Долги, додека не почнат да се виткаат, па ми пука филмот и ги кратам целосно. Само брзо растат, за една недела пак долги се
Обично најчесто ми се долги ноктите и не ми се кршат брзо.Освен ако не ги поткачам на нешто е тогаш тешко мене. Моментално ми се скратени малку токму поради таа причина.
Јас пак сум за кратки.Никад не сум сакала долги нокти,eве нешто вака Еве кратки нокти,колку само поубаво ми изгледаат
Па, некоја средна должина, малце по долги. Мене ми се стандард скоро вакви. Спојлер Само мрзам кога ми се кршат од страна, исто вака ми се кршат. Спојлер И само ради тоа, морам сите да ги израмнам. А мразам кратки нокти, затоа што многу ми е чуден фатот. Не можам после ништо да фаќам.
Преферирам кратки бидејќи, не трпам долги а и по хигиенски ми се кратки. А и бидејќи се занимавам со спорт .
Јас не сум љубител на кратки нокти, зашто тогаш сум ко осакатена во рацете, верувајте. Нит фат имам, нит бутур. Преферирам средни до долги нокти, многу ретко имам кратки и тоа обично е вонредна ситуација - ако не дај Боже ми се поткршат 2-3 па да морам да ги средам сите за да не ми бидат раштракани. Инаку за еден не ми е проблем - го рамнам минимално, го сечам од страна, на косо и се молам брзо да порасне за да не се гледа разликата. Е веќе, ако ептен сум ја направила белјата - летат сите по ред. Сепак тоа ми се случува ретко. Обично се средни со нагласок накај долги и секогаш коцкасто истурпијани, овалните форми ме нервираат и одамна веќе не ми се некако убави за око. И да, многу ме нервира кога ми влегува нешто под нокти, поготово пудра. Смрт ми е, ама тој што сака да си ги одржува не би му претставувало проблем - е, тука се пронаоѓам многу. Еве каква должина отприлика ми се допаѓа највеќе.
Долги Не премногу како вештерски ама така нешто 5-6 милиметри мислам дека би биле одлични Само тешко ми е да ги одржам така зошто и мене ми се кршат (како на една од форумџиките пред мене) од страна
Не ги сакам многу кратки,не ги сакам ни многу долги. Брзо мене многу ми се кршат ноктиве,така да средна големина Најубаво ми е.
јас до сега имав големи нокти, ама еден ми се скрши и морав да го иcечам ... Затоа сега ми се кратки ама јас обожаваM долги, но не претерано.. ако се многу долги, па ми се неубави
Обожавам долги нокти ама бавно ми растат и ми се кршат ама често и јас си ги јадам и сега едната рака има подолги нокти другата пократки
Долги може, ама не екстремно. И што е наважно, да бидат средени, па затоа должината и не е секогаш најважна. Пожелно е да бидат природни, вештачките ми изгледаат многу грубо. Многу ретко сум со кратки нокти, не се чувствувам убаво така. Затоа им посветувам многу внимание, па за среќа и брзо ми растат, и ми се доста цврсти.
Па долги, ама не екстремно, некоја си средна должина. Најчесто ми се оваа должина, и секогаш налакирани. Кратки нокти мразам, прстиве ми се ко ќебапчиња, чуден ми е фатот, и не можам да се чешкам. Многу ретко ми се вакви, најчесто кога ќе ми се скршат повеќе од 3 нокта, морам сите да ги истурпијам. Исто мразам несредени нокти, било долги или кратки, кога ќе видам излупен лак, искршен а не истурпијан нокт, или па изгрицкани ми се гади. Се знае, на женско доликуваат средени нокти.