Долготраен кармин

Дискусија во 'Лице' започната од bluelagoon, 21 октомври 2014.

  1. bluelagoon

    bluelagoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Кај може да се најдат и кои се подобри , ако имате пробано?
     
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    1.301
    Пол:
    Женски
    Се продаваат во парфимерии по50 денари се јас имам ама никако да си ја погодам бојата. А траат многу па и со влажни марамчиња тешко се бришат.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.592
    Допаѓања:
    73.427
    Пол:
    Женски

    Долготрајни кармини според мене се lip stain , на Sephora , Bourjois па еве и на Севентин мат кармините , последниве две марки ги има во Мк поточно во дм , космо , па може да одиш да си разгледаш. И не ти препорачувам да земаш некои непознати од 50 денари , немојте свашта да ставате на уста :tmi:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На SV1911, rainbowec и makedonkamak им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    31.548
    Пол:
    Женски
    Мојот фаворит Manhattan Lips2last
     

    Прикачени фајлови:

    • Capture.JPG
      Capture.JPG
      Големина на фајлот:
      43,5 KB
      Прегледи:
      411
    На anuskaNESTLE, Giovanna, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.472
    Јас ги користам овие со години и сум презадоволна, околу 700 денари се.
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,2 KB
      Прегледи:
      427
    На mims-89, elanor, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    26.402
    Пол:
    Женски
    Овој го добив од некоја акција и ми се погоди. Не се јаде си стои долго време и не ја суши устата.[​IMG]
    Colour Riche Lip Colour 380 Luminous Coral

    Се израдував и викам ај да си купам друга нијанса, земав 385-ка, но немаше врска со првиот. Ист бренд, исто се, а квалитет различен, повеќе се осеќа како сјај за усни.
     
  7. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    4.438
    Допаѓања:
    3.727
    Пол:
    Женски
    Rimmel lasting finish, презадоволна сум! Кога не е на акција е околу 200 денари.
     
  8. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    11.012
    101 Framboise Moisturizing Cream Lipstick е најдолготрајниот кармин што сум го користела, но посоодветен е за вечерни излегувања. Интензивен пигмент, кремаста текстура и дискретен (сатинест) сјај.

     

    Прикачени фајлови:

    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.174
    Допаѓања:
    74.617
    Пол:
    Женски
    Во секој случај, според мене и моите досегашни искуства, најдолготрајни кармини ми се покажале оние на MAC.
    MAC Prince Noir - мој омилен кармин сега и во вечни векови. :inlove:
    Мојата потрага по совршениот бордо кармин заврши пред некоe време. :wasntme:
    [​IMG]

    Исто и кармините на Есте Лаудер се долготрајни, но сепак не се споредуваат со МАС, полесно се бришат од нив. Оди избриши го MAC во еден потег со влажно марамче ако можеш. :lol:
    Имам и светол (Blankety) и потполно иста ситуација е како и темниот, значи не е до бојата, туку до квалитетната пигментација. :)

    Од подостапните кармини кај нас, дефинитивно им нема рамен на Bourjois.
    Rouge edition е најсовршената колекција на кармини со најпрекрасните беж и розеникаво-црвени бои и лека полека ќе ги соберам сите, небаре собирам самолепливи сликички, ама ајде. :lol:

    Ми се допаѓаат и Rouge Edition Velvet во врска со трајноста, но погоре спомнатата колекција ми е ептен при срце. Топло ги препорачувам!
     
    На Jordanovska-K, anuskaNESTLE, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    74.722
    Пол:
    Женски
    Малку ќе сум офф ама да ве насмеам.Најдолготраен кармин е овој во 80-тите.Оди извади ако можеш.Траеше 48 часа .Иако е зелен даваше една таква џиш црвена боја,ма му немаше рамен :D :D :D

    Постарите феминки сигурно ќе се присетат.
     

