Ја отфрлив одамна како критериум, анаконди само у Бразил, овде ја бирам душата, у море од ситни и несигурни змии - гуштерчиња.
Го покажува твојот профил или јас сум грепка? Ако е со буцко поврзано подобро избриши го линков 18 минимум
Мислев дека машкоста е морална категорија, квалитет, а не анатомски квантитет. Освен статистички аутлаери над/ под 2.5 стандардни девијации, не гледам да е важно и предмет на толку расправа. Што правиме со квалитетот, кој единствено може да се контролира делумно?
Ќе речев, колку несоодветен еуфемизам, и потоа ми текна дека е тоа семантичка противречност. Еуфемизам произлегува од фемина, и претпоставува дека 'оженствувањето' на терминот го прави посифистициран народниот, вулгаризиран збор за машки полов орган. Чудна 'поезија'. Инаку, на квалитетот треба да се работи посветено, што е секогаш потешко и понедефинирано, затоа квантитетот се претвора во единствена ' видлива' мерка за машкост во свет на сеизмерливост.
@Vikktorr Да, да секако. Штом на еден сајт немало дефиниција, мора да не постои и тоа ни дава право да си го толкуваме како сакаме. Ако нема дефиниција за пенис, јас отсега зборот за квака ќе си го користам Па, како за почеток, не продожувам да се однесувам дека сум во право, кога ми покажуваат дека грешам. Ама его, разбирам. Тешко е на толку филозфирање
Поглупи наслови од темите во секс категорија нема. Уште и 80 стр има испишано на темава.. Насловот не е конкретен и глупо поставен, плус и првиот пост нема врска со тоа што е насловот. Да е во категорија, игри или нешто друго од забава да разберам вакви глупи наслови.
Од кога машкоста има мерна единица, димензии...? Исто ми е како сега темата за менструален циклус да се нарекува "црвената тетка". Постои име машкиот полов орган, зошто нема конкретен наслов "должина на пенисот". Има тема мислам и "вагинални инфекции" што не се вика "инфекции на женственоста"... И според мене форумот е место за дебати, дискуси, прашања, разменување на мислења, а не место за искажување на сексуални фантазии... Затоа и ја избегнувам оваа категорија да ја читам, единствено само кога ќе се појави во неодамна активни теми знам да отворам.. Има теми кои заслужуваат да бидат тука и да се дел од форумот, ама вакви дефинитивно не, особено не со недефиниран наслов..