Долго време без симпатија

Дискусија во 'Сингл' започната од easyyyyy, 7 март 2011.

  1. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    173
    само за single феминките :P
    Дали и вас ви се случува подолго време да не ви се допага никој? Мене баш тоа ми се случува...И не,не зборувам за карактер туку физички... Ок,не дека не ми се бендисувале никој воопшто,ама зборувам за симпатија која ке те остави со подзината уста,за симпатиија која ке ти се тресат и раце и нозе кога ке ја видиш :) ...такво нешто ми се нема случено веке 2 години...
    Имам многу попребирливи другарки од мене кои прибираат да биди ваков,таков,онаков,и на крај тие бендисуваат повеке од мене... навистина си се чудам како можи од толку луге да не ме привлекува некој....можеби смешно е кога ке се рече симпатија,како да сум 15-годишно девојче,но баш во тоа е проблемот...ако не можам да си пронајдам личности кои ме привлекуваат физички како ке го пронајдам вистинскиот? :^)
     
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    долго време без симпатија

    Феминке, потполно те сфаќам затоа што и јас сум таква. Едноставно кога ги анализирам машките, секогаш посакувам да би можела да земам по нешто од 3/4 машки па да си ја создам својата совршена симпатија. Но, тоа не се случува во вистинскиот живот па изгледа ќе треба да продолжиме да бараме по "совршениот"... Некои од другарките веќе имаат долги врски а јас неможам ни симпатија да најдам... |( Секој со својата судбина... Феминке,ќе дојде и нашето време,само треба трпение :* :hai:
     
    На Janina, KateCyrus, kitfox2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Philosopher

    Philosopher Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    долго време без симпатија

    Женски, симпатиите не се чекаат, не се бараат..Исто како и љубовта. Сами ќе дојдат...со самата љубов. Таа љубов секако дека ќе дојде. Кај некој порано, кај друг покасно. На кој-како му е кажано. ^^ Бтв „таа’’ љубов е најубава. :$ И немојте да мислите дека е до вас шо постојано сте сингл, и слично. Како што викаат; Не посакувај дечко што ќе ти го промени статусот на љубовната врската, туку дечко што ќе ти го промени животот. ;)
    Сега уживајте додека можете. Поздрав. ;)
     
    На Janina, eutixismena, Kristinna92 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    4.082
    долго време без симпатија

    Нема врска. И јас еднаш сум немала симпатија или не сум сакала никој 9-10 месеци. Ги имам броено тогаш, не за друго. :D Тогаш бев нестрплива да засакам некој, божем не се може без машки и љубов. (Е љубов де, демек, за онаа детската зборувам. :)) Искрено, сега кога ќе се сетам на тоа сум се чудела зашто тоа толку сум го исчекувала. Дури јас самата се обидував да се натерам себе си некој да засакам, си викав ееј, овој убав е, као го свиѓам а уствари немало везе. Како што самата си кажа, тие личности не ни предизвикале треперење на рацете или нешто слично. Никогаш не треба со сила - тоа секогаш ќе си дојде кога е време. ;)


    А инаку мислам дека има слични теми на оваа и си можела да прашаш во некоја од нив или пак во СДП, но како и да е, мене ми е мило што го дадов моето мислење на ова прашање. ;)
     
    На pink4ever и Philosopher им се допаѓа ова.
  5. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    долго време без симпатија

    И јас долго време бев без симпатија и еве конечно сега се појави еден кој ми се свига :$
    на сите им наогав мани..НО, не дека сум пребирлива.. :!: едноставно иако мегу другарите имам убави машки, не ме привлакаа..најчесто одредени особини на машкото ме одбиваат...и башка што сум височка така да помал е бројот на потенцијални додворувачи :D се надевам со новава симпатија ке биде нешто :$ wish me luck
     
  6. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    173
    nejm со срека :* ти посакувам за брзо да не известиш дека сте нешто повеке од симпатии :D
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Женски
    Сега лето иде, сега ќе има симпатии мислам, ќе шетниме малку на страна, а моментално ептен е лито нема шо да одбериш... ина4е ја оби4но не се оставав без симпатија, ама ми помина меракот некако....
     
