1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Долги или кратки нокти?

Дискусија во 'Тело' започната од sweetgirz, 1 јуни 2012.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Oдмори ги од лакирање. Барем преку една недела остави ги мин. 2-3 дена без ништо на нив (освен некое потхранувачко масло но приготвено во домашни услови и со помалку „хемикалии“ на нив).

    :tmi: За да не се прашуваш повеќе, јас ќе ти одговорам. Онака, да те просветлам за да знаеш како е иако уште не сум слушнала некој да оди до толку „дип и даун“ кога „си го бришат“ на начин како што ти толку сликовито го објасни |(
    Кога се става вештачки нокти е промена која се случува веднаш и нема време за прилагодување. Можеби затоа ти се чини дека не можаш да функционираш со нив. За разлика од тоа, кога ноктите растат по природен пат, има време за прилагодување кон секојдневните активности. Затоа хигиената после извршување на физиолишките потреби и не е толкава филозофија! |(
    **********************************************************

    Мене ми пречат грицкани нокти. И се ужаснувам кога видам како некој снемал нокти од грицкање и уште се обудува да ги грицка (читај, „мези“ од нив) :@

    Музичките инструменти не ми дозволуваат да имам долги нокти но кога правам пауза, ги пуштам подолги.

    Моментално имам најдолги нокти од било кога. Дупло подолги (и малку повеќе) од делот прицврстен за месото. Воопшто не ми е тешко да ги извршувам секојдневните обврски бидејќи не се вештачки туку се мои и сум се навикнала со текот на растењето. Дури и доста помагаат кога треба да се отвори некој подарок, некое плико и да се поправи некој осетлив предмет. :lol: Потешко ќе се прилагодам кон кратки кога ќе ги исечам!
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.169
    Пол:
    Женски
    Потпис, печат и останати салтанати за реченичкава! :D
    Јас не можам или порадо би рекла не знам да функционирам кога сум со кратки нокти. Ко пипава сум. :|
    Недела дена како имам кратки ноктиња и дури и типкањето по тастатурата ми е чудно, чудно држам пенкало, чудно мијам садови и извршувам секојдневни обврски. :D
    Ова никогаш не ми се има случено, толку да ми се расипат ноктите - никогаш не (беа) стигнале до таа степен, да пукаат дури и кога се само налакирани со зацврстувач.
    Која иронија. :D
    На добар пат сум да ги оправам и ќе повторам по којзнае и кој пат - уживам кога имам долги, ама долги со усул нокти. :!:
    Зборувам за отприлика оваа должина.
    [​IMG]
    Секоја друга над или под оваа не ми е нормална, а ниту практична - така сум се навикнала. :tmi:
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    :rofl:
    Абе у реду, не мораш мене да ми објаснуваш и да ми се правдаш како и што си обавуваш. Ако ви е мерак да си носите долги нокти, јас најмалку битен фактор сум ти за тоа. :geek: Мене уште ми е нелогично кога ќе видам моми како одвај куцаат на тастатура во банка или како деформирано го држат пенкалото, онака сите прсти искривени оти нема простор од ноктите, ама они битно нокти од 5 сантима имаат.

    И да, од такви моми ми дошло тоа прашање, ако не можеш асално ни да се почешаш што се вика, што останува за другото. ;)

    п.с. Не ни сакам да почнам да зборувам околу тоа кои бактерии се збираат под ноктите, и навистина не знам што е полошо, да си ги грицкаш и да ги внесуваш во уста, или да ги чуваш и гаиш бактеричиња кои по тоа што гледав баш некна една емисија, никако не успеваме да ги измиеме од под ноктите. :tmi:
     
    На Mishela, Foreveryoungiwannabe, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  4. after-all

    after-all Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    јас не ги обожавам долгите нокти, непријатно ми е чувството. Само кратки, но средени :)
     
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Да те информирам за неколку нешта!
    Правдање и коментар немаат многу допирни точки.

    Како што и претходно објаснив: оние кои како сакати пишуваат на мобилен, деформирано го држат пенкалото се оние кои имаат вештачки нокти. Не се навикнати и огромната промена им дава повеќе ефект на благо - заостанати отколку на модерни.

    Кога имаш мали нокти е многу потешко да се извади нечистотија од под нив, за разлика од долгите нокти (споредете кога сакате да ја исчистите површината на екранот за разлика од ситните места од кулерот на компјутерот).

    Не е работата дека сум се фатила за долги нокти туку се создаде лоша слика за природните нокти откако се појавија вештачките.

