Законски е мислам до 2 недели,но го прават најчесто од денес за утре,а ако сакаат и за 10 минути. Замоли ги ако не си од ист град,верувам ќе ти излезат во пресрет .
Да ти кажам искрено, дм кога отиде не беше готов, па напнал таму и го принтале. Ете колку е работата 30 секунди. Кај стигнале бе што лажат, они директ ги принтаат.
Не знам шо да ти кажам, на мм му рекле чекале од мвр за матичен број, демек стегнато било за пасошиве шо беше, контроли имале секој ден. Шо е точното, никој не знае. Нас ни преостанува да си чекаме, исплата здравје во август.
Мислам дека нема итна постапка ама брзо го извадивме...не е како Скопје со многу чекање...мислам среда подадовме, понеделник го зедовме, ама искрено тоа зависи дали им се работи на службениците или не
@Emotional123 ние бевме двајцата зошто не сме венчани, инаку оди само он со венчаницата, направете копии од венчаница и лични карти да не го враќаат па пак да чека.
Инаку "мвр" за да дадат матичен број им е шалтер на истото место таму, лажат сушат. Да точно дека се чека некој ден за матичен, ама овие го претеруваат со 10 работни дена, фактички 2 недели.
Да се поправам,за обичен извод можат веднаш да го направат ,за запишување на новороденче се чека повеќе ,околу една недела .
Му кажав на мм рече ќе иде у вторник, вика ќе ми го дадат па шо сака нека биде. Значи веруваш само тој извод го чекам, за да поднесеме во социјално, општина. Претеруваат жими се. А башка ко шо читам за породилно каснат.
Не ми каснеа мене за породилно, т.е на 5мај ми поднела фирмата, на 14ти имав една исплата и на 19ти другите. Не мора да значи дека ќе ти каснат не се разочарувај. А ова со изводот е ќинење нерви.
Дали знаеш дали мора фирмата да поднесе или може да му дадат потребни документи и сопругот да поднесе? Кај мене на работа се малце турни ме да кинисам па сакам да сум сигурна дека е работата завршена што побрзо од кога ќе успеам да го земам изводот.
сама можеш. Јас 2 пати сама носев. Дали до фирма, дали до фзо ќе оди мт да носи документи, исто ти е.
Здраво , Дали знае некој за породилно Чаир дали можеш да поднесеш за извод за новороденче , бидејки имав негде прочитано дека може до болницата да се поднесе ама дали до 24 часа после пораѓањето и дали сеуште важи тоа ?
Не знам дали важи, ама најубаво сами да си поднесете вие, поточно маж ти доколку може. Вака на друг кога оставаш кој знае кога ќе биде, и ќе се изначекаш.
Мене ми кажаа сечекалоеден месецако поднесеш во болницаама не беа сигурни. Најубаво сама да поднесеш ќе почекаш недела две.
Може да ми кажете што документи треба за фзо да се поднесе за породилно? Нема од фирма да ми поднесат, треба мм да носи, божем сто пати читав и сега се ми е испомешано што како каде
ИСР образец (од матичен гинеколог), копија од извод на бебе и копија од трансакциска. Не сум сигурна дали образецот се заверуваше нешто во фирма прво..