Дечки да ве прашам, ја обично не носам градници,имам носено али не онака секој ден,обично носам бејби дол или како и да се вика,и таман ми е, само пред некој ден бев во Њујоркер во веро центар (скопје) и ми се допадна еден градник (прслук) и е 800 ден. дали е тоа пристојна цена или нормална? Бидејки незнам како се движат цените на градниците па затоа прашувам =)
Зависи од квалитетот. Има градници за по 150 денари во тие "кинеските" или по пазарите, потоа со малку подобар квалитет се 400-450 денари (пример NBB ама од поквалитетните --- линк: http://www.nbb.com.tr/En/ProductList.asp?PGId=15), а градник од позната марка за дола облека е поскап од 900-1000 денари нагоре. Сега зависи ако фатиш распродажба може и поевтино.Мене лично повеќето ми се од поевтините, имам поскапи 2-3 градника, затоа што овие поевтинкиве имаат и интересни дезенчиња, па ќе си изнакупиш повеќе и ќе си менуваш, па и да го растегнеш брзо, не е проблем, не си го преплатила.
Мислам дека се исплатат тие пари. Не сум купила сеуште градник од Њујоркер, ама редовно со години наназад си купувам памучни гаќички а и општо облека од тој бренд, и имаат стварно одличен квалитет. Гаќите можеби се скапи (тука се 300ден пар) ама се пери-носи, стварно се исплатат. Имам стари и повеќе од една година, ниту се оштетени ниту изгубиле боја од перење, а не ги штедам, ги перам во машина. Не му се мисли ич, слободно купи си од таму, тоа всушност е и одлична цена за квалитетен градник. Ете на пример со добар квалитет се Lisca ама нема да најдеш градник со цена под 1500ден.
Јас имам од тие NBB , Нина што ги напиша ..имам црн и бел ваков Многу добро ми стои овој модел , ама на црниот прерамките ми се скинаа дека ги затегнав многу или не знам од што . Сакав да прашам , можам посебно само прерамки да купам ? И од каде ?
За градник признавам само NBB , јас имам од тие што се 500 денари со плочка на средина , го носам цела година , а како вчера да сум го купила. За гаќи, памучни се супер, порано носев само свилени , ама многу инфекции прават, не можеш да куртулиш од бело перење. Танга во ептеееен посебни ситуации
Хипи , и мене тоа ми се допаѓа . Скапи се инаку да ги има во сите бои сите би ги купила За држење , ги држи ств добро
Их, еден од моите најголеми фетиши. Од мајка ми ми е останато , пари на долна облека не штедам и секогаш на мене носам убав, чист и квалитетен веш. Ако материјалот попушти или бојата избледе веднаш го фрлам тоа парче, и не си дозволувам некој да ме види со `раздроцан` долен веш. Одсекогаш ме нервиле оние луѓе со став `доле ти е не ти се гледа па не е важно што носиш `. Знам да заштедам на гардероба, и не патам од комплекс да купувам само брендирана облека, но кога се работи за долен веш мора да биде висококвалитетно. =) Koга сум негде надвор, првин ги барам бутиците на Trashy (знам да се изгубам внатре и да си ги оставам сите пари ), или ако некој патува обавезно правам нарачки... Омилени брендови ми се, SuicideGirls, Trashy, Playboy и Victoria`s Secret, Тrashy SuicideGirls Playboy Victoria Secret
е има мн прекрасни долни облеки комплет гаќи и прслуче имам неколку комада а боксерици со разни натписи и во разни бои обожавам гииииииииииии