Mims мене ме чуди квлаитетот им е опаднат а јас кукувам од парфимерии не од Бит пазар. Затоа го потенцирав Макс Фактор. Ист кармин од макс Фактор купен тука и во странство нема врска еден со друг по квалитет. Ова е мое искуство. Исто и содруги прозиводи на макс фактор но тоа не е тука тема на дискусија.
Мене пак ова со сјајче од друга страна што мимс го постира вториот пат, ми е попогодено за разлика од тоа другото како течен кармин со плус такво безбојно лабелце. Таков проблем со ронење и собирање имав само со првото што е постирано. Добро што ме потсетивте на ова со сјајче да почнам пак да си го користам, само што јас сјајот и не го употребувам. Инаку баш како што кажа Нена, порано бев многу позадоволна од Макс фактор за разлика од сега. Проблемот во што е не знам, ама сите производи си ги купувам или Космо или Дм, и порано Јуник што беше. Во еликсир само еднаш имам влезено и веќе не верувам дека ќе влезам. Со рокот се е во ред, мислев само мене да не ми се случува вака со ронењево ама еве штом и Мимс го има истиот проблем значи до производот е.
За MF не знам, но јас никако не сум задоволна од Manhattan Lips2Last. Многу слично на она што Симончелишс го опишала за MF, мене со менхетенов ми се случваше. Кога ќе нанесев само од карминот, многу брзо ја сушеше устата, а во комбинација со сјајот - се образуваа мали топчиња (грутки). Сјајот сам по себе ми се допадна и си го дотрошив, а другово го фрлив. Ниту го купив од сомнително место, ниту рокот на траење беше изминат. За овој конкретно се однесува:
Не користам многу кармин, ама имам еден од Deborah, одамна ми е и не памтам колку пари беше ама и на попуст земен беше поскап. Како и да е, цело време ставам и никако не се дотрошува, има фина кремаста текстура и лесно се нанесува, не е сув и не навлегува во наборите на устата. Најубаво ми стои кога претходно ќе ставам лабело. За вечерни излегувања ми трае цела вечер, и со пушење цигари, со пиење, јадење.. Сега, нормално избледува малку ама ќе се повтори уште еднаш и супер е. Не знам што бројче е, ама некоја јака корално-црвена боја. Од Rimmel, цело време купувам едно карминче Airy fairy се вика мислам, можеби не трае многу ама исто има кремаста структура и прекрасна nude нијанса.
Јас дојдов да ги пофалам на Римел кармините Кејт Мос во црна опаковка што се . Дури се изненадив од нивната долготрајност иако веке година дена го имам никад не сум обрнала внимание на тоа колку трае. Го ставив вчера пред да идам во град околу 10-11 вечерта,кога се вратив дома околу 3 сабајлето сеуште стоеше на уста.Можеби не со истиот интензитет и сјај како пред излегување,али се познаваше карминот сосема солидно.Во мегувреме и јадев кога си дојдов и после јадењето сеуште ми стоеше на уста.Од мене за тие пари карминот е чиста 10ка. Вчера конкретно го носев црвениов 01 Исто така ја имам и оваа нијанса која ми е хит во последно време.
^^ Мишелке 99 % сум сигурна дека е фамозната 14ка Airy fairy е многу посветол,повеќе розев и не е од колекцијата на Кате Мос
Јас од долготрајни кармини го имав од Max Factor маркерот, пред 2-3 години знам беше актуелен и мислам одамна не се продава веќе. За траен, траен беше, преубава темно црвена боја, али после 4-5 саата почна да се собира некако и морав пак да ставам да ја бојам устата и цело време така.. И после некое време се исуши. Не го ни потрошив до крај.. Главно незадоволна али ајт..колку толку го користев. И друг, сега пред неколку недели го земав на Менхетен со сјајче. 2 пати имам ставено, супер есенска нијанса, траен се разбира, но бидејќи доста суши, мене многу ми помага да ставам прво малце лабело, па одозгора го ставам карминот, така полесно и ми се нанесува, а после ако има потреба ставам и од сјајчето. Мене лабелото ми е задолжително пошто иначе мноогу ја суши устата, те тера постојано да ја лижеш устата така се зезнав првиот пат. Се мислев да си земам и од Макс Фактор некое, али сите наваливте со критики, се ронело, грутки се правеле...и ме пишманивте Ќе ги ѕирнам тие на Fresh Minerals, ако е така како што Мимс вели, 10 часа ми се повеќе од доволно
Во потрага по долготраен кармин не сум ни знаела дека дома го имам. Мајками го имаше нарачано од Авон уште одамна, но не го беше ич користела. Така случајно го најдов дома Обично на Колор Тренд од АВОН ич не им се долготрајни, но овој ептен нешто ми се погоди. Јас обично не користам темни кармини, но си велам да пробам. Навистина ми е долготраен и не се брише додека пиете кафе или вода. За некои добри 3-4 сати ќе седи на вашата уста. Бојата е темновиолетова. Иако изгледа, како темно кафено не е таа боја, остава темновиолетова боја на уста. Сега го нема во тековниот каталог и ми е криво, бидејќи има уште една посветла боја од овој и сакав да си нарачам. Квалитет за ич пари.
Речиси и да нема разлика, мислам дека е како ќе ти се погоди. По логика, ластинг финиш би требало да се потрајни од овие другиве, но мене оние во колекцијата на Кејт Мос ми се многу потрајни и побавно ми бледнеат.
Абе користам најобичен Голден Роуз, лила и ми стои од почеток на училишен ден до крај тоа значи осум саати и не мрда и во меѓувреме, јадам, пијам и ништо и преубаво мириса, ама не ставам многу, само малку и на уста се суши и останува цел ден.
Го имам 9 по ред што е, и добар е го препорачувам стои долго, и колку и да ми е на уста не ми ја суши иако е мат Еве и видео поубаво објаснето
Да , јас го имам истиов кармин и е темно црвен Инаку видов дека си од Кочани , од NYX можеш да порачаш ги праќаат по брза пошта работите од Скопје. Најди ја страната на Александар козметик на фб и јави и се. А за Есенс нека ти пише некоја од Кочани кај има
Ама мене ми е потребен бордо на виолетова мат нијанса, не темно црвен.. Инаку ако има шанси да го сликнеш, да ја видам нијансата ?