Да споделам дополнително искуство околу вадење прв извод за новороденче, да имате во предвид. Беше мм денес да го земе изводот, му барале ливче некакво кое при поднесување на документите требало да му го дадат ама не му го дале. Па му барале уплатница за доказ им рекол нема уплатница а ни со картица тука не платив бидејќи никој не ми побара да платам. Па го терале да го распознае по лик службеникот кај кој ги поднел документите пред две недели, среќа го познал. Па платил со картица нешто минимално(пази, може и после 2 недели!?) и почекал на лице место да му го испечатат изводот. Нашата чудесна администрација... Само уште да кажат што е тоа што се чека 2 недели ако може на лице место да се отпечати документ.. Значи при поднесување документи, обавезно ЛИВЧЕ да си побарате
Ќе ти кажам јас две недели се чека да решат да го сработат ,ко многу тешко да е. Во друг град барав по службена должност од ск извод на родени за половина час го пратија.
Еве и мм денес беше да поднесе документи за извод,и само му ги земале документите ,а барањето не,му рекле за две недели кога ќе биде готово? Мене ова не ми е јасно,како може без барање само документи,ниту пак му дале нешто приемно бројче дека поднел ? Па се расправав како така без прием ги оставил,како прв пат да поднесува во институција.
како оди процедура за здравствена книшка, зедов од книжара да ја пополнам првата страна и некаков си формулар, откако фирмата преку која ќе биде осигурано бебето удри печат во книшката, се носи во фзо? да не има нешто што пропуштам? и дали може пред сѐ ова да се заврши да обезбедам место кај матичен педијатар?
Мислам дека не пропушти ништо. Мене книговодителот од фирма ми ја среди и однесе заедно со документите за породилно. Во меѓувреме си одиш на педијатар со картончето од болница,и си прашуваш за место
Мајки, документов од кај матичната се носи на работа пред вадење извод? Или отпосле? Ај да не барам по темава, да ми каже некоја...