Не знам зошто даваат вакви сериски филмови ...Па да беа некои убави со убава содржина,овие ништо...само убивање и криминал...ептен добар пример за нашава помлада популација....
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Да Елиф ке умре а Караханли му е татко на Полат....и Сејфо ке умре во 2 сезона мислам дека е....а ја има серијата и на Алсат секој петок во 21 и 15 мислам дека почнуваше само со албански превод ама многу е по напред од А1
Серијата не е за мали деца,апсолутно се сложувам.Но мислам дека е добра зашто прикажува работи што реално се случуваат и ги има околу нас.Е сега има и премногу брутални сцени ама се на се ок е и едвај чекам да продолжат да ја даваат на А1
Mislam Deka site mozheme da se slozhime deka A1 zaostanuva!Nema nity edna kvalitetna Serija a kamo li Film!Se shto se emituva se gluposti i kolku da si ja napolnat programata.premnogu e lito.A za Ovoj Filmov mozham da kazham TOTALNA KATASTROFA!
Никогаш ја немам гледано серијава затоа што ме нервира синхронизацијата на македонски. Да беше со превод ќе ја гледав, затоа што имам слушано многу добри критики за серијава, била најпопуларна во Турција и имала најголем успех постигнато во други земји кај што ја прикажувале. Плус и Шерон Стоун се појавува во две епизоди, што значи стварно вреди серијата. Ама вака со македонски не можам да гледам. Точно дека во другите држави прават синхронизација ама нема ни да познаеш дека други актери зборат, затоа што е се професионално направено, а не како овие на а1.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Нова сезона од серијата продолжи на А1, се дава по Кога лисјата паѓаат Реклама за новата сезона
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Едноставно ми се повраќа од серијата! Никогаш не би ја гледала! Им се чудам на умот на тие што ја гледаат. А уште повеќе на тие што ја даваат
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Па после по школите се тепале, колеле, утре ќе слушнеш дека од прозор фрлиле некој професор или заклучиле некоја професорка во кабинетот по хемија и прават експерименти колку долго може да издржи така заврзана. Страшно, се се поремети, се изместија основните кодекси на вредност и морал кај децата и младите, а млади ко млади мислат дека се што лета се јаде, па така и ги копираат јунаците од истоимената серија. Колку ли само мали деца до 8 одд.на своите фејсбук профили имаат ставено слики од оној полат и уште еден куп со оружје и масакри. А каде се тука родителите кои им се пријатели на децата и кои можат да видат што ставило нивното дете за слика на профил, да реагираат, да го подучат или да им забранат да гледаат филмови со насилна содржина кои подоцна ќе развијат агресија кај децата? Јас кога бев дете барем до осмо гледав здраво генијалци, во светот на бајките, а сега децата излегоа од бајките.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Веќе се имам еднаш изјаснето дека серијава си ја гледам чат-пат и дека ми е многу поразлична и поинтересна од се друго што даваат. И доста со тие коментари како се чудите на тие што ја гледале и други се чудат на лигави филмови што вие ги гледате и што сега?
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Значи се случи големо чудо!!! За прв пат во историјата на А1 видов некоја програма да ја означат со 3та категорија!!! Па добро бре....во Германија ја забраниле да се емитува а кај нас до пред некое време серијава одеше сред бел ден и со зелен круг
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] На почетокот беше интересна ама сеа шо...се се откри и има само убивање и омаловажување на одредени групи
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Има епизоди со зелен круг и со предупредување, во зависност од содржината на епизодата
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Не ја забраниле серијата во Германија да се емитува, тоа беше измислена вест од Сител. Наводно според вестите на сител, серијата била забранета во кино слаите во Германија. Како е можно серија да се прикажува во кино сали? Забранет е најновиот филм Долина на волците Палестина, а кај нас се емитува серијата Долина на волците заседа.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] да ама сепак ја пуштаа сред бел ден И се согласувам со tessie и мене на почетокот ме заинтересира приказната ....онака менува идентитет чоекот и се инфилтрира во мафијата....онака цела бев внесена во филмот ....ама сега скроз изгуби смисла...само колење има....па и умреа сите интересни ликови, највеќе се разочарав коа умреа чакар и сестра му, после елиф....и полат забега ептен, не е веќе агент туку прав мафијаш
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Умреа интересни ликови, тоа да, ама мафија е, не се бира.Плус имам слушнато дека е вистинска приказна.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Стварно?????? уствари па да ко ќе видиш...секаде испраќаат такви шпиони ама мора да се согласиш - премногу е филмувано