1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Должностите на жената Муслиманка и нејзините права.

Дискусија во 'Канта' започната од Aisha, 28 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Должностите на жената Муслиманка

    Жените имаат важна улога во животот на човекот. Така било порано, а така е и денес. Денес неможеме да го замислиме верскиот живот без женските лица. Тие се душата на исламското живеење во секој нејзин поглед. Затоа ќе речеме дека исламот не е религија која ги понижува или омаловажува лицата од женскиот пол, туку им дава голема чест и достоинство.

    Но покрај почестите Исламот им дава и задолжение и обврска на жените, особено на мајките исламски. Така, прва и основна задача на мајката е да се грижи за верското воспитание на децата како и чување и негување на верските традиции и обичаи во семејството. Ова го велиме затоа што семејството, како основна заедница во верскиот живот, има многу важна улога и во општественотото живеење. Затоа неслучајно Исламот отсекогаш се труди да изгради здраво и стабилно семејство кое ќе се раководи според исламските норми. Во основа животот во семејството зависи од односите помеѓу мажот и жената, а кое, пак, целосно се рефлектира и во воспитувањето на децата. Одговорноста е еднаква и за двајцата сопружници и за мажот и за жената.

    Сепак, за разлика од другите, Исламот, кога е во прашање религиозното воспитание, вели дека таа должност повеќе и припаѓа на жената т.е. на мајката. Исламот вели дека добрата жена и домаќинка треба да биде најпрво добра верничка и добра сопруга и домаќинка и да се залага за доброто на своето семејство. Треба да е мудра и да знае секого да поучи. Но најосновно е таа да е религиозна и со страв Божји да ги воспитува своите деца. Стравот Божји не подразбира дека децата треба да се плашат од Бога и да се одвраќаат од Него, туку да се клонат од лошите работи и неубави навики што се спротивни на исламскиот живот. Оти исламското воспитание има за цел да изградува, пред сé, високо морални личности. Се разбира, вистинска моралност нема без религиозна основа. Затоа ќе речеме во колкава мера ќе биде присутна верата во религиозниот живот во семејството зависи само од жената. Затоа и народната поговорка вели: “Куќата не стои на темелот туку на жената“. Оттаму излегува дека жената е воспитувач на луѓето и стожер на семејниот живот. Само мајка која верува во Бога ги приведува своите ближни во Куранската светлина и го осветлува домот. Оти верата во Бога ги упатува луѓето на она што е добро и возвишено, ги учи на заедничка љубов и меѓусебно помагање, на милосрдие и братољубие, со еден збор на сé што е угодно на Бога и луѓето.


    Во таа насока треба да се движи улогата на жената, мајката, муслиманка и денес. Најнапред треба да се грижи околу нивното верско воспитание, да ги учи на одвраќање не само од јавни, туку и од тајни лоши дела, да знаат дека со тоа го навредуваат Бога и дека за сé даваме одговор пред Него по смртта. Да ги одвраќаме децата од сé она што Аллах џ.ш. За да има детето појасна претстава за Бога треба да го доведуваме што почесто в џамија на веронаука, да се упатува на верските работи.

    Голема грешка прават некои родители кога велат дека тие не би сакале да му натураат никакви идеи на детето па ни верски или религиозни. Кога детето ќе порасне, велат, нека избира што ќе сака. Ова е многу лошо затоа што детето ако не се научи од млади години после е многу тешко. Ајде да го оставиме детето до својата 16-та година и да не го учиме да зборува, па кога тоа ќе порасне нека си избира јазик кој ќе му се допадне! Можеме ли да си дозволиме таква “слобода“? Што ќе стане од детето тогаш? Така е и со неговото религиозно воспитание. Од друга страна, како можеме да бидеме сигурни дека кога тоа ќе порасне ќе го избере вистинскиот пат!? Нема ли тоа да вели, како мнозина денес, немам време за в џамија? Народот вели: дрвото се витка додека е младо, а така е и со децата.

    Не е оправдано и тоа кога некои велат дека децата се мали и неразбираат па да не ги теретиме со такви работи. Исламската религија го има и тоа својство да е достапна и за детската возраст. Чистата душа на детето на свој начин ги прима и доживува верските вистини. Со телесниот растеж, ако расте и духовно, подоцна ќе може подобро да одговори на своето назначување и определба.

    Не ретко денес нашите семејства децата ги упатуваат исклучиво на светски науки и им приведуваат примери само личности што светот ги слави. Генерално Исламот не е против образованието, но не треба да се заборави и Божјиот закон и во животот да се раководат според куранските норми и вистини. Треба постојано да им се укажува на опасноста од егоизмот и суетата како најголеми зла во меѓучовечките односи.

