сакам да си направам домашен сок па ако некој правел домашен сок од праски,сливи,круши или било кое овошје нека пише некој рецепт однапред ви благодарам Спојлер ако не ви се допага темата или има друга ваква слободно заклучете ја
Не знам дали бараш рецепт за свеж сок кој одма се пие или како сируп за растворање. Ние обично во зима правиме домашен сок (за растворање) од цвекло, моркови и лимони кој мене многу ми се допаѓа. По 1/2 килограм цвекло, моркови и лимони се мелат, се додаваат 3 литри вода и стои 24часа. Потоа се цеди и се додаваат 3кг шеќер и 3 пакетчиња лимонтуз и се меша повремено додека да се стопи шеќерот и се собира во шишиња. Сокот има многу убава розева боја и одличен вкус
Не мора да е Паур Џусер, и ние правиме сок на растварање исто како што кажа Thallia, нашиот е од вишни и вкусот е прекрасен. Исто пред некој ден, направивме сок од праски и кајсии. Нешто неверојатно. Само што овој од праски и кајсии не се раствара.
Мајка ми прави од кајсија, кајсија и праска и капини. Во секое време си имам шише домашен сок, но ретко пијам.
Јас јадам свежо овошје и не правам сок зошто кога можам да ја изедам лушпата има натре многу витамини и се што е потребо за човекот,
Секој ден, барем два пати, наутро и навечер, правам смути, односно милкшејк. Бидејќи не јадам овошје и зеленчук, витамини само на овој начин внесувам. Зимото правев смути од банана, киви, млеко, вода и ѓумбир. Летово, прво правев со јагоди, банани, млеко, вода и ѓумбир, а сега јагодите ги заменив со праски. Последниве две комбинации се превкусни. Еднаш, пробав и со јаболко, но резултатот не беше најдобар, па се откажав од таа варијанта.
Јас баш моментално имам сок од портокал, од кило портокали ( не знам зошто низ цел текст имав пракси напишано ... па си едитирам сега) излезе 12 литри сок. Ама овој пат со мајка ми бегавме од рецепт па прво ги варевме портокалите ама многу, многу време, со се кора за кората убо да омекни зошто ако не омекни убо има како мали грутчиња во сокот. После тоа се ладат и се блендират цели портокалите со водата во која се вареа. После се додава вода, скоро кило и пол шеќер овај пат влезе, а вода не се сеќавам овој пат колку ставивме зошто додаваше мајка ми после уште зошто дојде прегусто за сок. Ама за без конкретни мерки дефинитивно овај пат најубајо сок го имаме до сега шо сме праеле од портокал. И најбитно, има и лимонтус, зошто многу шишиња излегват па ги замрзнуваме и секој ден по едно шише си земам в соба онака замрзнато и како одмрзнува си пијам, зошто денојте баш за така се
Домашен сок од праска или кајсија, мерациии. The best! Освежителен е од вишна, а и јагодата има добар шмек.
Па пишете некој рецепт како правите. Јас од лимон , неколку лимони блендирам сосе шеќер , додавам еден лимонтус и вода околу 2 литра. Сето тоа го цедам. А оној сок што не се расипува и што трае како го правите?