Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] И јас сум забегана, и тоа повеќе ја гледам од дечко ми Дури некогаш го терам да излеземе порано за да се вратиме и да гледам Волците Он некогаш ја гледа, на пример кога ќе дојде кај мене нема што да прави и ја гледа покрај мене, а кога сум кај него, јас гледам Волците а он си игра на компјутерот. Мене ми се допаѓа што е поразличен од другите и има доста што да се научи, колку политиката игра улога, колку шпиуни може да има околу вас и.т.н. Стратегијата на филмот е многу добра, секоја чест за режисерот
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Од време на време гледам го помалку. Точно дека има добра стратегија,ама децата тоа не го сфаќаат,и затоа велиме дека лошо влијае врз нив.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Абе не е само оваа серија која ги учи децата на нешто, има еден куп други. И од оние љубовните учат многу, па никој ништо не вели за нив!! Освен тоа, ако на децата им објаснат родителите дека тоа е само филм и така треба да го сфатат (иако повозрасните знаат дека сепак има реални работи во него), нема што да учат да ги повторуваат тие работи!
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Серијата е супер.И јас зборував дека е досадна и слично,но грешев. За разлика од сериите што ги гледаме ние,што се исти како јајце на јајце Spoiler да не речам плачипичкарски,со извинење на изразот.. оваа има поента,содржина и најбитно реална е. Време е и ние да видиме нешто малку поинакво,веќе овие сериите дежа ву ми станаа. Инаку за тоа дека децата учат од сериите/филмовите.. Филмовите со љубовна-еротска тематика како и филмовите со насилство,тоа што може нели да ги вознемири децата се емитува во подоцните часови,а кога даваат репризи од Долината на волците ги цензуриираат сцените со насилство. Мене серијата ми е одлично пополнување на време,буквално си уживам додека ја гледам.. Што е до мене слободно можат да ги купат и другите сезони
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Јас тоа нон стоп го зборам. Тој што ја режирал или стварно бил во тие кругови или е ненормално интелигентен. Одамна немам сретнато толку добро сценарио, а не во стилот на книгите на Агата Кристи, прва реченица "The cook is the killer" како што ги правеа до пред некое време. Eте затоа мрчев, мислев аааа и оваа е една од тие. Ама изгледав една епизода (таа кога се отвараше казиното) и ептен ми остави впечаток и оттогаш стално си пратам све. Има филмови кои се многу поисполнети со насилство, па никој не вика аууу шо ќе стане од децата. Па за децата чак што више серијава и е поучна, да пазат со кого тикви садат во иднина, како ги собираат од улица, им ветуваат брда и долини, страница во националната историја, им влеваат љубов кон државата, а никој досега не даде една дефиниција што е држава. Баш е поучна дека не е злато се што сјае и дека без разлика колку е ова време лошо за просперитет, не треба да се впуштаат во опасни мисии затоа што прво нивните семејства ќе настрадаат (а тие го почнале тоа за да имаат повеќе средства за нив). Караханли да си останеше трговец со портокали многу помирно ќе го поминеше животот. Баш ги учи младите дека во моментов тоа што може да им се види возбудливо, храбро и пропратено со сочни финансиски приходи, може да крие гнасотии кои ќе ги унакажат за цел живот. Како само на тој начин да можат да се залагаат за државата, а всушност секој нивни труд може да биде добар за државата, не мора бајонетите сега... Всушност серијава покажува одбивност кон насилството и тероризмот, го соголува докрај да видиме колку е тоа ниско и грозно, ама кој да го види тоа.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] да ве прашам дечки,јас ја гледав таа епизода кога ја киднапираа ебру и бебето,и кога полат отиде кај искендер и сакаше да го обеси,ама на телевизор му покажаа како ебру има јаже околу вратот и така заврши..наредниот ден даваа долина на волците ирак,а деновиве гледам репризираат стари епизоди..ја прекинаа ли серијата?имаше ли некоја епизода послем или таа беше последната шо ја гледав со киднапирањето.кога ке продолжат кај шо застанаа.баш ме интересира шо ке се деси и како ке се извади полат,дали ке ги спаси ебру и детето..порано не ја гледав серијата ама последниве 2 недели ја загледав и ми стана интересна.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Тања, ќе продолжат да ја даваат од септември, инаку Spoiler Ебру нема да се спаси, ќе ја запалат во колата т.е. ќе има наместено бомба, потоа Искендер ќе го обесат на едно дрво. За бебето читав дека ќе се спасело ама Арон Фелер ќе го киднапирал и ќе го прекрстел како Ели а не Елиф.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Да бе и мене ми беше чудно како Spoiler бебето ќе преживее, ја видов колата во воздух летна и си викам кај едно бебе ќе издржи ама мм ми вика дека ако колата била блиндирана и ако не си седел на опасно место можно било да се спасиш. Секој ден учам нешто ново Значи така, Spoiler Полат ќе има иста судбина како татко му Караханли Интересно, интересно...
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Само што го изгледав „Долина на волците - Палестина“, добар филм, само што на моменти малце го тупат 15 минути пукање..во главно не се разочарав Ја обожавам серијава од првата сезона немам пропуштено епизода, многу е заразна една епизода да гледаш, после нема да пропушташ! А за тоа дека е штетна за мали деца..пфф епа дај му на детето да игра кантер по цел ден, а долина на волците штетно. Како не , а и пред да почне убаво кажува не се препорачува на деца под 16 години, и не е во некој ударен термин, навечер е. Не му дозволувај да гледа и крај! Кога се репризите со сабота, недела незнам дали сте приметиле сцените со убивања, тепања и слично се изоставени.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] На мене лично оваа серија не ми се допаѓа. Се убиства,бесење,колење не знам ти што. И мислам дека откога почна овој филм многу дечиња почнаа да се филмат страшно..
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Долина на волците серија во која не се знае кој на кого пука, ама важно се убиваат
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] И мене не ми се допажа ни малку серијата а и плус што е синхронизирана ... ми се гади кога ги слушам а сега и сител ја презема
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Серијава ќе почне по завршувањето на серијата Кога лисјата паѓаат. И што е најбитно гласовите на Полат, Мемати (фала богу), Абдухеј, Ерхан, Заза и Тунџај ќе биле истите. Јееее ајде одвај чекам
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Па нормално сакаат повеќе време да имаат гледаност иначе да беше за така ќе ги даваа после лисјата и после месец дена никому ништо. Уште од кога му имам кажано на мм дека вака ќе направат. Nevertheless, да не мрчам многу многу конечно ќе продолжи единствената серија (заедно со Yes, Dear) која заедно ја гледаме со мм Ама глува ми е некако серијата без Чакар, Муро, Четин и Јилдирим, ај нека оживеат бе баце
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Добро е што ќе и бидат исти гласовите на овие, јас неможам да ги замислам со други гласови.. Мемати особено аууууууу
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Вечерва, ама како што забележав од програмата, ќе трае помалку од еден саат, а замисли колку реклами ќе има.