Не ти требаат документи. Само извод од детето. Здравствената книшка треба да се однесе за да и стават печат. Зависи преку кого е осигурано детето. Децава се осигурани преку маж ми. Во фирмата кај што работи ставија печат. А за електронска картичка требаат пријава, извод од детето и уплатница од 250 денари, ако детето е осигурано преку некој од родителите.
Значи само извод од бебево и книшка да си купам и да одам во фондот на шалтер да ми ја заверат? Не треба мој извод, венчаници такви ствари значи.
Ако работиш, фирмата ќе ги заврши тие формалности. Ако не работиш, оди во социјално (кај Југодрво) и освен книшка и извод, треба да пополниш пријава.
Штом работиш, само книшка и извод. Тоа му побараа на маж ми во фирмата кај што работи. А за картичка он отиде во социјално.
Мора. Сега нема веќе картони. Освен за тие што немаат добиено картичка, а имаат поднесено барање. Ние сите имаме картички. Додека да ги добиеме, ни даваа картони. На многу места не ни бараат картички. Гледаат дали си осигуран. Ама добро е да ја имаш. Во аптека обавезно ќе ти побараат.
Mene od rabota pak mi rekoa deka ne se vadele elektronski veke nekoe vreme, nemalo tender za niv. Eve sega cekam kartoncinja da mi dadat. Navodno nikoj nemal elektronska podolgo vreme.
Точно. Јас мојата ја загубив и ми рекоа дека сега нема пријавување за нови, ќе користам картончиња. Тоа пред неколку месеци, сега ќе видиме да не се сменило нешто во меѓувреме.
И јас мислев дека нема тендер. Така му рекле на маж ми кога он поднесуваше за него и за децата. Ама картичките ги зема во февруари. А наводно, немало кој да ги изработи. Картички ретко ни бараат. Освен во аптека.
Значи за здравствено осигурување најпрво треба да видиш преку кого ќе го осигураш. Ако е преку фирма треба они да пријават или за да не чекаш може да си пополниш пријава сама.Само да ти стават печат од фирмата преку која оди осигурувањето. Од друга документација потребно е извод од матична книга на родени (може и копија, но мора да го има ископирано и печатот кој е на задната страна на изводот, односно двете страни) и книшка. За електронска картица можеш да уплатиш сега но немораш, за дете до 3 години не е обврзувачки. Ако сакаш види го следниот линк на него ја има и пријавата и детално е објаснето како да се потполни https://www.overflow.mk/questions/84/што-е-потребно-за-здравствено-осигурување-на-новороденче
Одам вчера во аптека да земам некоја антибиотска маст за бебушот и не ми даваат со рецепта, немала електронска картичка !!???? Кога поднесував за здраствена книшка на работа ми дадоа само здраствена книжна но не и електронска, наводно немало тендер или не се вадело за бебиња до три години по ново... незнам но во секој случај не ми дадоа за малата електронска. Сакам да ве прашам како се справувате со овој проблем односно дали имате електронски за вашите беиња.
Јас имам поднесовме заедно кога ни ја првеа книшката и пред неколку месеци ја зедовме.пробај во др аптека дали исто ке ти кажат
Работата е во тоа што оние од кај мене на работа не поднеле, така им рекле дека не се поднесува за бебиња. Аптекарката ми нагласи баш... не е поднесено. Ама што да поднесуваат кога не се даваат за бебиња електронски. Тоа не ми е јасно. Ќе ги малтретирам на работа од понеделник да поднесат, очигледно морало, незнам не сум паметна веќе.