    Свирам на различни инструменти и тоа ми е ограничување кога сакам да имам подолги нокти. Си ги сакам и убави ми се и кога се кратки но кога и да имам прилика ги сакам подолги. Барем за кратко :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.169
    Пол:
    Женски
    Мислам дека околу ова и не си баш во право. Јас знам и многу вакви моми со прилично долги природни, нивни нокти кои пишуваат и типкаат ко (да ме извините) да имаат деформитет на прстите.
    Точно дека со вештачкиот нокт веднаш имаш промена и потешко се привикнуваш, ама исто е и со долгите природни нокти - иако растат постепено, кога достигнуваат определена должина која не сме навикнати да ја имаме, настануваат тешкотии.
    И мене понекогаш ми сметаат и ми доаѓа да ги исечам, ама полесно ми е кога ми се долги, до таа степен до која можам да ги поднесам за нормално да функционирам. Ја поминаа ли таа некоја должина на која сум свикнала - ми сметаат и ми доаѓа тешко кога пишувам - било со пенкало, било на тастатура.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    ^ Можеби е и така. Се е до тоа како ќе се навикнеш и колку уште од претходно се сакати во рацете. Ако уште од претходно не ги бива, долгите нокти не им се проблемот :)
    Како и да е, тоа беше од моја гледна точка и од коментари од жена во години која има исчувано 2 деца, перено теписи :D и секакви чуда што се наоѓаат по дома со такви долги нокти. За секој е различно. А и не познавам некој друг што има природни нокти, па макар и кратки. Затоа ми е преку глава кога ќе ги видам одредени личности дека за ништо не ги бива - но ноктите никако пократки од штиклите на натегнатите салонки.
     
  8. Bella2

    Bella2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    6
    Sakam dolgi ama ne sredni tuku dolgi dolgi sea ne vestersk ama podolgi sakam. Znam kako da gi odrzvam se trudam na sekoj mozen nacin da gi zacvrstam i iskreno mi uspeva :) Inaku po priroda mi se mn ubavi i cvrsti a dkolku nekogas mi se sluci da mi se skrsi nekoj nokti site gi secam i dodeka da mi porasnat vo posakuvanata dolzina koristam vestacki nokti bidjeki nemozam da podnesam kratki ]:)
     
  9. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    долги и долги имам
     
  10. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Долги :inlove: поженствени се , а башка и ако си пушач,кога ке земеш цигара во рака како изгледа....преубавоо
    А кога ке видам женско со изгрицкани нокти уууффф ми се :puke:
     
  11. cute12

    cute12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    47
    долгииии
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Поженствени ми се долги, но не вештерски туку со вкус :) Е сега, нормално, обврските, возраста не секогаш ти дозволуваат да имаш голема должина. Веќе година сум со долги нокти, за сега не ми сметаат во ништо, се навикнав.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  13. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Обожавам долги нокти, чудно ми е девојче да не сака да има долги нокти, но секој си има свој вкус. Плус не можат сите да поднесат да имаат долги нокти (некогаш од што ми се толку долги не можам да се почешам) :lol:
    Нормално не сакам вештерски долги :doh:
    Секогаш имам долги нокти си ги правам на козметичар со гел или со налевање ако моите не ми се доволно долги :)
    После секое правење на ноктите со гел, 1 месец ги одмарам, па ги правам повторно за да не ми се оштетуваат многу :)
    Ви испраќам некои навистина преубави што ми се и што би сакала да ги направам во иднина :angel:
    Btw повеќе ги сакам оние во округла форма (almond nails) ама не ми стојат многу затоа што плочката на ноктите ми е малечка :$ А да, и обожавам кремасти нокти :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  14. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Долги :) (ама не премногу)
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
    долги,но не премногу.обожавам и некои шарички врз лакот,но тоа ретко го правам :D
     
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.987
    Пол:
    Женски
    Сакам долги.. :inlove: не премногу .. :!:
    Вакви
    [​IMG]
    :inlove:
    A не сакам од оние глупи округлести форми како овие:
    [​IMG]

    Ама за жал немам.. не можам да ги израстам.. :@ ;(
     
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    За жал имам кратки до живец нокти оти неможам да ја искоренам мојата навика за грицкање а сакам така средна големина ама ете нема. :(
     
  18. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Многу сакам да имам долги нокти но никако не ми успева многу ми се кршат :(
     
  19. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Средно долги нокти во правоаголна форма.. Но жал ми е што неможам да ги чувам пошто свирам клавир.. :(
     
  20. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    И мене исто така поженствени ми се долгите нокти, но секако дека не премногу долги:) Сакам некои што баш се впечатливи :D