    Личниот пример на родителите и примерите од исламската историја најмногу придонесуваат за верското воспитување на децата. Познато е дека воспитаникот повеќе верува на она што го гледа отколку на она што го слуша, на своите очи отколку на своите уши. Затоа мајката треба да биде добра верничка и добра муслиманка, да ги познава, барем, основните норми на исламот и според нив да ги воспитува своите деца и да им биде вистински пример и идеал во животот.Такви примери на лично остварување на мајчиниот подвиг имаме многу во исламот.

    Правилно воспитаниот човек лесно ќе се снајде себе си и кога ќе се соочи со разни искушенија, ќе снајде сили во себе да се спротивстави на злото и да го присвои доброЗатоа да ги учиме и да ги воспитуваме децата во духот на нашата Исламска вера, да ги учиме да го сакаат нашиот јазик, вера и култура, оти без познавањето на овие белези ќе бидеме како дрво без корен кое лесно може да се изгуби во сите тешкотии и искушенија што ги носи овој современ свет.

    БОЖЈАТА МИЛОСТ СПРЕМА ЖЕНИТЕ


    „А верниците и верничките се пријатели едни на други: бараат да се прават добри дела, а од лошите да одвраќаат....“

    Аллах во Куранот ни кажува дека на човечките суштества им дал „слава“(Куран. 23:71). Тој им дава просперитет на сите кој што го практикуваат исламскиот морал и кој што го следат патот кој што Тој го објавил во Куранот.А едиствениот начин на кој некои жени можат да побегнат од сите проблемите на кој што се изложени во необразованите средини, и да добијат почитта која што ја заслужуваат, се наоѓа во Куранот објавен на нашиот Пратеникот (с.а.в.с.) за да луѓето го најдат патот од мракот во светлината.
    Во многу курански ајети, Аллах ги штити жените и ги брани нивните права, ги отргнува погрешните идеи за жените во сегашните необразовани средини, и им гарантира почит во опшетсвото. Куранот ни кажува дека дека мерката за вредност пред Аллах не во родот; туку во стравот од Него, во верата, во моралното совршенство, искреноста спрема Аллах и во побожноста. Сите овие ајети се доказ за големата Аллахова великодушност спрема жената.

    „О луѓе, Ние ве своривме од еден човек и една жена, Ве ствараме и на народи и на племиња ве делиме, за да се запознаете.Најугледен кај Аллах кој што најмногу Му се плаши, Аллах навистина се знае и ништо не му е скриено“.(Куран, 49-13)

    „О синови Адамови, Ви дадовме облека која што ќе ги покрива вашите срамни места, а и раскошни облеки, но, облека на чесноста, а тоа ви е најдобро.- тоа се некој Аллахови докази за тие да се опаметат“.(Куран 7:26)

    На други места во Куранот, Аллах вика:„А за доброто кое што ќе го направите Аллах знае. И она што ви е потребно за пат, снабдете се. А најдобрата опскрба е богобојазноста. И од Мене плашете се, о, вие со разум обдарените!“(Куран, 2:197). Тој ни кажува дека најдобриот квалитет кој што човечкото битие може да го поседува е побожноста.

    Значи побожноста е особина која што на луѓето им ја дава нивната основна вредност и супериорност пред Аллах. Во Куранот Аллах вика:„ На оние кој што милостиња даваат и на оние кој ќе даваат, и кој со драга волја Аллахова ќе даваат заем- повеќекратно ќе им се врати и нив ги чека племенита награда“.(Куран 57:18).
    Овој ајет ги потсетува и жените и мажите дека ќе добијат вистинска награда и најмногу чест, ако живеат морално како што одредил Аллах. Жените и мажите имааат различни физички карактеристики, но тоа не е причина, да било кој од нив биде посупериорен во однос на другиот. Во друг ајет, Аллах вика дека богатството станало мерка на супериорност за некои луѓе, но подобро да бараме, великодушност од Аллах.
    „ И не посакувајте го она што на некој од вас Аллах му го одредил. На мажите им припаѓа награда за она што тие ќе го направат, а на жените за она што тие ќе го направат. И Аллах од изобилството Негово молете го. – Аллах навистина се добро знае!(Куран 4:32)
    Во Куранот, Бог ни кажал што треба да се направи за да се заштитат и да чуваат жените во опшеството, и како да им се оддаде почитта која што ја заслужуваат. Сите овие мерки се во интерес на жената, за да не им се прави неправда и да не се угнетуваат.

    Во Куранот, Бог на човештвото му го покажува вистинскиот пат и укажува на погрешните постапки од неверувањето. Спрема Исламскиот морал, не е важно да се роди како машко или женско, туку важно е да се биде приврзан кон Бога со длабоко верување и страв. Внимателна покореност кон Божјите наредби и забрани, означува да се проба да се живее во склад со моралното учење на Куранот. Ваквата личност претставува вистинска вредност на човекот пред Бога.

    Во Куранот, Бог Ги објаснува основните карактеристики кои секој верник мора да ги поседува, било машко или женско.

