Кратки. Годишно дали 2пати ги оставам да пораснат малце па ги лакирам, тинтрам. Скоро ми здосадуваат и ненормални мнигу ме нервираат и ги сечам. Кога ги сечам мислам дури јас олеснувам за некое кило.
Обожувам долги нокти, совршено заоблени и налакирани со nude лак. Но, не премногу долги, онака со средна должина.
моите по природа си се долги..и ако ги чувам мислиш од хорор сум излегла ко вештерка во рацете... инаку за женско сакам долги нокти како одраз на женственост,а не оние изгрицкани и исечени нокти до живец...
И јас како и сите сакам долги ама успевам да ги пораснам многу малку затоа што ми се многу кршливи и меки.. ужас ми се ноктиве ама ги чувам колку можам..
долги и тоа баш долаги нокти имам сите ми се чудат како воопшто тие нокти ми стојат и ги пипкаат да не се надградба , ама не природни се ми, мој ноктарица немат видено уште од јуни кутрите само турпија за обликување аа и да ви кажам како ги чувам: еден лак користам на 3 пати, ставам по 4-5 слоја лак се дури не добијам изглед на гелни нокти и големата количина лак ги држи да не ми се кршат
Девојки, имам ужасно меки и кршливи нокти. Ич не си ги сакам. Одамна сакам да лепам вештачки ама постојано ме премислуваат, ми викаат бетер ќе ми станеле моите после тоа. Но ако лепам редовно, зашто да не? Ми имаат кажано добро место во Кисела Вода, прв пат 1200 и после секој месец по 500 само. Што мислите вие за вештачките нокти, дали сте/би ставале и какво искуство имате со нив?
јас имам природни долги нокти. Многу брзо ми растат а не им правам ништо .. Секогаш си ги лакирам. А и не ми се кршат..мноогу ретко еден нокт да се зачепи..иначе нема шанса..