Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Мемати незнам кој го глуми, и затоа незнам дали му е сменет, а за Заза видов на рекламата дека е истиот глас. На Полат веројатно ќе остане истиот, затоа што го глуми Рубенс, кој го глуми исто така и на Огус од Лисјата.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Не ја гледам серијата ама денеска идејки си од училиште забележав дека една кафана ја прекрстиле во „Долина на Волците“ и убаво се изнасмеавме со другарките. Сигурно многу е интересна штом и кафаната така ја крстиле
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Ќе биде љубезен некој да ми кажа како се реши онаму кај што заврши мината сезона кога Искендер ја имаше Ебру што направи Полат ? Таа капут или .. Во кратки црти пошо вака никако не можам да се приклучам
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Слушнав дека во Турција, серијава траела повеке од 3-4 години моментално уште ја давале а и уште се снимале епизоди Велат дека околу 7 години траела што лично не ми е верно Многу е долго тоа бре, ама дај боже да трае толку
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Абе овие на Сител претеруваат! Ни 20 минути не даваат од филмот, те реклами, те од вчера, те од утрето... ПРЕТЕРИЗАМ! На А1 си ги даваа цели епизоди, и дури ногу ми се чинеа, а овие, ептен малце, додека седнам, завршило. Па и на некои ама глупи гласови им ставиле... На пример на Абдулхеј, Ерхан.. Ама ај ќе се навикнам на гласовите, ама тоа што кратат, не е во ред. И ногу ми е јак овој новиов, дебелиот што е помошник на Заза. Како 5 годишно дете се понесува. Инаку, има многу епизоди, јас па слушнав дека 9 сезони ќе бил, ама не верувам баш.. И јас повеќе се нервирам коа некој ќе каже дека е глупав филмот, а не изгледал ниту една сцена од него. Само му го знае името, го знае Полат, и знае дека ,,се‘ во филмот е пукање‘‘. Епа и јас велев така, ама загледајте го, па видете дали е се‘ пукање... И ајде почна новата епизода, да видиме до кај ќе тераат со третата светска војна.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Точно е, од 2003 се снима, само што таму сериите еднаш неделно ги даваат (освен преку лето, тогаш паузираат). Ехе, кај нас нема да трае толку , 3-4 сезони досега заминаа ми се чини
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Се' уште редовно си ја пратам и се' повеќе и повеќе ми се допаѓа и покрај тоа што омилените ликови постојано се doomed да ги “кврцнат“ порано или подоцна (освен Елиф, на нерви ми идеше тоа разгаленото). Леле, ќе се расплачев кога Полат си дојде кај Омер и Назифе и колку само Назифе му се израдува. Беа и останаа вистински родители. И покрај тоа што се грижат за него бидејќи е во опасните кругови, никад не го замарале и многу препрашувале. Си имаат доверба во детето и му веруваат дека знае што прави. Е сеа на работа, ептен ме изнервира една повозрасна мрчаторка и ми вика демек како сум можела да ја гледам, не знам што, серијата оправдувала пари заработени со крв, сите сакаат да бидат на местото на Полат, што ти ја знам. Да, сакаат да бидат, 11-годишни деца tops шо не виделе ни “ж“ од живот и што освен тепањето, не се доволно паметни да ги перципираат другите мошне добри мотиви и идеи кои ги носи самата серија. Дали човек кој во вистинска смисла на зборот ја прати серијата може да сака да биде како Полат? Крвавите пари не му донесоа крв? Па колку луѓе му испоумреа на човекот: жена му, Чакар (кој сепак му беше еден од поблиските пријатели), да не ја заборавам љубовта на неговиот живот, Елиф. Да не праиме муабет дека не знае дека детето му е живо и дека не може во секое време да си биде дома кај мајка му. Дека мора да се изолира од оние кои најмногу ги сака само за да не им биде наштетено. Кој ќе подразмисли малку на темава, ќе сфати дали серијава порачува дека ваквите луѓе имаат убав живот. Истото важи за можеби единствената љубов на Мемати, за ампутираната рака на Ерхан, за бедниот живот на Абдулхеј кој нема ама баш никој свој. Што Полат во мртовечницата дури сфати кој му е биолошкиот татко и мајка а и двајцата ги изгуби само што ги најде. Мислам дека една од скриените пораки на серијава баш е: „Смртта носи смрт.“ Можеби и некое милионче уз неа, ама во такви услови, тоа милионче ништо не вреди.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Страшна епизода Јас не ја пратам серијава редовно, некои епизоди имам фатено од досада, ама епизодата синоќа ме трогна стварно А и песната што одеше додека го закопуваа синчето на Мемати.
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Овој Ерсој бетер псајхо и од Искендер е Ама колку кеифски ќе го скинат, уф
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Ерсој е тотална луд.Ја пратам серијата од 1 епизода поненормален лик дефинитивно немало.Туку како ќе го кркнат?
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Aко не се лажам, Полат и Мемати ќего претепаат а потоа мислам дека ќе го фрлат преку прозорец... меѓутоа не ме држи за збор,не сум баш сигурна... поздравче
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] Заза: Џевхер, што е тоа кошарка? Откако му објаснува... Заза: Ааа, не ми се допаѓа тоа. Повеќе ја сакам мрежата (демек фудбал). Е луд е значи, не да знае да ги откачи
Долина на волците (Kurtlar Vadisi) [А1] оваа серијава е живи глупости погрда серија од оваа не можеа да најдат мене најискрено не ми се допаѓа :/