Здраво, 3 дена сме домче у страшен хаос. Ништо немаме средено, само картонче од родилиште ни дадоа. Замолувам некој да не насочи каде треба да оди маж ми за да го пријавиме малово и какви документи ни се потребни. Ја читав темава ама се ми е многу измешано..или ако има некои линкови да ми ги пуштите
Да да, Скопје. Па ти си прашала затоа така ти кажале Јас директно си поднесов. Има на страната дека за новородено поднесуваш а таму на мм ништо не му побарале ни документ за идентификација само име презиме на бебето
https://uvmk.gov.mk/упис-на-новороденче-и-издавање-на-изво/ Aplicirajte za izvod najprvo, eve koi dokumenti se potrebni. Posle so izvodot moze da aplicirate vo opstina i socijalno za nadomestok.
Не сум сигурна дека мм поднесуваше, носеше извод, барање заверено на работа преку кој ке биде осигурано детето, трансакциска сметка и здравствена книшка. Ова во фондот се носи, а книшка се купува и во трафика Мислам дека тоа е тоа нека ме дополни некој
Ако мислиш на еднократна помош од социјално, документите што се поднесуваат во подрачна Карпош, за 1 месец ми стигна за второ дете. А за помош од општина Карпош не ни следува.
Ја однесе потврдата со социјален број во банка? Мене за 20 дена ми беше готова, истиот ден ја однесов и месецов на 5ти ми пуштија. Само на 5ти пуштаат
Девојки барање за здравствено за нововороденчето се зема од фонд така ли? Па тоа се носи за печат на работа?
Го имаш на интернет, образец ЗО1. Се заверува на работа кај родителот под кој што ќе биде пријавено детето. Се носи во ФЗОМ образецот, здравствена книшка и мислам дека и извод на родени за новороденче. https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/ZO-1 Obrazec.pdf
Отидовме сами да си го подигнеме изводот. Не добивме никакво известување. Знам тој само му рекол на маж ми за 10 дена дека ќе е готов.