    „А верниците и верничките се пријатели едни на други: бараат да се чинат добри дела, а од лошите одвраќаат, и молитва извршуваат и зеќат даваат, и на Аллах и на Неговиот Пратеник се покоруваат. Тоа се оние на кои Аллах, сигурно ќе им се смилува. – Аллах, навистина, е Силен и Мудар.“ (9:71)

    Жените и мажите ќе одговараат за обожавањето, животот во склад со моралното учење на Куранот, поттикнување на другите да чинат добро, а одвраќање од зло и извршување на сите нередби и прописи во Куранот. Бог ветил дека ќе им даде на сите луѓе, и на мажите и на жените, „способност да ја разделуваат вистината од невистината“ (8:29). За возврат на верувањето и искреноста на луѓето, Бог ќе ги упатува сите индивидуи на секое поле од животот и ќе Ги упати на вистинскиот пат кон Себе. Он ќе им помогне да донесат вистинска одлука и да се однесуваат правилно; и Он ќе им дари интелегенција, разбирање и перцепција. Значи, интелегенцијата нема врска со родот: таа доаѓа потполно од стравот од Бога и искрена приврзаност и блискост со Него.

    Секоја жена или маж кои се однесуваат во склад со интелегенцијата која ја добиваат од верата може да ги надмине многу други и да постигне среќа во животот. Ова зависи потполно од волјата, предаденоста и одлучноста од личноста. Спрема Исламскиот морал, ниту еден верник нема себеси да се смета како совршен на било каков начин. Наместо тоа, секогаш ќе тежнее да биде поинтелегентен, поспособен, поодговорен, редовно да ја развива својата личност и да биде поуспешен во водењето на моралниот живот. Колку што може, ќе вложува напори да се развие себеси на секое поле. Во Куранот, Бог вели дека верниците Го молат да бидат примери на добра личност на оние околу себе:

    „А робови на Милостивиот се оние кои говорат: ’Господаре наш, подари ни во жените наши и децата наши радост и направи честитите да се огледаат на нас!“ (25:74)

    Жената муслиманка која дава сè од себе во сè и која тежнее да биде добар пример на сите со својата личност, моралната честитост и волја, Бог ќе и даде висока позиција во друштвото. Таквата жена ја извршува секоја должност на најдобар можен начин, донесува примерни одлуки, наоѓа најдобри решенија за проблемите и применува најдобри мерки.

    Може да видиме дека спрема моралната практика на Исламот мажите и жените се потполно еднакви во друштвото. По пат на Куранот, Аллах Милостивиот Ги поништил сите разлики кои неуките системи на верување го чинат помеѓу мажот и жената; и наредил на жените да и се дадат вредностите кои тие ги заслужуваат. Ова потполно сè зависи од силата на верувањето на мажот – жената – во Бога, како и од нивниот морален карактер и одговорноста која ја носат. Врз основа на тоа, жените кои го прифатат Исламскиот морал никогаш не мора да се борат за еднаквост со мажите; наместо тоа, влегуваат во морално „натпреварување“ на вредностите. Во натпреварување на добрините, верниците мора да вложат сè од себе да го заслужат Божјото задоволство во секој момент од својот живот.

    Имајќи ја оваа цел на ум, тие се борат во натпреварувањето на добрини да станат личност најблиска на Бог и личност која Бог најповеќа ја сака. Меѓутоа, ова натпреварување исклучително е со цел за Божјото задоволство. Бог во Куранот вели дека една од главните особини на верникот кој ги воздигнува на овој и на оној свет е нивниот труд да ја постигнат таа цел:

    „Тие итаат да чинат добри дела, и поради нив други претекнуваат. “ (23:61)

    „Ние ќе направиме потоа Книгата да ја наследат оние Наши робови кои Ние ќе ги избереме; ќе бидат од оние кои према себе се огрешиле, ќе бидат од оние чии добри и лоши дела подеднакво се тешки, и ќе бидат оние кои со Аллахова волја, со своите добри дела другите ќе ги надминат – за тоа ќе добијат голема награда.“ (35:32)

    Во друг ајет, Бог нè потсетува дека никому – било маж или жена- нема да се направи неправда ниту на овој, ниту на оној свет, туку сите ќе го добијат точно она што го заслужиле:

    „На оној кој чини добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме со подобра награда отколку што заслужиле.“ (16:97)

    Сите овие работи се доказ на милоста која Бог ја покажува према Своите верни робови. Во друштвата каде не се практикува моралното учење на Куранот, жените сеуште се третираат како граѓани од втор ред. Но бидејќи Бог “Самостален“, Он Ги штити сите жени и им дава слава и почест.
     
