене. Некои кажуваа дека им барале и извод од родени на двата родители, нам не ни бараа, само лични карти и извод од венчани.
Не работат, од претходната недела кога имаше пожар во зградата, еве и оваа недела се уште немале струја, да се надеваме за од понеделник не може за породилно да ме пријават без извод.
Неее се запали ова кога бев во болница ама тогаш не обрнав внимание. Во понеделникот мм отишол и вика темница е нема струја нема никој... Ќе си почекаме ние. Ај и онака деновиве повеќе феминки се олеснивме, може да си се договориме групно да си аплицираме па после на по едно кафе да си седнеме во центар
Јас по институции не се ашкам Тоа мм @anastasijaki имаш инфо кога ќе почне со работа за да земеме изводи?
Па маживе да ги пратиме на пиво тогаш... Мојов не е по институциите, сега силом прилике ама некако не му иде, кај и да го пратам нешто кочница има и не завршува работа до крај или ич не завршува работа. Ова дека нејќе да оди
Devojki dali znaete ovie za vadenje izvodi dali pocnale so rabota? Maz mi bese vo ponedelnikot mu kazale deka od cetvrtok (vcera) najverojatno ke pocnat, ama citam sto ste pisale vcera deka uste ne rabotat... Nekoja informacija ima nova?
Да се надеваме од понеделник, ова само во нашата ни држава може да се случува, две недели без струја .
А до колку саат работат за пријавување новороденче? Знам заради коронава има некоја промена на работно време,порано до 19ч работеше центарот
Почнуваат со работа од утре. Не одете одма хаос ќе е, имаат куп пријави од бебињата кои мора да ги симнат и принтаат прво па после да може да поднесете за извод.
Девојки, Дали имаме инфо за дали работи службата за пријавувње новороденчиња денес? И доколку работи, до колку саат работат?