По милионити пат повторувам дека НЕ МОРА да бидат, како што викаш ти, обновени. Тоа си зависи од факултетите, сите си бараат различно. Некои бараат да не биде постаро од 6 месеци, на некои не им е битно. И ајде утре ви посакувам среќа на сите. И јас одам, па со Господ напред, ќе видиме што ќе биде
Пријавата со се маркица...уплатница мене ме чинеше 110 денари на економски, и уплатницата 300 ден да си ја платам xD
i agree... НЕ МОРА да се обновени или што и да е... битно е да се оригинали .. поз и со среќа на сите !
Фала ти Хипи. Со среќа и на тебе и на сите кои ќе се запишуваат утре и задутре ,а и во наредните уписни рокови. Лелеее ,мамоооо страв ми ее. Ај со Господ напред. Ќе биде добро.(се надевам)
да замолам некој да ми објасни точно каде се наоѓа ПМФ... јас сум од Тафталиџе и како да стигнам со 2ка до таму? знам само дека треба да се симнам кај Континентал станицата и после што?
Се враќаш малку подолу, имаш подвожњак... Поминуваш на другата страна, има нешто ко кафеана... Галеб се вика. Позади неа води патот накај ПМФ. Ќе видиш скали многу за накај ридот и по нив се право нема да го утнеш. На врвот на ридот е
Девојки и дечковци, баш ми е жал што сега ја читам темава, а не претходно. Во врска со дрѓавјанствата и изводите, од пред година или две штом е издаден оригинал истиот е со трајна важност и значи дека ВООПШТО нема ни потреба ни логика муабетот дека треба да не се постари од 6 месеци. А во врска со заверката на свидетелствата и дипломата на нотар, муабетот е дека на факултет при упис се даваат ОРИГИНАЛИТЕ и треба да си направите заверка на фотокопија од истите документи и нивна заверка на нотар, нормално пред да аплицирате на факсот, за свои лични понатамошни потреби.