  2. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Најблагословена жена

    Ако една муслиманка навистина сака да биде најблагословена сопруга, тогаш мора да го жртвува дуњалукот за ахирет и да покаже во практичен пример дека е онаа од кои на најлесен начин се снабдува. Таквата муслиманка не смее да си дозволи себеси никогаш на својот сакан сопруг оптоварувања над своите можности, и од него да го бара она што тој не може да го понуди. Таа никогаш не треба да го доведе во позиција да отиде во харам заработка поради нејзините барања и мора да биде поттик на сабр и само за халал снабдување. Правоверните жени своите сопрузи ги охрабрувале на халал заработка со зборовите: „Чувај се од харам заработка, бидејќи ние можеме да трпиме глад и жед, но не можеме да го трпиме огнот Џехеннемски!“

    Ако го анализираме, ќе видиме дека многу муслимански жени, не ги познаваат приоритетите, или го замениле дуњалукот за ахирет така што многу често доаѓа до развод на брак доколку мажот нема капацитет да ги исполни сите нејзини желби и потреби и често се правда со "невозможносот на подршка од маж". А таквите жени обично не знаат што значи тоа од страна на "одржување" и мислат дека нивниот сопруг е должен да го обезбеди сè она што го има нејзината пријателка или сосетка врз која се огледува, а лоши примери зеле. Тоа е големо насилство кон братот муслиман, кон оној кој толку се труди да ги обезбеди основните средства за живот на своето семејство.

    Драга сестро, тој кај тебе заслужува најголемо право во тебе, заради тоа немој да му правиш насилство и немој да го споредиш со оние кои многу помалку вредат. Да се сетиме на трпението кое го имале Пратениковите, а.с., жени и другите правоверни жени. Да се сетиме колку му било тешко на Пратеникот, с.а.в.с., кога неговите чесни сопруги посакале тој да им понуди повеќе од она што бил во состојба. Колку пател и бил тажен.Силно го погодува желбата по дуњалукот на неговите драги сопруги. Со денови со никого не разговарал дури и посети од најдобрите асхаби не примал.

    Џабир, е.а., тоа ни го опишува на овој начин: „Дојде Ебу Бекр, р.а., како би го примил, а пред вратите имаше луѓе, но не му дозволи иако беше внатре. Потоа дојде Омер, р.а., и нему не му беше дозволено да влезе. Подоцна се премисли па им отвори на двајцата, тие влегоа. Го најдоа како седи и молчи, а околу него неговите сопруги. Омер реши да каже нешто што би го насмеало, па рече: „Неговата ќерка, порано да побараше пари за трошење од него (Омер) би ја одгрубил главата.“ Пратеникот, а.с., се насмеа и рече: „Еве овие околу мене бараат да трошат.“ Тогаш Ебу Бекр, скокна кон ќерката (Ајша) за да ја удри, а Омер истотака кон Хафса, велејќи: „Го барате од Пратеникот, а.с., она што не го нема.“ Пратеникот, а.с., ги задржа, а тие повикаа: „Се колниме во Аллах, од овој момент нема да бараме она што го нема.“

    По овој настан Аллах, с.в.т., го објавил ајетот во кој Пратениковите, а.с., жени се ставаат на избор. Пратеникот, а.с., прво почна од Ајша, р.а.: „Ќе ти наведам нешто во врска околу кое треба да се изјасниш, само не би сакал тоа да го направиш пред да се консултираш со родителитете. “ „А што е тоа?“ Запраша таа.
    Пратеникот, с.а.в.с., го проучи ајетот: „О веровеснику, кажи им на жените свои: ’Ако го сакате животот на овој свет и неговиот сјај, тогаш одлучете се, ќе ви дадам пристојна отпремнина и убаво ќе ве отпуштам. А ако го сакате Аллах и Неговиот Пратеник и оној свет, а Аллах навистина на оние меѓу вас кои прават добри дела подготви голема награда.“ (Ел-Ахзаб, 28)
    „Зарем покрај тебе, родители да се консултираат“ рече Ајша и продолжи: „Не, јас го избирам Аллах и Неговиот Пратеник. И те молам не споменувај на ниту една жена дека тоа сум го избрала. Пратеникот, с.а.в.с., на тоа рече: „Аллах не ме испратил да бидам груб, туку ме испратил да подучувам и олеснувам. Која од нив ќе ме праша што си избрала, јас ќе и кажам.“ Се разбира, сите избрале како и Ајша, р.а..

    Да го погледнеме предупредувањето кое го испратил Аллах, с.в.т., на најодбраните жени, на мајките на сите верници: Тие имале јасен избор помеѓу дуњалукот и ахирет. Бирале помеѓу разводот и Аллах и Неговиот Пратеник! Тоа не е ситница! Тоа е многу сериозна порака!

