1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Долго време без работа...

Дискусија во 'Барање работа' започната од Tanjamm, 18 октомври 2020.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Денеска размислував што би било кога со години би била без работа, за среќа тоа засега не ми се случило во животот и не сакам да се случи. Ова го размислував поттикната од тоа дека секој ден се учи нешто ново на работа. Има и луѓе кои завршиле образование и 10 години или повеќе се без работа. Мислам дека тоа е премногу. Едноставно човек е веќе надвор од сите текови, за што и да се образувал, се одалечува од професијата, го заборава и она малку кое го знаел. Едноставно таквиот човек можеби и не е свесен колку не знае и колку не би бил од корист на некое работно место. Дали сте биле долго без работа? Искуства? Што мислите на темата?
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Целиот живот е еден вид прилагодување. Не мислам дека ако некој се оддалечи од својата област, нема да напредува. Можеби баш во нешто друго ќе се пронајде и тоа апсолутно не го прави послаб во професијата во која претходно бил. Најбитното е да не нѐ совладуваат мислите кои најчесто ги имаме и кои реално ретко се остваруваат.

    Мене баш ми е предизвик и желба утре-друг ден да работам нешто друго и да сум со луѓе што и не се од мојата област (иако последниве месеци сум во таков круг). А долго време без работа..работа има, само да се најде кој вистина би работел. Кога ми било потребно, сум работела и миела чаши, па пак сум имала. Не сум пребирала, оти ми горело под нозе и не сум имала друг избор.

    Друго, сѐ е во учењето на карактери. И да видиш некој шо не знае, ќе научиш од него нешто друго. Од секој се учи по нешто (не мора да е учен, учен човек во теорија па ајде да го баталиш оти не чини).

    Е сега, нормално дека ако некој/а решил/а да седне дома и строго да чека по струка работа - оти да чека? Знам куп вакви што не фатиле ништо, ене чекаат уште.
     
    На Dimi_, supersandy и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Долго време без работа не сум останувала. Можеби имам и среќа поради тоа што мојата професија се смета за дефицитарна во моментов, па дури и кога доброволно сум си дала отказ поради одредени причини, во рок од месец-два сум наоѓала нешто друго по струка. Дури и побрзо, дури и повеќе опции во исто време, па можев добро да споредам и да размислам.

    Многу ме радува фактот што работам по струка, многу си ја сакам професијата и за мене работата е огромно задоволство, не ја чувствувам како обврска и тие што ме познаваат знаат дека целосно се вложувам.

    Секако, ако дојде ден некогаш да останам без работа, би работела и нешто што не е поврзано со мојата професија, но верувам дека тоа би било на краток рок и секогаш ќе се стремам кон она што сум го учела и што најдобро знам да го правам.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm, Rubiii и 3 други им се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Кога го прочитав насловот, помислив дека пишува некој кој е без работа подолго време. Кога го прочитав воведот, освен осудување, ништо паметно не прочитав. Како да зборува некој на темава кога ти уште од старт го осудуваш @Tanjamm ? Или ова е уште една од темите каде само ќе одговараат/ ќе се фалат оние кои никогаш не останале подолго време без работа? Тотално промашена поента.
     
    На Nigredo Odor, tinka-mace, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Сум без работа, 6 години скоро...
    Никогаш не сум работела тоа за што официјално се образовав.
    Сите работни места ми беа поврзани со она што неофицијално го имам учено.
     
  6. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    4.814
    Пол:
    Женски
    Јас имам завршено високо образование со голем труд, имам и релативно висок просек, ама по струка за жал не работам.
    Додека студирав, работев втори смени до 12-1 после полноќ, цело време бев на нозе, рацете ми беа де изгорени, де исечени, цело време бев во брзање, најубавиот период од животот не видов ни излегувања, ни журки, ни ништо. На одмори само бев, ама кратко на 2-3 дена.
    После тоа работев психички тешка работа (за мене лично) и се откажав многу брзо. Не се каам, бидејќи знам дека досега ќе имав попуштено во нерви.
    Пола година работев во фирма која се затвори поради намалена рентабилност и скоро цела година немав работа. После почна и лудилото со коронава.
    Се пријавив на буквално секој оглас кој го најдов од почеток на годинава. Одев на интервјуа, ми беше беспотребно губено времето, ми беше ветувано и неисполнето, ама не се откажав. Немав избор веќе да седам дома. Најдов работа во време на пандемија и веќе 1 месец се трудам максимално да се уходам на новото работно место. Иако не ми е по струка, сепак се помирив и се посветив на новата професија.
    Сакам да соберам што е можно поголемо искуство и знаење, бидејќи секако планирам да си заминам од државава. Поради короната, невозможно беше да го остварам планот за странство, а сега ми се појавија и некои други проблеми поради кои не можам да си заминам. Прва прилика на стабилизирање, одма пакувам куфери, бидејќи овде не би седела ни да земам милиони месечно.
    За да бидам среќна и да живеам мирен живот, би живеела и на крај на светот. За жал, овде тој ‘луксуз’ го немаме.
     
    На GirlLove, Ladybug98, tinka-mace и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не би работела било што колку да не седам дома, да си губам здравје и нерви за што?
    Ако не можам утреден да најдам работа по струка (иако уште сега одам на пракса) подобро странство ќе рмбам за пари, него ли тука за беспари.
     
    На GirlLove и Tanjamm им се допаѓа ова.