Долги нокти, направени во една боја со гел. Така знам дека нема да се замарам секој ден да ѓи лакирам.
Имав краток период кога носев долги, исто и кога носев кратки нокти. Сега скоро секогаш ми се средна должина, не ми сметаат во извршување секојдневни работи а сепак изгледаат средени. Најмногу си ги сакам кремови, нежни, и такви и најчесто си ги правам.
Многу сакам долги нокти ама во последно време никако да ги дочувам, ептен ми се кршат, па морам пократки да носам.
До порагај имав најубави нокти. Долги, здрави ретко да ми се скрши некој. После тоа крш до ден денес не можам да израстам нокти. Или се кршат или се лупат. Катастрофа. Не е до витамини, редовно користам. Што веќе не пробав од зацврстувачи и не бива. Сега си ги носам кратки и тоа е. Кога погледнам слики какви имав, сега какви ми се Често ме прашуваа дали вештачки ми се.. Па и лак не стои долго на нив, скоро секој ден се лакирам