    Што мислиш сестро драга, ти која го оптеретуваш својот сопруг преку неговите можности, каква порака ти би добила од својот Господар? Се плашиш ли да го замислиш моментот на средбата со Аллах? Свесна ли си дека Аллаховиот роб го испраќаш незадоволен, со листи на дуњалучки желби и барања, без најмалку срам и рахмет! Плаши се од Аллах сестро драга! Зарем ќе го жртвуваш вечниот раатлук и уживање во благодатите на Џеннетот за лажната слава на дуњалучките украси? Не, немој тоа да го си дозволиш себеси, мила сестро.

    Поправи го својот однос кон Аллах поправајќи го со својот однос кон својот сопруг. Биди горда што го носиш епитетот на најблагословена жена. Биди му искрена придружничка во добро и во зло и надевај се на наградата која Милостивиот ја ветил за трпеливите и благодарните. Не заборавај мила: „Кому ахиретот му биде најголема грижа, Аллах ќе му го збогати неизбежно ќе му дојде.“

    Честита сопруга..



    Аллах, џелле шануху, кажува: „..Па, заради тоа добри жени се оние кои се побожни и послушни и за време на отсуството на мажот водат грижа за она што треба да води грижа, бидејќи, Аллах нив Ги чува..“ (Ен-Ниса, 34)

    Толкување на овој ајет, дава хафизот ибн Кесир, па вели: „“Ес-Салихат“ – добри жени, “Канитат“ – вели Ибн Абас и други – значи послушни на своите мажи -, “Хафизатун ли-гајби“ вели Ес-Суди и други – онаа која во отсуство на нејзиниот маж ја чува својата чест и достоинство и неговиот имот..“ (Тефсир Ибн Кесир 1/743) Пратеникот, алејхи селлам, кажува: „Жената која клања пет вакти намаз, која пости, која ја чува својата поштеност и послушна е на својот маж, ќе и биде речено: ’Влези во Џеннетот на која врата сакаш.“ (Сахихул-Џамиа, 660)

    Во друга прилика, Ресулуллах, алејхи селлам, кажува: „Вашите жени се жители на Џеннетот, тоа е онаа која многу сака, многу работи и внимателна е кон својот маж и која кога мажот и се налути ја става нејзината рака во неговата и вели: ’Нема да заспијам додека не бидеш задоволен’ “ (Силсетул Сахих, од Ел-Албани 287). А, во Суненот на Ен-Несаи, Ебу Хурејре, р.а., вели: „Аллаховиот Пратеник беше запрашан: Која жена е најдобра?’ Одговорил: Онаа која кога мажот ја погледне се радува, кога и нареди го слуша и не му се спротивставува во ништо што тој презира.“ (Сунен Ен-Несаи, 3030)

    Благородна сестро-муслиманко, преиспитај се, види каде ти е местото во однос на овие својства, и обиди се да ги оживотвориш во пракса барајќи го Аллаховото, џ.ш., задоволство.

    Навистина, само на тој начин ќе си осигураш себеси, на својот маж и своите деца сигурен живот и на овој и на идниот свет. Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам, еднаш ја запраша една жена: „Имаш ли маж?“ Одговорила: „Имам“ ја запрашал повторно. „Каква си кон него?“ рекла: „Не го напуштам се додека не се уморам од него.“ Алејхи селам, и рекол: „Гледај каква ќе бидеш кај него, бидејќи тој е твојот Џеннет и твојот Џехеннем.“ (Ахмед)

    Од сето ова може да заклучиме дека основните својства и карактеристики на хајлија жена би биле следните:

    01.ЧЕСТИТА – онаа која прави добро и ги извршува должностите кон нејзиниот Господар.

    02.ПОСЛУШНА – онаа која е послушна на својот маж, освен во она за кое се лути Аллах, џ.ш..

    03.НЕВИНА – онаа која ја чува својата чест и достоинство во отсуство на нејзиниот маж.

    04.ЗАШТИТНИЧКА – онаа која го чува иметокот на својот маж и своите деца.

    05.ГРИЖЛИВА – онаа чиј маж е задоволен со нејзиниот изглед, украси и ведро лице.

    06.ПРЕТПАЗЛИВА – онаа која кога мажот и се налути е задоволна, бидејќи тој, како што се наведува во горниот хадис е нејзин Џеннет и нејзин Џехеннем.

    07.ВНИМАТЕЛНА – која кога мажот ја посака не одбива, бидејќи онаа која така постапува има ветен Џеннет како што беше наведено во хадисот на Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам: „Жената која ги извршува своите пропишани намази, постот, ја чува својата чест и е послушна на својот маж, ќе и биде речено: ’Влези во Џеннетот на која врата сакаш.“
     
  3. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Улогата на жените во Исламот
    Исламот го покрена на статусот на жените и ги направи еднакви со мажите, во повеќето одлуки. Така жените, како и мажите, се заповеда да се верува во Аллах и да се поклони на Него. А жените се направија еднакви со мажите во поглед на наградата во иднина. Жената имаат право да се изрази себе си, искрено да даде совет, да го дели она што е добро и забрануваа она што е зло, и да се повикуваат луѓе на Аллах.