  8. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    531
    Моментално и мене ми се случува тоа ме фати страв затоа што долго време не пронајдов машко што ќе предизвика нешт во мене , никој не ме привлекува сепак мислам дека е само дел кој мора да се помине.... :) се надевам не ми е судено сама да сум хахах
     
  9. Em4e711

    Em4e711 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    166
    Можеби е до мене, таков тип на човек сум, тешко да се појави некој за кој што би имала чувства.. ама кога има има, кога не, нема... Веќе долго време сум без симпатија..т.е. може кога ќе бидеме во друштво ќе речам еве овој убав е.. ама не е тоа тоа, кога веќе ќе помине некое време а не се случи ништо како никогаш и да не било :) Кренав раце од тоа веќе.. па можеби ќе се појави некој хехе
     
  10. Kristinna92

    Kristinna92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    168
    Истото и кај мене се случува, веќе 1 година се лажам со различни машки, ама џабе. Кога ќе дојди да правиме нешто, јас бегам, неможам да го направам тоа, иако сум се убедувала дека го сакам. Мислам дека не треба да се замараме со тоа, се што е наше ќе си дојде ;) таман сега лето, по одмори Охрид, ваму таму, да се надеваме ќе има некој жежок флерт :lol:
     
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.444
    Пол:
    Машки
    Девојки, не е ништо страшно де! Сте немале, големо чудо, затоа така па сте имале време за повеќе да се посветите на други работи, не е се’ во животот само дечковци, девојки, романтики, страсти... :)
    И не мора да гледате на вечерните излегувања, или летните одмори, или не знам каквите настани, како поводи, односно места каде се наоѓаат симпатии. Тие работи се случуваат спонтано, додека да трепнеш, зашто секојдневно разни луѓе има во нашиот живот.
    Па ете, јас една од најубавите врски ги имав со девојка што ја запознав на фудбалски терен, после фудбал, испотен и папсан (со еден збор, хаотичен :D), а и таа само што се имаше симнато од автобус, испотена, поминуваше покрај чешмичка да се напие вода, зашто знаете какви свињарници ни се автобусите преку лето... И ете, вака-така, се случи една од најубавите љубовни приказни. :)
    Едноставно опуштете се, живејте го животот како и досега што ви бил, во периоди без симпатии, и не го гледајте тоа како некоја „задача“ што морате да ја исполните, туку како задоволство плус во и онака вашите исполнети животи. :)
     
    На firequeenn, milamilicka, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.308
    Допаѓања:
    100.979
    Пол:
    Женски
    Не е никаков проблем тоа да не ви се допаѓаат луѓето околу вас, макар и да станува збор за долг период :).
    Јас го имав истото и, како и вас сметав дека јас сум проблемот, дека сум заборавила како е да те привлекува некој, додека пак пријателите околу мене вообичаено беа со коментар од типот „превисоки ми се критериумите“, па затоа и не можам да си бендисам некој.
    Сега знам дека не е во мене проблемот, едноставно нити јас во тој период бев подготвена да бидам со некого (бидејќи излегов од долга, многу долга врска), нити пак сум имала некој човек, што го поседувал во себе сето она, што на мене ми било потребно за да ме привлече (не дека немало фини момци, не дека нешто им недостасувало на тие околу мене, нити во нив, нити пак во мене бил проблемот..).
    Кога ќе дојде моментот, кога вистински ќе сте подготвени за нов чекор и кога ќе го сретнете човекот што ќе ве привлече и вие самите ќе го разберете истото што ви го кажувам. Не сите сме способни да влетаме во врска со некој кого туку што сме го запознале, или да започнеме нешто со некој што не не привлекува, пак да научиме да се сакаме уз пат. Сосема нормално е се’ што ви се случува и сосема нормално е дека ќе помине. И не, секако дека тоа не е проблем... не вклучувајте го алармот, се уште е рано :), впрочем се во свое време, а пак и никогаш не е доцна, макар биле бабички од по 90 години, се додека дишете и се движите имате право и треба да се надевате на се’. Важното е дека знаете што е за вас, а што не е. Останува да си трагате по него, макар што останувам јас на мислата „што е ваше ќе си дојде“, без со потерницата да итате кон него.
     
