ДОЛГИ::.... НО..мн ми се двојат без разлика од се! И крема за нега и раст користам од аура, потоа бадемова крема и сл.. лимон... мн ми се двојат и ми се меки! информација + ..-Топлата вода ги омекнува а ладната ги затегнува повеке растат во лето и во текот на бременоста!
Јас обожавам долги нокти.Лесно и брзо ми растат.Добро сега,да не се преголеми туку средни. На поголема површина поубаво се шара и јас поубаво лакирам.Секогаш ми се средени со лак и знам да ги одржувам.
И јас обожувам долги нокти, си ги одржувам. Се трудам на секој можен начин да ги зајакнам, ама џабе 2/3 од нив константно се кршат се делат.
Оваа должина на нокти ми е идеална Значи средна должина. А многу мрзам дотерана девојка со предолги нокти и несредени или па изгризани до месо.
И едното и другото е крајност, и сеа имаш долги и долги, и кратки и кратки нокти значи има разлика. Златна средина е најубаво накај долги, секако не вештерски од прва и најпроста причина што не е практично, а од друга страна пак сигурно не и до корен исечени, на ништо не личат такви и језиво е.
И јас сум за средна должина . Имам цврсти и здрави нокти, но речиси секогаш ми се кратки или пак со средна должина.
Повеќе сум за кратки. Ем полесно се одржуваат, ем попријатно ти е со кратки од колку со долги. Иако понегогаш подолгите нокти можат многу убаво да изгледаат.
Кратки и секогаш налакирани. Прво затоа што е похигиенски, ми се повраќа од тоа што се може да ми се упика под нокт. Второ јас лично не можам да истрпам подолги нокти, ме ежат и нервираат.
Ја сам за дугачки..Ама не претерано. Малко се тешко средуев и се кршив ама ипак кд ги налакираш су убави.
Долги Многу подобро изгледаат излакирани иако се тешки за одржување. Многу се нервирам кога сите нокти ми се долги и само еден ми се скрши
Сакам да имам долги нокти да. Ама секогаш работам нешто и ме нервира кога ке ми се наполнат ноктињата со нешто, башка се лепат секакви бактерии под нив, а имам проблематично лице и затоа повеке ми се кратки.
Преферирам кратки нокти, убаво истурпирани и секогаш налакирани. Првенствено од хигиенски причини. Ич не ми се практични долгите нокти, и ме нервира кога ќе ми остане крема за раце или пудра под ноктите. Се ежам! Педантерија невидена сум, па секој ден средувам нешто, чистам со средства, мијам садови и поради тоа ми се кршат, а да работам со ракавици - не можам. Освен тоа, јас имам мали плочки, па додека да ми добијат должина за френч треба време.