    Жената има право на сопственост, да купува и продава, за да наследите, да се даде за детали и да даде подароци. Жената има право на пристоен живот, без да се соочува со агресија. Жената има право да се школува, всушност е задолжително да се учат да биде она што треба да знае за својата религија.

    Исламот има изнесени на единствен и комплементарни улоги за мажите и за жените. Кампања на дезинформации во режија на повеќето од Запад кој го спроведува до нив дека исламот проповеда нечовечки практики и угнетување на жените треба да се нагласи. Противниците на исламот обично злобно манипулираа со фактот дека муслиманките се бара да се облекува скромно, а се забранува мешање од слободно со спротивниот пол.

    Западот е толку успешен во размножителен од овие искривени ставови дека дури и некои муслимани паднале жртва на него. Ова треба да едвај дојде како изненадување кога се знае дека муслиманите имаат тенденција да бидат повеќе запознаени со Западната литература од нивните сопствени исламски наследства. Во Британија , помеѓу 1960 и 1978 година над 22.000 книги и списанија 43.000 објавен материјал клеветеа за учењата на Исламот.

    Кога секоја форма на медиумите и образованието, како што се, телевизија, училишта, наставници, пријатели, колеги, книги, весници и списанија се сите да се пренесе оваа порака искривени дека исламот ги угнетува жените; не е чудо што оние кои се лошо образовани, со фактите на предметот, се толку лесно да се оддалечиле далеку од вистинскиот пат.

    Денес постојат разни феминистички кампањи и организации за правата на жените кои сметаат дека е неопходно да се прогласи независност на жената. Поради што е тоа потребно? Постои ли потреба за такви организации? Дали жените рамноправно се третираат во нашето опшество?

    Жената како имот


    Жената најчесто е опишана како човечката подобра половина. Дали таа е навистина подобрата половина или е само половина од тоа значење? Дали е половина од се ? Успехот на човекот обично се мери по она што постигнал во животот , по материјалното поседување и колку неговиот статус е „ висок“ во опшеството. Дел од овој самопрогласен успех во овој машки свет е добриот автомобил, добра куќа, добра работа, добри деца, добра жена, добри пријатели,добри одмори, добри играчки и.т.н.(Се приметува дека и жената се брои под имот). Многу ретко жената е призната или и се дадени заслуги поради успехот на мажот. Што е причината за ваква болест?

    Перцепција на жената


    Зошто некои мажи постапуваат потполно праведно спрема жените и им укажуваат почит, која што тие ја заслужуваат, додека други со жените постапуваат како со свој имот?
    Исламот многу често и јасно потврдува дека Аллах им дал рамноправност и праведно однесување кон сите жени подеднакво. Во минатите векови спрема жените се постапувало како спрема потчинети граѓани. Во Европа дури постоела теорија дека жените спаѓаат во подвид, помеѓу мајмуните и човекот, додека други пропагирале теорија дека жената не поседува душа. Женското дете третирано е потполно со презир, дури и живи биле закопувани, за да се прекрие „понижувањето“ на родителите.
    Исламот и го воздигнал статусот на жените, им дал потполно признание и ги уништил овие злонамерни митови, кој луѓето ги пропагирале. Меѓутоа во денешно време, а ние сметаме дека живееме во „модерно време“, постојат разни феминистички кампањи и организации за правата на жената кој што сметаат дека е неопходно да се прогласи независност на жената.
    Поради што е тоа потребно? Постои ли потреба за такви организации? Дали жените рамноправно се третираат во нашето опшество? Дали им се укажува почит во нашето опшество?Дали жените се малтретираат?

    Иако површно, овој есеј се занимава со неколку од овие тематики. Со оваа дискусија немам намера некого да критикувам, туку едноставно да го изнесам својот личен став кој е подложен на критика.

    Современата жена денес


    Многу денешни жени се самостојни, успешни, образовани, стручни и самоуверени. Ова се стандарди со чија помош го мериме „успехот“ и луѓето кој ги поседуваат овие особини ги сметаме за „интелигентни“ за разлика од „необразованите“.

