Мами јас вчера се породив, што треба сега да правам, т.е што попрво се вади може некоја да ме упати? Извод за бебе од каде и што треба? На работа треба да носам нешто, за породилно? Социјално што бараат? Општина исто? Ве молам упатете ме
Прво, честиткииии Да ви е живо и здраво Е сега, прво се вади извод. Тој се чека 2 недели во Скопје. Новороденчето се пријавува во УВМК, кај Камен Мост. Има едно барање што треба да се пополни (може да се симне од нет), копија од венчаница (можда требаше и оригинал на увид) и личните карти на родителите на увид (можда требаше и копија). Се плаќа административна такса таму, може со картичка. Ова може да го заврши мт. Од кај матичниот гинеколог се земаат 2 документи, едниот е ИСР образец за породилно, другиот е за во социјално, за исплаќање на еднократна парична помош. За да отидеш кај матичниот, треба да имаш отпусен лист од установата кај што си се породила. На работа даваш копија од извод на бебе, ИСР образецот и копија од трансакциската сметка. За социјалното носиш копии од лк, со оригиналите на увид, барање за еднократна парична што можеш да го симнеш од нет, копија од извод на бебе, копија од трансакциска и погоре споменатиот документ од кај матичната, тој вториот. Има тука еден момент што ако мајката е пријавена на конкретната адреса помалку од година - пребарај ги моите мислења во оваа тема, баш имам пишано пред неколку месеци. За општина, провери на сајтот од општината. Си имаат и они барање што се пополнува, пак копии од лк, од трансакциска и од извод на бебе. Може треба и нешто плус, си зависи од општината. Треба бебето да го осигурате, или на твое, или на име на мт. Купувате здравствена книшка од книжара, носите во фирма да стават печат. После носите у фонд. Од работа ми дадоа и еден документ плус што требаше да се однесе у фонд за здравственово. Не се сеќавам за тука дали требаше копии од лк, ама не е на одмет да имате спремени. Во секој случај, почнете со изводот, наоружајте се со копии од истиот, копии од лк, венчаница и трансакциска. Мислам ништо не заборавив.
Точно е се што напиша, а за еднократна помош за новороденче бараат уверение за жителство, 50ден се плаќа во мвр кај мтв се вади, за 7 8 дена готово е.
Е не знаев дека има и друга опција, ама битно се заврши. Ама нерви искинав додека го чекав изводот, 2 недели чекав, пукнав. Порано бе за неполна недела готов беше, сега ова налет.
фала ти многу за одговорот јас сум уште во болница, значи на мм да му речам да почне прво со изводот. Викам дали сега неделава додека сум тука, или има време Аха, значи породилното да ми го отворат на раб треба да им однесам ИСР образецот и тоа што ми пиша погоре плус? Јас треба да почнам со докуметиве чим излезам од болница, тогаш ќе имам отпусно писмо, со кое ќе можам да завршам работа на гинеколог и на работа, нели?
За да поднесеш за извод треба да те пуштат од болница и отпусно писмо, мене ми направија проблем, имаа проблем со системот од болница па не можеа да пуштат пријава дека сме пуштени дома, се јавив и средија.
Мене мајки уште не ми е јасно, утре мм каде да го пратам за извод за бебево да вади, во матичното подрачје каде што е родено или Камен мост? Ме збуни ова на нет што го читам, па пак да ве препрашсм
А во матичното подрачје (пр Ѓорче Петров е моето родено) кога се оди? Знам за првото мм таму одеше на 2 пати
Nas ni rekoa podignuvanjeto e od opstinskoto maticno,nie sme k voda. Ama se iznacekavme i na kraj so povikaj prijatel pak od istoto mesto go zemavme izvodot