    На Doozy, Em4e711 и easyyyyy им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.805
    Пол:
    Женски
    Ми се има и мене случено исто да немам подолго време некој таков симпатија буквално да ми се тресат нозете и пеперутки да имам во стомакот :D , но тоа не е ништо страшно ендоставно не може секој да биде привлечен за твое око :*
     
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.169
    Феминки, ако сакате симпатија а неможете да најдете слободно кажете можам да позајмам ги имам 3/4ца ... Барем да почнам да ги рецкам :lol:
     
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.024
    И јас имам симпатии за раздавање :lol:
    Едно 10 души свиѓам па повелете ги издавам по повoлна цена ;)
    Инаку и јас немам некој симпатија од кој осеќам крокодили у стомакот и остали ствари :D
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Се вљубуваме кога најмалку очекуваме. Тоа е факт и затоа не треба многу да се размислува на оваа тема. Работите треба да течат спонтано, кога најмалку очекуваме се појавува некој специјален во животот. Не треба многу да се драматизира околу ваквата ситуација.
    Освен тоа, смислата на животот не е само во дечковците... Има толку многу работи што не прават среќни. На некои дури и не им обрнуваме внимание.
    Затоа девојки, уживајте во животот, со нервирање и лоши мисли не се случува ништо позитивно.
     
  17. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    118
    Јас немав симпатија се до мојата 14 година.Моиве другарке беа многу напредни,а јас сеуште си играв пред зграда :) ,па кога зборуваа за симпатии морав да измислувам(иван се викаше измислениот).а за натаму имаше повеќе такви ситуации,но кој те прашува тогаш ;)
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.766
    Да, ми се случило да не постои дечко поради кој за мене гравитација не важи. Имав еден период таков, едно година дена можда. И глупаво е, искрено, досадно некако.... како теми за разговор да ти фалат, ти фали инспирација, празно некако се чувствував.
    Си има и мани и предности, додуша. Ете предност е што не се нервираш ако не те погледне или ако не ти врати на порака, предност е што не си љубоморна и не ти е криво што не ти е во прегратки во моментот. Некако си опериран од нервози.

    Веќе не ми е така :)
     
  19. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    720
    Не е ништо страшно. На сите ни се случува ова. После невозватена љубов или разочарување во љубовта се заморуваме и чувствуваме дека немаме сили за повторна љубов. Еве и јас веќе неколку месеци не сум заљубена. Нормално ми се свиѓаат некои дечковци али не до толкав степен. Па можеби и сеуште не си го пронашла оној кој ти прави срцето да ти дрнда и пеперутките да ти го превртуваат желудникот :)
     
  20. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    120
    За жал мислам дека не останувам без симпатија
    :(
    Па што,и да имам и да кажам на другарките, ќе ме зафркаваат, па ова па она... :D

    За мене овие денови ТОЈ е таа личност што ми обрнува внимание , што е добар, фер, мил, сладок, ми помага ...
    Сакам да си го изгушкам силно ! :$
    ..

    Али како и секогаш .. тој не е за мене.. :|

    Си има девојка, која ја сака и почитува , и покрај сите нејзини мани.., а и убава е ..

    Па што да се каже ... им ја посакувам цела среќа на сиот свет..

    А тој секогаш ќе ми биде ДРУГАР.. :(