    Внимателните анализи покажуваат дека жената во својата куќа ги исполнува следните улоги:
    1. Таа мора да биде сопруга на својот маж
    2. Таа мора да биде мајка на своите деца
    3. Таа е учителка на своите деца и ги учи на тоа што е лошо а што е добро
    4. Таа е старател се грижи за куќните работи
    5. Таа е психолог, го користи својот интелект во секојдневната борба со мажот и децата
    6. Таа е советник, ги советува децата кога се раскарани
    7. Таа е економист, ги пресметува сретствата за домаќинството
    8. Таа е главен кувар, подготвува храна
    9. Таа е пекар печи за разни прилики
    10. Таа е кројачка, крои и крпи облека
    11. Таа е шофер, ги вози децата на училиште и назад
    12. Таа е набавувач и доставувач , се грижи да се осигураат главните потреби за куќата
    13. Таа е централа, одговара секогаш на повиците при звонењето на телефонот
    14. Таа е рецепционер ги пречекува гостите и посетителите
    15. Таа е онаа кој што двори и ги нахранува сите пред себе

    Во врска со горе наведенотo улога на нашите мајки, сопруги, сестри во опшеството, навистина ме изненадува кога некоја жена ќе ја прашате со што се занимава, а нејзиниот одговор е:„ Ох јас ништо не работам. Само седам дома и домаќинка сум.“ А ова „домаќинка“ всушност значи ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ДОМОТ. Таа е извршното тело и полноправен член на здружението наречено ДОМ. Со војничка прецизност осигурува се (голем дел од времето) да функционира се како што треба.(но сепак тажно е што некој жени го поминуваат својот живот во спиење, украсување, и озборување).
    Во оние ретки ситуации кога работите не одат добро по својот тек, мажите обично на своите жени знаат да им дадат до знање дека не се задоволни некогаш со вербално малтретирање, па дури и со физичко насилство. Додека пак од друга страна кога се е во ред кога работите фукционираат добро, никаде ги нема пофалбите, или благодарноста. Колку често им се дава комплимент? Дали нежно ги тешат и мудро ги храбрат или пак си претпоставуваат „ нема потреба да се разговара со неа“ ........после се, таа е само жена.“

    Мухаммед с.а.в.с., не советувал да со жените се однесуваме внимателно и љубезно. Жената се споредува со реброто – а природниот облик на реброто е искривен, ако пробате да го исправите ќе се скрши.
    „ Жената е како реброто, ако пробате да го исправите ќе се скрши. Затоа ако сакаш добрина од неа направи го тоа додека е свиткана. (пренесува Бухари)

    Во многу етапи низ историјата, а и во целиот свет жените се дискриминирани тукуречи во сите опшества. Куранот е доказ дека Аллах џ.ш., им дал право на рамноправност на жената во неприфатливи услови уште во 7 век. На жената и е дадена либералност и правен статус во опшеството.
    Тој статус е загарантиран од Аллах џ.ш. На крајот од 19 век во Европа жените и понатаму биле сметани за инфериорен вид и првиот закон во Европа е формулиран да на жената и се дадат одредени (но не сите) права.
    Денес во новиот милениум, жените од цел свет сеуште се борат против дискриминацијата. Жените се побуниле против тие дискриминации со борбата за „еднакви права“ и „ослободување“ , права кој што на муслиманката и се дадени пред 1400 год.
    Но за жал жените од западот развиле грешка концепт на „Ослободување“ на своја штета- концепт дека жената може да работи се што работи мажот. Ова дефиниција ги прави жените уште поголеми робови, место слободни. Зошто жените тежат кон тоа да бидат како мажите?

    Функција и улога


    Зошто мажите поставиле стандарди кон кој сите тежат? Жената која што настојува да биде „ повеќе маж“ дали во стварноста е повеќе од жена?
    Дали е женственост да се постигне што повеќе машкост? Еве неколку примери кон тежењето кон машкоста:
    1. Жените завземаат работни места со кој што претходно доминираа само мажите како што се: рударите, механичарите, водоинсталатерите....
    2. Жените ја прифаќаат идејата за хомосексуалната слобода со слоганот„ на кој му се потребни веќе мажите“?
    3. Жените го одложуват мајчинството затоа што сакаат да ја градат кариерата и да уживаат во животот
    4. Некој жени плаќаат сурогат- мајки, да им родат дете затоа што не сакат да им се расипи телото
    5. Жените бараат банки кој тргуваат со сперма за да затруднат, мислејќи дека не им е потребен маж за да останат трудни и имаат сопствени деца.
    6. Жените пушат, конзумираат алкохол, земаат дрога и ова им дава „слобода“ и ги прави да бидат како мажите.
    7. Жените се тетовираат како би изгледале како некој страшни гусари или членови на некој банди

    Поради што жените чуствуваат и имаат потреба да бидат како мажите?
    Што е тоа толку добро кај мажите, па жените сакаат да ги копираат нив? Мажите се повеќе од жените одговорни за војните, криминалот, насилството, злосторството. Овоа незгодна положба е веројатно недостаток на сомопочит кај самата жена. Почнале да веруваат (токму поради идејата која им ја наметнува мажот) дека жените не им се рамни на мажите и поради тоа имаат и ја чуствуваат таа потреба да докажат дека мажите не се во право.
    На штета на муслиманската жена, е тоа што нашите сестри читаат за оваа дилема на западните жени и ја прифаќаат таа неправилна идеја дека и тие треба да бидат ослободени.Но нашите сестри не сваќаат дека тие многу многу одамна се ослободени, и им е дадено тоа право од Аллах џ.ш. Се што треба тие да направат е тој закон што е даден од Аллах џ.ш., да се спроведи. Од тука доколку нашите сестри ги следат западните жени во нивните двоумење, ќе паднат во состојба на целосна конфузија од која тешко се излегува, а може и вечно да ги следи.

