Сакав долги(и ги имам),но сега незнам што ми е во последно време неможам да ги поднесам и ги кратам до крај..Ме нервираат неможам.А постојано ми се налакирани,да без тоа неможам
Средни, иако неможам да ги израснам, деновиве дефинитивно си купувам пивски квасец, со надеж дека за неколку месеци ке ми нарастат, сеа ми се како лопати
Веќе неколку години строго долги И кратки не ми стојат лошо, пошто имам големи нокти, а и убави ми се ама сепак долги поубаво.
Некоја средина. Не многу долги, ама доволно за да изгледаат убаво и да можат да се истурпијаат. Сум имала долги нокти многу пати, убави се на изглед и се тоа, ама ми сметаат во работата. Од друга страна па многу кратки нокти од оние исечени до живец воопшто не сакам. Мнооооогу ретко ги имам исечено така бидејќи имам некое чудно чувство кога ќе допрам нешто меко, се ежам.
И јас сакам да имам долги нокти но сеа ке треба да ги сечам зошто треба да масирам а со долги нокти не се масира Ч(
Мене ми се кратки. Еднаш ги пораснав и ми се скршија 2-3 и ги исеков.Од тогаш не сум имала долги нокти.Иначе многу сакам.Имам ставано вештачки ама ме нервираат
Секогаш ги чувам ноктите долги.Но и некогаш знаат еден нокт да се скрши па тогаш морам сите да ги подскратам,што ме нервира малку ама барем брзо ми раснат.
Моите секогаш се кратки,бидејки кога и да сакам да ги израстам ми се лупат и кршат и се откажав од долги нокти.А и сметат ми
Пред се‘ средени. Не практикувам ноктите да ми бидат долги зашто не ми е практично. Онака, некоја средна должина. Се трудам да ми се средени секогаш кога сум во можност, дали со лак или без. Многу ме иритираат нокти како геогравска карта.
Сакам средни нокти. За жал моите не се такви , премногу ми се кршат па морав да ги скратам..Сега ми се ептен кратки.
Би рекла најбитно средени да се. Ама во контекст на темата - ДОЛГИ моите пошо се катастрофа, си носам вештачки. Најдолги кога ми беа, белиот дел од ноктот беше повеќе од 1см
Мене ми се најслатки нокти со средна должина, ама сепак мислам дека должината треба да е соодветна на прстите. Некои прсти „трпат“ и поголема должина, а некои ги личи само пократки. Не ми изгледа убаво кога на пример жени/девојки со подебели прсти и широк нокт, ги пуштаат подолги. Мене лично ми изгледаат како талпи. А не ми се допаѓаат ни од Ријана на пример кога ја видов на една слика со предолги и подвиткани нокти, бетар од Фреди Кругер. А таа ниска патем и ми изгледаше какоцела да е во нокти.
Јас обожавам да имам долги нокти, но никако да ги израстам. Или ми се кршат или јас ги грицкам Никако да се одвикнам од тоа грицкањето, а веќе срамота е
Долги никако,но не прекратки до корен сечени,онака нормално пораснати во висина на на краевите од прстот.