Мене ме интересира истово ама за основно на пример, да си одделенски наставник од 6-9то и да предаваш да речеме хемија и биологија
За да полагам за доквалификација за наставник на Филолошки, може од јануари? Ќе одам и на студентски, но еве и тука да прашам.
Едно време, колку што се сеќавам, за доквалификации имаше уписи во септември и јануари (можеби сега има измени, не знам како е во моментов). Ама кога ќе се запишеш, не можеш веднаш да полагаш, се оди на пракса, се изработува дневник (така беше порано), ако се запишеш во јануари полагањата се' дури во јунска сесија. Имаше на времето едно правило, за да полагаш Методика, мора претходно да имааш положено Психологија и Педагогија.
Следи кога ќе објават конкурс за запишување. Отприлика јануари на средина имаше уписи минатите години. Уште е така. Блиска пријателка сега со тоа се занимава. Јас пред 3 години си фрлив 500€ за таа доквалификација. Сакав да се воздржам, ама ќе дојде ден ќе раскажам колку се неорганизирани на УГД. Таму завршив јас. Професорите се за никаде, се расправавме многумина со нив околу тој прегледот што е за часови. Морало еден предмет да избереме, па нема секој ден со тој клас тој час.. едвај се оправивме дека може и сродни предмети. А пред некоја година познаничка отиде за Скопје да се запише на Климент Охридски (префини се таму, се детално објаснуваат и помагаат) по грешка стигнала на УКИМ на филозофски, таму заврши со многу нервози и трчање непотребно.
Колку предмети треба? Ти за колку време заврши? А може и на Климент Охридски иако си завршил на Филолошки?
Одма завршив, еден семестар. Може, ама што ќе ти е? Ако си завршила филолошки на наставна насока не ти треба. 5 предмети се. Психологија, Педагогија и Методика се секаде, а мора и уште 2 изборни, на секој универзитет се различни тие. Пак се поврзани со образование.
Здраво, ја прочитав целата дискусија и би сакала да поставам прашање. Јас дипломирав на Филолошки факултет, катедра за превод и толкување (англиски јазик) и ме интересира која е најдобрата опција за да запишам доквалификации за наставник. Не давам предност на ниту еден град или факултет, бидејќи немам доволно информации. Се надевам ќе добијам одговор од некој кој имал слично искуство во поблиска иднина, па се разбира повеќе на оваа тема. Благодарам!
Да не те разочарам, со превод и толкување не примаат во образование. Предност имаат тие што завршиле книжевност. Ептен ако нема таков, можеш да влезеш. Доквалификација каде и да земеш исто е, нема поценета или повредна. Тоа е само еден семестар, 5 испити полагаш и добиваш сертификат за стекната психолошко-педагошка и методска подготовка.
Здраво И јас се мислам да запишам доквалификација,се мислам дали во Скопје или во Штип,сега во јануари. Дали може некој кој веќе завршил да сподели, како се полага,колку се плаќа, дали е тешко? Секое искуство е добредојдено
Трошоци за студирање сегде е 250 евра. Плус книги и патување. Јас завршив во Штип и мислам многу повеќе пари потрошив на гориво. Повеќе од 20 пати отидов. Рачунај 3-4 пати за пријавување, упис, приемен ден. Потоа за заверка на планот. После на предавања секој предмет во различен ден, минимум уште 5 пати значи. Потоа кога ќе завршиш со практичен дел, носиш документи на одговорниот професор. Ќе те врати 1-2 пати ако нешто фали или не е во ред. Па одиш да пријавиш испити. Па секој испит пак во различен ден уште 5 пати одиш. Секако имаше уште нешто ама сум заборавила. испитите како испити ќе научиш ќе положиш. Меѓутоа практичниот дел е многу комплициран. Треба да одиш на пракса во школо да држиш часови. Под менторство на наставник. Пример ако имаш завршено математика, одиш секој ден и следиш, гледаш, држиш час, пишуваш планирање за секој час. Или ако имаш економски факултет, одиш во економска струка ги следиш стручните предмети на тој наставник. Комплицирано е што мораш да спремиш многу писмени подготовки да пишуваш по определениот терк од факултетот. Сето ова го кажуваат и објаснуваат на приемен ден, меѓутоа не е доволно јасно додека не почнеш.