    Жените од западот моментално се збунети со следните проблеми во својата потрга по „рамноправноста“:


    1. Жените сега заработуваат за фамилијата. Резултат на тоа е да остануваат од 9 до 5 на своите работни места, се враќаат касно дома, мораат да готват, да пазат на децата итн.За жал, во денешни економски услови, двајцата родители мораат да работат.
    2. Жените кој тежат кон градење на кариера покасно се мажат и имаат деца. Тоа доведува до појава да се повеќе жени стапуваат во брак во своите касни 20-ти и 30-ти.
    3. Децата немаат мајка која ќе се грижи за нив затоа што двајцата родители им се вработени.Тие немаат пример, па примерите ги пронааоѓаат во врсниците или на телевизијата.Во многу куќи телевизијата е дадилка на децата. Можете ли да замислите која иднина го очекува тоа дете ако примерот за градење на својата личност го земе од телевизијата.
    4. Малите фамилии се во мода. Големите фамилии се сметаат за заостанатост.
    5. Децата се изгубени затоа што нивните баби и дедовци им стаана потполни странци, родителите се изгубени затоа што чуствуваат дека нивните родители и децата им се само „оптеретување“.

    Можни решенија за горе наведеното


    1. Жените треба да се потикнуваат на образование без обзир на староста. Ако бабата и дедото ви се неписмени оддвојте време да ги научите да читаат и пишат. Колку е важно образованието јасно се прикажува во хадисот на Мухаммед с.а.в.с.:Бил спремен да им прости на воените заробеници во замена да ги научат муслиманите да читаат и пишат. Образованието е единствениот начин за излезот од незнаењето и засилувањето на нашите мајки, сестри и ќерки.

    2. Муслиманките мора да бидат горди на тоа дека се мајки на Умметот. Децата мора да се учат на почит, милост и љубов спрема своите мајки.

    3. Муслиманките мораат да ги учат своите деца на морал етика, потикнувајќи ги и настојувајќи да дадат се од себе во сите постапки, да ги учат дека успехот се добива со жртвување.

    4. Татковците мораат да ги храбрат своите ќерки да се образуваат коко би станале посилни. Најдобриот подарок кој што родителите можат да им го дадат на своите деца е воспитанието т.е образованието.

    5. Жените мораат да настојуваат и да се трудат да бидат најдобри во било која област(образованието, спортот, науката и.т.н.)да го откријат својот вистински потенцијал – но со јасна, односно чиста намера.

    6. Татковците мораат да ги сакаат, почитуваат и постапуваат со ќерките исто како и со своите синови рамноправно. Ако така се постапува рамноправно, и синовите ќе се изградат во таа насока да со своите идни жени постапуваат со таа иста рамноправност.

    7. Муслиманката мора да биде горда на својот статус, на својата облека, вера, култура, својот животен стил и цврстите исламски начела и принципи. Никогаш не смее да биде онаа која што се оправдува или извинува за својата вера, ни на кого!

    8. Жената мора да зајакне низ работите на нејзиниот маж и да ја рaзбере природата на работењето.Јасен пример имаме во Пратениковата с.а.в.с., сопруга Хатиџа р.а., која била прониклива и успешна жена трговец, и еднаква на денешните Оппенхемери и Рокфелери. Од тука е пожелно муслиманката да ги разбира деталите на работата на нејзиниот маж, ако треба и да посетува курс за финансии и комјутери. Затоа што ако се случи мажот прв да умре, кој ќе ја продолжи работата? Кој ќе ги преранува децата?Дали потенцијално добриот бизнис ќе се прекине, затоа што жената не била овластена да го разбира работењето. Понатаму мажот треба на жената да и даде поштена заработувачка или да ја направи свој полноправен партнер и нејзиниот удел да го награди.

    9. Вдовицата која ќе го поткрене бизнисот треба да биде подржана од остатокот на заедницата и подршка на нејзините производи. Ве молиме подржете ги ваквите жени.

    10. На крајот, муслиманите имаат важна улога во покажувањето на остатокот од светот дека исламот е прва и единсвена религија, во која религија на жената и се гарантира висок законски статус во заедницата. Немојте да ги отфрлите овие наши верски обврски поради вашите традиционални предрасуди. Време е за акција!!
     
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Аха, така... фино е ова да се прочита.
    Него, само чисто информативно да ми одговориш, ако може...

    Сега го обликувате исламот како религија според пошироките умови, за да биде поприфатен или како? :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Темата не поттикнува дискусија.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.