Здраво, Имам едно прашање во врска со вадење на извод за новороденче. На изводот на венчани кај сопругот пишува една адреса (старата кај што живееше претходно), а на моменталната лична карта има друга адреса бидејќи извади нова лична карта, односно моменталната адреса на која што живееме. Дали при вадење на документи би имало проблем, т.е која адреса би ја запишале на изводот на бебето? Дали е таа од личната карта или таа од изводот на венчани?
Јас го сликав во полициска Ѓорче, не се сеќавам ама одприлика може за 2 недели ми закажаа. Пасошот ни рекоа ќе биде готов за 10 работни дена.
Мој совет ако закажуваш во Ѓорче, закажи попладне накај 4. Сабајлето беше гужва, а бевме точно во термин.
Здраво, Ако поднесам онлајн за извод на венчани, како би знаела кога е готов? Физички треба да се оди до мтв да се земе? Да ми објасни некој што вадел документи вака? Фала
Ќе ти одговорат на мејл кога ќе е готов, ама кога ќе поднесеш онлајн имаш опција со достава до дома или да го подигнеш од матична служба, ќе видиш кај ти е најблиску можеш да подигнеш, не ср оди за ова во мтв туку главното матично е позади археолошки музеј кај комерцијална банка
Доколку бебе е роден во една општина, а живее и место на вадење лични документи е во друга општина, каде се поднесува т. Е. во која општина да поднесеме документи за извод на родени?
За новороденче се поденсува во центар, па си го земаш од матичната служба во општината која е ставена на лк. Нема врска каде е родено Ова за скопје
Не ми е за во Скопје, валда ќе требе да поднесеме документи во тој град каде што ќе е родено, а изводот да го подигнеме во градот каде што вадиме лични документи. Така му доаѓа?
Zdravo, dali ima nekoj iskustvo za vadenje na izvod na novorodenche vo vonbrachna zaednica. Dali mozhe eden od roditelite so polnomoshno da odi i da izvadi? Fala!
Пред недела дена маж ми беше во матично да поднесе документи за да го запишат детето и му рекле по 10 дена да оди со уплатниците за извод. Ме интересира дали одма ќе му го дадат тогаш изводот или повторно ќе треба да се чека и колку се чека од прилика? За Скопје