Не се скапи, или не беа може ги качиле. Сега ти се на попуст во шатци овие на мејбилин. 400 се. Трајни се ама не како менбилин а нијанси имаат убави.
Не си ги давај парите за џабе. Може до мене е, не знам, зашто ниту Maybelline овие мат течните не ми се допаѓаат воопшто (имам чувство ко слој од латекс да имам на устата ), ама и на Кајли оние воопшто не ме воодушевија. Има многу добар избор на нијанси, ама формулата па можела и да биде нешто подобра. Најубави течни мат кармини ми се на MAC. Гуглни баш, Retro matte liquid е линијата. Нема подобри за мене, многу ми се погодени.
Пред некој ден кога купував работи сакаа да ми подвалат, само од старт реков не фала, имам. Стасав дома па си реков да не испуштив нешто, да не се стварно убави
@danichap Шанел и Диор кармините важат за најдобри, меѓу популарните брендови. Колку што имам читано, козметиката на Кајли, со се кармините отпрлика секогаш се дури под просек. Сега мислам дури се веќе canceled на еден начин. Најдобро да не си ги фрлаш парите за џабе. Но, доколку сакаш сепак да пробаш, ја би ти предложила да погледаш јутуб туторијали за нив. Ем се отприлика гледа како стои, ем повеќето се искрени рецензии.
Ќе седнам на лице место да ме нашминкаат, само да имам ориентација да им кажам што сакам да пробам. Фала за препораките. Ќе ги погледнам и од МАC и овие.
За кои правите муабет? За матот? Мене vinil ink и сјајните ми се врв. @danichap И јас потврдувам за Mac ретро кармините течните одлични се, исто и кармините обичните. За Кајли имам читано дека се просечни не вредат за цената, а за Диор и Шанел би сакала да пробам. Кај нас ретко да начекам попуст на вакви брендови.
@danichap И јас ќе потврдам за MAC кармините, retro matte линијата , само да знаеш дека од таа линија имаш и течни кармини и обични (во стандардната црна опаковка) Од тие обичните retro matte ги имам пробано баш сите нијанси и се едни од најтрајните кармини што постојат, суви се при нанесување ама не се чувствуваат на уста Ги имсм моментално нијансите ruby woo, flat out fabulous, relentlesdly red, немам зборови прекрасни единствени се Од течните, имам два кармина и би ти препорачала nude нијанса да не земаш , lady be good ја имам и тој воопшто траен не ми испадна Го имам и dance with me е тој ми се погоди ептен
За MAC тие со црно пакување потврдувам дека се мнгоу трајни. А не пишува на нив дека се долготрани кармини. Диор купувам и секогаш имам по еден ама не ми вредат за парите односно тој што јас го купувам не е траен вооопшто. Брсо и лесно се брише (не е мат сјаен е).
Да @koritsaki, се согласувам за Retro matte класичните тврди кармини. Од дизајн, до избор на нијанси и трајност - вредат за секој денар. Дека овие на Кајли течни, некако по аналогија ги предложив течните MAC. Од течнивe, Dance with me и Oh lady ги имам. Светли не сум пробала зашто ми здосадија па во последно време ретко ставам светол кармин. Ама и класичните си се врв. Ruby Woo ми е најомилен црвен кармин засекогаш, не знам колку пати веќе го имам купено. Од него засакав црвен кармин и често го носам. Ептен сме во љубов.
Во потрага сум по траен кармин. Од ко фатија маскиве кармин немам ставено, тоа се добри 3 год. Претходно го користев на менхетен оној од едната страна кармин а од другата сјај и ми беше погоден, ама сега во космо викаат не ги носеле веќе во Македонија. Читам од МАС сте задоволни ама ко што ме држи памет имаше во Сити мол ама изгледа веќе не Каде имаат продавница по Скопје и дали има можеби некој убав долготраен кармин во Кико Милано?
Mac имаш во Фабу, Ист Гејт Ко тој на Менхетен имаш на Макс фактор ми се чини. Убав долготраен кармин има на Catrice liquid matte.
Јас пред два дена го купив карминов од мат линијата од Кико милано, вчера прв пат го нанесов и вака задоволна сум, само не се мн пигментирани , како Mac што се на пример Нијансата е иста како heroine на mac