Ништо не значи тестот со содата, нормално е да пени. Оди купи си тест, не ти треба храброст за тоа. Ништо страшно, ни срамно. Ако не, провери си во лабораторија преку крв дали си бремена.
Nekolku meseci probuvam I nisto Sega eve deneska veke 8 den sto mi kasni imam bolka vo polovinata pred nekoj den imav bolka isto kako koga mi doaga mislev mi dojde ama nisto gradite pocnaa da me bolat posle denot sto trebese da dobijam a obicno me bolele edna nedela pred da dobijam od strav deka ke e negativen ne sum zela test a imam I iscedok toa e se stravot e posilen
Со осум дена доцнење големи се шансите за позитивен тест. А ако е негативен, тогаш би било пожелно да одиш на гинеколог да се види причината за доцнењето. Јас мислам дека ќе биде позитивен, купи си тест, слободно.
Би сакала да прашам, пред околу 2 месеци имав односи со мојот дечко со заштита (кондом) а бев во плодните денови пред менструација. Тој не сврши во мене, но мене пак ме копкаше нешто. После 2 недели земав тест беше негативен, исто така читав дека може да се провери со сода и мокрача и немаше ништо. И проверував од време на време немаше ништо. Денес повторно проверов и почна мокрачата да пени, да врие и многу се уплашив. Од тогаш сум имала 2 менструални циклуси првиот ми доцнеше 7 дена а вториот 3 дена. Моментално менструацијата ми е при крај. И во двата циклуса беше нормална и обилна. Дали е можно да сум бремена?? Дали има некоја друга причина да содата почне да врие?
Мој совет е веќе никогаш да не правиш такви „тестови“ со сода, плис. Си имала односи со заштита, си добила 2 пати, се било нормално, освен доцнењето кое веројатно било од некоја друга причина како стрес, лекарства, промена на клима и слично, и плус си направила тест кој е негативен. Не си бремена.
Ви благодарам, сега ми олесна. Може малку подетално ако се разбирате околу оваа PH во урина? Кога се јавува што како?
И јас уште 2-3 дена ќе треба да правам тест. Преку глава ми е веќе од б-хцг. Ваков тест ќе си правам веќе. Црвенокоске , де кажи ми само, прво мочкаш па ја истураш содата, или во чаша ја ставаш содата прво па врз неа мочкаш? Дај кажете го и тој со жабата
Треба да уринираш врз жаба. Ако си бремена жабата ќе снесе јајца во рок од 24 часа. Хормоните во урината ја тераат жабата да овулира.
Чекај да има влага во двор или пред зграда , ама стави си една канта пуна земја и засади леандар така со сигурност ќе фаНеш жаба до сабајлето