Сакам да ја отворам оваа тема бидејки планирам да се запишам на докфалификации како би можела ако се отвори шанса да се запослам во државно училиште.Имам завршено англиски јазик но на отсекот преведување.Се распрашав што треба да дополагам,некои колеги викаат само 3 испита на Филозофски,а од деканат на Филолошки викаат седумте испита од наставната насока. Ако има некој искусктво ве молам да ми помогне со некоја информација.
Тие што се сега 4 та полагаат само 3 испита.. АМа незнам како е за тебе бидејки веќе имаш завршено. Би требало да е како што ти кажуваат во Деканат
Доквалификации за наставник во основно можеш да запишеш или на Филолошки или на Филозофски. Цената е 10 000 денари и се вкупно 3 испити - Педагогија, Методика и Психологија. Тие 7 испити кои ти ги споменале на студентски, се веројатно овие 3 горе, плус 4 од книжевност, како што е случајот на нашата катедра. Тие се доквалификации за професор во средно. Јас бар така мислам. За секој случај ќе си прашаш на отсекот за реторички прашања.
така е, наставник и професор се два различни поими, иако веќе и учителките се нарекуват професорки хаха ОМГ
Ок,фала многу девојки. Јас ке пробам прво со овие 3те. 7 ми се некако многу а и тие се оние тешките,хаха...
Јас полагав на Филозофски за доквалификација, ама многу одамна. Од тогаш сигурно е сменето. И тоа ги полагав психологија, методологија и педагогија. И со нив можам да предавам во средно.
И јас сега ги дополагав тие три предмети,и со нив можам да предавам и во средно.Инаку тие што кажуваат на студентски некогаш знаат и да претераат,ете на пример ја кога прашав кај мене(имам дипломирано на биохемија)и ми рекоа дека као демек треба да се запишам сега одново на двопредметните студии по биологија и хемија,таму на нашиот институт,за да можам да предавам.Мислам,лудило не знам кој тоа би го направил,кога сите само со доквалификации поминуваат.
Некој во скоро време полагал ли доквалификација ? Имам дипломирано на Информатика и компјутерска техника и сега запишав доквалификација за наставник по информатика, и сега наредна сесија за полагање е во ноември.Но касно почнав со спремање на материјалот по психологија и некако тешко ми оди , бидејќи едноставно од никогаш не ми бил по ќеиф овој предмет. Ме интересира ако знаете од прилика колку материјал има и за педагогија , ако не да ги спремам и двата предмети за во декемвриска сесија, оти за ноемврискава не верувам дека ќе стасам со психологијава ? Инаку кај кои професори полагавте и колку сте задоволни од нивното оценување ? Јас психологија одбрав кај Виолета Арнаудова, а педагогија ми се паѓа кај Анета Бараковска.
Можеш. Во принцип, за пари можеш да се запишеш каде што сакаш... добро сега, да не биде доктУр, архитект, машински инжењер, се разбираме, нели.
Сега гледам, дека магистратура ќе фати 2000 евра, што е МНОГУ, http://www.eccf.ukim.edu.mk/studiranje/ ... tdiplomski, гледам таму кај што пишува УПРАВУВАЊЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР, па претпоставувам дека дека под тоа спаѓа човечки ресурси. Јас сум кај мене на магистратура на Филолошки, имам уште два испити и одбраната, ама некако ме мрзи да учам, а нема ни просперитет со мојава професија па си мислев да одам на некој друг отсек за магистратура,ама ова скапо е......Сепак, фала на одговорот.
Имам слушнато дека овие 3 испита можат да сеполагаат и во Штип и дека е многу поефтино. Дали некој знае нешто повеќе?
Во Штип неможеш да полагаш три испита ако си со 3 години (180ЕКТС), мора да запишеш една година цела, тоа важи само аако си со 240Ектс и чини 9000. Во Скопје е 10000 ама штом дипломираш можеш да ги запишеш нема врска дали си со 3 или 4 години факс. Истото е и за Битола ама таму е 12500
И јас сега се запишав на доквалификации и ќе полагам психологија кај Виолета Арнаудова. Не сум учела многу, не верувам дека ќе положам, ама ќе одам да видам како се полага. Има некој што знае, усно ли е, писмено ли е, како се полага? Да, и мене ме интересира за материјал по педагогија, во декември планирам да си земам одморче, па да си ги положам испитиве ако успеам
Кај Арнаудова јас полагав, жената е супер. Дава испит од типот на есеј или прашања на заокружување и две три ќе имаш да дополниш, ти си одбираш. Лесно е многу, само треба да научиш малце поубаво. Обрни внимание на некои детали што мислиш дека се небитни. На пр. кого повеќе наставникот треба да мотивира, интровертните или екстравертните личности. Јас полагам сега методика на настава по македонски јазик, исто сум доквалификација. Ако има некој да ми помогне со една семинарска што треба да ја направам за наставни планови. Наставен план ќе направам ама што друго да пишувам???
Јас претходната недела полагав психологија кај Елена Ачковска-Лешковска и право да ив кажам ја 3 години факултет завршив толку немав учено како овој пат што учев. Толку спремање, есејски се полагаше одговорив се што знаев и на крај 6ка. Се разочарав тотално. Сега пријавив за во декемврискиот рок педагогија кај Вера Стојанова па ке видам што ќе направам и таму.
Е па обавезно пиши што има на педагогија, и јас треба да полагам кај Вера Стојанова, ама јас ќе одам во јануари. Ме интересира дали ќе биде есејски или со тест на знаење????
Дали по завршување на било кој смер можеш да полагаш 3 предмети и да бидеш професор?Пр јас сакам да одам на лабораториски биоинжењер на фармацевтски???Знае некој?