Девојки можно е да тестот со сода жубори а да нема бременост? Го направив сабајлево и жубореше а уште 3 дена треба да (не) добијам. А и имам симптоми како болни гради, болки во нозе и карлица, уморна....
Содата жубори кога има кисела средина. Се кажува дека кога си бремена мокрачата е по кисела и затоа жубори. Е сега јас тоа со содата го пробав на прв ден доцнење и жубореше па веднаш потоа купив и тест нормален кој испадна позитивен. Најдобро е да си купиш тест дека тоа со содата е онака колку да се дешава нешто. После месец дена од утврдената бременост кога бев некаде 8-9 недела повторно пробав со сода но не жубореше така да направи си плус тест дека тоа со содата ништо не значи.
Урината може да е и кисела ако си претерала со јадење на шеќери, мрсни работи, и црвено месо. Интересно ова, не ми текнало... во книгата „Папата Јована“ имаше некој интересен поранешен тест со пченица мислам беше, треба да се потсетам. Методот не е мн. стар датира „само“ од 17 век
Кај мене жубореше 3 дена пред добивање па направив тест веднаш и излезе позитивен со бледа црта по 2 дена на денот за добивање направив друг тест цртата беше убаво црвена.сега сум 4 месеци . со среќа
Денес направив тест со сода но не со првата урина и содата малку пенеше,имам силно чувство за мирис,некогаш ми се повраќа,болки во карлицата,и многу ми се спие.2 ден ми доцни,знам дека е рано уште,но дали има шанси да сум бремена? Белото прање ми е како крем!(Пијам Ovunorm,магнезиум,Б6,Б12,Фолна)
Наместо тест со сода, направи си нормален тест, од аптека. Два дена доцнење е сосема доволно да покаже резултат.
Ne e aktivna temava do da prasam, mi docni veke edna nedela, imam simptomi za dobivanje I pred dva dena imav kafeavo so malku krv mislev dobiv no posle nemase nisto, tocno na 10 dena od odnosot koj ne bese so svrsuvanje vnatre, pravam od ovie domasnite denes ne so prva mokraca I nesto imase kako pena malku, mozno e da sum bremena?
Каква пена, какви глупости. Не се точни овие тестови. Мокрачата ќе пени од зависност каква е пх вредноста на мокрачата, а не дали постои бременост. Купи си тест за бременост.
Ама и во другата тема ри кажавме. Не си бремена . Ако си на тоа доцнење ке ти покаже било кој тест од аптека позитивен. Не си играјте глупости со вакви домашни експерименти .
Мислиме дека 2024 е и не знам кој се занимава уште со ова.Тебе девојче од стрес не ти има сеуште дојдено.Опушти се еден ден занимавај се со нешто друго и ќе добиеш
Nikogas ne sum imala problem so ciklus, ama izgleda od prehodniot mesec nesto mi se poremeti od stresot pred nekolku meseci, ama koga imav stres pak mi doagase na vreme i obilno nemav problem a sega ovoj I prethodniot mesec maka macam, vo januari mi dojde i malku mi traese a sega pak ne mi ni dojde, neznam kako moze taka da mi se poremeti radi stres I dali ke se vrati vo normala pak, ama kazuvam deka najgolemiot stres koga go imav imav normalen ciklus I obilen, bev na gin prethodniot mesec bese se vo red, kako I da e sega ic ne mi dojde samo simptomi imam a ne doaga I na eden moment kafeavo ama ne dojde, ke odam na ginekolog denovive pak I ke vidam sto ke kaze zosto ne doaga.. se nadevam nema da e nesto loso zasto ovie denovi mi se stvarno ne izdrzlivi veke celo vreme sum vo pms a ne doaga plus mislite samo mislam I se nerviram zasto ne doaga...
Промените на телото можат да се случат и одеднаш а можеби се резултат на нешто што било пристутно а не дава одма симптоми.Закажи си на гинеколог што е можно побрзо.Можеби нема ништо едноставно ти доцни се случува често.За мирна да бидеш појди на преглед.Овде секој може да ти совет и мислење ама не сме стручни а и да има некој гинеколог во групата без преглед не може да ти каже
A sto moze da bide toa sto e bilo prisutno a ne dava simptomi, ke zakazam.sekako denes ke zakazam ako ima termin ke odam uste utre