    Прикачени фајлови:

    • zeleni_karmin.png
      zeleni_karmin.png
      Големина на фајлот:
      268,7 KB
      Прегледи:
      242
    На Marmalade, Smiley11, Jordanovska-K и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.184
    ^Сега кога го видов со боцките ми текна уште на времето тетка ми имаше таков :D
    Јас би ги пофалила кармините на Ревлон.
     
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2.665
    Допаѓања:
    148.024
    Хит беа на времето,немаше жена која не го имаше на устата,хахахаха...
    дете бев ,ама убаво се сеќавам кога мајка ми ми рече да не и го дирам карминот,ама јас....си ставив од него и 2 дена шетав како идиот со црвена уста....
     
    На fighter, lunicka и Madonna им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Некако не се разбираме на темава...
    Долготрајни кармини се оние на кои е наведено long lasting, а не секој кармин што ви стои повеќе од 3-4 саати. Гледам сте ги спомнале на Римел, Севнтин итн ама тие не важат за долготрајни кармини, кај нив е индивидуално, на некој ќе му стојат едвај еден саат, на некој цел ден.
    Лонг ластинг кармините се нешто друго, во течна состојба се и скоро сите се во комплет со сјај за да го убие мат ефектот и сувиот изглед на усната.
    Лонг ластинг кармини достапни во парфимерииве јас имам приметено од овие марки:
    Менхетн 500 ден.
    [​IMG]
    Макс Фактор 700 ден.
    [​IMG]
    Буржоа 600 ден. Овие не одат со сјајче ама не ја ни сушат устата напротив ја прават премека, а изгледаат мат. Прекрасни се и ви ги препорачувам, освен тоа и феноменални бои имаат.
    [​IMG]
    Фреш Минералс 300-400 ден.
    [​IMG]

    Други немам приметено, а мислам дека не ни има други. За Голден Роуз незнам дали имаат.

    Инаку од овие што ги наведов ги имам сите и од сите сум задоволна. Повеќе од 24 часа стојат, значи и со влажна марамица едвај се вадат, освен Фреш Минералс тој полесно се вади и помалку трае едно 10 саати сигурно.
    Есте Лаудер тие во златна амбалажа најверојатно важат за долготрајни бидејќи наведено е дека траат до 8 саати. Другите не се долготрајни.
    [​IMG]
    Тоа е тоа што го има на нашиот пазар, можеби има и по Орифлејм и Авон...
     
    На Jordanovska-K, Sexybaby86, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  14. bluelagoon

    bluelagoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Хммм а сите овие што сте ги наброиле , ја зголемуваат малце устата? Зашто имам слушнато дека тие кармини што се долготрајни прават да биде поголема устата :?:
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    31.548
    Пол:
    Женски
    За зголемување уста само ботокс или филери. Инаку јас сум од Менхетен прездоволна. Ставам сабајле и ако не го избришам со отстранувач за трајна шминка сабајле се будам со кармин.
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    2.246
    Допаѓања:
    2.452
    Пол:
    Женски
    Како сте задоволни од овие на Макс фактор што ги постираше мимс?

    Ги имам речиси сите можни нијанси, но не ми се по мерак.
    Кога ќе нанесам од карминот, веднаш се суши станува мат иако најпрво е течен, ама по две минути ми се насобира, и буквално како да се рони. Пробав врз него да го ставам тоа безбојното (кое патем ужасно ми мириса ама нема подобро за суви и испукани усни иако првично тоа не му е намената) ама повторно ефектот е ист.
    Рокот е во ред, не е до него, до што друго може да е? Вака само со ова ми се случува :^)

    Инаку не забележувам никаков ефект во однос на зголемување на усните, впрочем не знам од каде тоа дека долготрајните кармини зголемуваат :?:

    Додека пак презадоволна сум од долготрајните на Дебора, поточно оние во вакво пакување
    http://www.makeupandbeautyhome.com/2012 ... -long.html
    Овој што јас го имам e 09, мат, совршен ми е за есенски денови.
    Иако делува многу темно кога ќе се отвори на уста се добива посветла боја, ако се нанесе само еден слој. Со два слоја се добива баш ваква боја како на сликава
    [​IMG]

    Севентин имаат исто добри лонг ластинг кармини, само не знам дали ги има и кај нас, јас имам два розеникави, пакувањето е тенко и сребрено :)
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    31.548
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е точно но сум слушнала дека Макс фактор ги прават некаде кај нас, и само им лепат етикети. Јас од кога почнав да се шминкам користам Макс фактор и последниве 2 -3 години квалитетот им е бааги намален. Во странство купен кармин Макс фактор и овде се сосема две различни поими во квалитет а цената е иста.
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    74.722
    Пол:
    Женски
    За овие на макс фактор да си кажам искуство.Нијансата беше супер ама по некое време сјајот доби некој лош мирис како на прегорено масло.И имаше некоја тежина на усните.А рокот си беше во ред.Оттогаш не сум посегнала по таков заради искуството.И не приметив дека си ја оправдуваат цената.
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.472
    значи морав да се цитирам за да одговорам.
    Јас ги користам овие од 2004 година и подобар кармин не сум сретнала.
    Мене не ми се случило сјајот да ми мириса поинаку.Јас само имам мака што сјајот побрзо се троши од карминот, а како распар не може да се купат.
    Јас овие кармини не ги менувам за ништо и ова е единствениот производ на Максфактор од кој сум задоволна.
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Од тие на Макс Фактор всушност има два вида, сега проверив и нормално имам и од двата :D
    Едните се врзани сјај со кармин, а другите се тие што ги постирав погоре во кутија што се продаваат.
    [​IMG]
    Овие на сликата се поефтини негде накај 400-500 денари. И сјајчињата не им се безбојни како што може да приметите по сликава се со некои светки и ги има во повеќе бои, накај розево, црвено, беж... Јас имам некоја беж нијанса со розеникаво сјајче и овој кармин мене ми се рони. Баш како што кажа Симончелишс. Морам да нанесувам по неколку пати на одредено време затоа што многу ја суши устата и се рони, па само шлапам со сјајот ама џабе и тој се рони. Рокот му е во ред незнам зошто е тоа така, најверојатно не ми одговара на устата, а сум приметила дека состојбата е малку подобра ако пред него нанесам лабело. Како и да е ниту бојата не ми е погодена баш па си стои така за украс. :|

    Lipfinity ретко го користам зашто ми е во ептен темно црвена бургунди боја ама сепак морам да кажам дека е одличен. Буквално не се мрда од уста и многу тешко се вади, со денови имам траги иако го тријам со влажна марамица и го вадам со средство за отстранување на водоотпорна шминка.

    Фајтер пробај со било какво друго безбојно сјајче мислам дека ќе ти заврши работа. :)
    Кога прочитав сега се сетив дека и Севнитн имаат долготрајни кармини да, ама немам искуство со нив.

    Инаку Макс Фактор во Македонија ги увезува Еликсир, може да прочитате на етикетата. Значи сите производи на Макс Фактор што ги има во парфимериите во попознативе мислам Космо, ДМ, Шатци, Еликсир, Плаза... се оргинал, а на Бит Пазар слушнав дека ги имало фејк за многу поефтини цени ама тие сигурна сум дека немаат декларации. Затоа внимавајте од каде купувате и што пишува на декларацијата, ако не пишува кој е увозник или ако е некој друг освен ЕЛиксир (затоа што се официјални увозници) тогаш постои можност производот да не е оргинал.
    Има и на фејсбук една страна G youth cosmetics што продаваат фејк производи, копии на Мак Фактор, Лореал, Диор, па дури и Шанел, од километар се гледа дека се копии така да не се лажете.
     
    На thebest7 му/ѝ се допаѓа ова.