Филмот започнува со сцена која навистина се случила, 4. јули 2003 година 11. Турски војници, припадници за специјалната единица и 13 цивили се заробени и ставена им е вреќа на глава. Акцијата ја предводел американскиот командант 1773, Полковник Вилијам Ц. Мејвил во северен Ирак во местото Сулајманија. Турските војници мислеле дека се заробени од страна на НАТО алијансата. Улоги: Нечати Шашмаж, Били Зејн, Берѓузар Корел, Гери Буси Година на производство: 2006 Што мислите за филмов, дали ви е гледан. Може да се каже дека се решив да го гледам на шала и беше тотална спротивност на она што го очекував. А очекував сосем обичен филм во кој ќе се прикаже една терористичка приказна која беше многу повеќе од тоа... Сцени во кои реално е опшана човечката тортура, измачување, реванш и одмазда. Борба за живот и борба со смртта на обичниот човек кој и не знае зошто е потребно сето тоа... Морам да кажам дека заради сцените и тематиката на филмот не е препорачлив за младата публика-дури и јас ќе се откажев неколку пати, но љубопитноста за тоа што ќе следи, како ќе завршат нивните судбини и реално доловената слика за тоа што навистина се случува, до каде може се оди заради власт на парче земја или омраза кон една група народи проследена со напнатост е она што ќе ве држи до самиот крај. Тука е и љубовта за која сме спремни да направиме се иако цената може да биде сопствениот живот.
исто како и серијата и филмот беше супер,уште пред да се види филмот мислам дека треба да се очекува дека филмот ќе е многу крвав и насилен (зошто некој се изненадил,јас незнам?? ха,ха).го гледав и долина на волците-палестина,ама овај беше многу по добар
Јас би се сложила со тессие,ама не и татко ми.Тој беше просто речено обседнат со серијава,иако не гледа многу серии.Па затоа го гледавме и филмов.Иако помина доста време добро се сеќавам,дека и баба ми беше кај нас . ФИЛМОВ НЕ БЕШЕ НИШТО ПОСЕБЕН!
На некој начин и јас не се задоволив со квалитетот на филмот, додека серијата ја обожавам, ги гледав сите сезони досега емитувани кај нас Ви го препорачувам Палестина да го гледате, стварно жален филм , прикажано е се како што треба до најмал детал
Добро е да се видат настаните ширум светот и од поинаква перспектива, зошто да не. Филмовите ги имам гледано, и овој, и Палестина, и Гладио, ама слаби се турските филмови некако, барем тие неколку, немам многу од нив на листата гледани филмови до душа, за да коментирам. Серијата не ја следев, фатив само тогаш кога Полат го заробија илуминатите а знам дека се појавија Енди Гарсија и Шерон Стоун, па белки не била така лоша серија.