се извинувам за моето пишување на латиница. нема да се повтори и ве поддржувам за кирилицата. а сега да преминам на главното. сакам да ослабам, вежбајќи дома, во домашни услови. не се чувствувам добро кога сите ме гледаат и не сакам да одам во фитнес клубови. некоја од вас вежба дома? какви вежби прави? има ли ефект?
Нема потреба од тоа да се срамиш кога вежбаш. Мој предлог е да посетуваш фитнес центри, и јас порано вежбав дома, но резултатите се зачудувачки поголеми кога вежбаш на справи. Но сепак штом сакаш да си вежбаш дома можам да ти препорачам да трчеш дневно по 4-5 км и во неделата до 4 пати (може и повеќе). Потоа можеш и дома да си правиш стомачни, клечки, и слични вежби. Но најбитно ти е каква храна јадеш. Преферирај повеќе овошје, зеленчук, варено месно, варени јајца, млеко и слично, но во никој случај брза храна или некои други видови храна кои се штетни за организмот и содржат многу калории, (чоколадо можеш по 50 гр дневно). Пробај! Поздрав
Јас би ти препорачала кога веќе си решила да вежбаш дома Тае Бо. Можеш да најдеш torrent на Интернет, мислам дека има и на youtube. Има на овој сајт статија за Тае Бо па ако сакаш може да ја прочиташ за повеќе информација пред да почнеш да вежбаш. Се надевам ќе уживаш во вежбањето, затоа што не треба тоа да ти е измачување, а забава
Јас вежбам на орбитрек четири пати неделно по 40мин.веќе два месеци.Има ефекти,изгледам послабо,позатегнато,ама ... види феномен,иронија или што и да е,ни килограм не сум ослабена,дури два повеќе имам,а изгледам мноооооооооогу послабо. :roll: Не знам дали е заради фактот дека мускулите тежат повеќе од салото,а салото изгледа само неубаво.Јас сум задоволна од изгледот,баш она што сакав да го постигнам,но сепак ме мачи вагата и нејзината злоба!
ах, Лилит, и јас имам орбитрек, ене стои дома, прашина фаќа. го купив пред скоро една година, вежбав првите 2 месеци потоа ми се здосади. А смачено ми е од затегнивање и правење мускули! сакам, многу сакам да симнам килажа! А оваа справа се здосадува. :roll: Скокајте на јаже, и вртите хулахоп. Првите дена не се форсирајте.. јас така напрајв и после стомачните мускули ме умреа од болка. Пробајте. : )
јас нова сум на форумов аа страницава ја дознав на фб пред некој ден и мноогу ми се допадна баш онакава каква што барав подолго времее , а во врска со темава најпро да кажам дека имам големо искуство со домашниот фитнес .Ќе кажам дека неодам да вежбам во фитнес центар , но редовно вежбам дома а имам и справа една врста на орбитрек , знам многу вежби кои што се вежбаат без справи , а вежбам на справа и со тегови.Значи вежбам за време на училишната година вежбам 6 пати на ден по 30 мин 20 мин на справа а 10 мин со тегови, а за време на распуст вежбам секој ден по 1 час , знам како е да си слаб, но и кога имаш вишок на килограми, позз
Убаво е да се вежба дома но сепак мислам кога се вежба групно резултатите се поголеми.Јас вежбав денс пилатес,аеробик и јога но најдобри резултати мислам дека се постигнува со пилатес. Сега вежбем дома јога и тоа тие вежби што ги научив на часовите по јога и вежби што ги спуштам од интернет .Како и да е физичката активност е многу важна и им ја препорачувам на сите-7 до 77
Вежбав дома ама често си најдував поинтересна занимација...како филм, интернет...и одложував за следниот ден Сега одам на пилатес и аеробик 3 пати неделно, има резултати фазла одколку во домашни услови. Нема потреба да се срамиш да одиш во фитнес центрите таму сите одат со истиот проблем како и ти
Можеш да вежбаш дома но нема да постигниш никакви резултати каде и да вежбаш доколку не ја намалиш количината на јадење. Значи мора да јадиш но во помали количини и да вежбаш, така ќе постигниш резултати и дома и каде било.
девојчиња само чучневи секоја вечер и пешачење и секако избегнувај благо и премногу мрсно и ке видиш маснотиите ке ги снема
Сега одам на пилатес и аеробик 3 пати неделно, има резултати фазла одколку во домашни услови. /list] Каде одиш на пилатес? Колку плаќаш?
Сега одам на пилатес и аеробик 3 пати неделно, има резултати фазла одколку во домашни услови. Каде одиш на пилатес? Колку плаќаш?
Vezbi za gradi ha... sklekovi idi na youtube i pishi cindy crawford 'Shape your body" mislam deka taka se vika ima milijarda dobri vezbi za celo telo, jas porani si gi pravev redovno gi davaa na tv,ama zboram za mnooogu odamna, ushte bev vo osnovno mislam Za spojlerchinjata, prodolzi da vezbash na orbitrekot, vezbaj 1 den plus i vnimavaj shto jadesh.... i ako jadesh neshto shto znaesh deka debelee kasni si samo malce kolku da se reche.... Tochno e deka kilazata ne se menuva, i ne se ni zamaraj voopshto, izmeri se oak za mesec dena, ili meri se na sekoi 2 nedeli... Ili kje ti olesnam izleri se so krojachko metro, obem na gradi,polovina, kolkovi i obem na butini, pa taka kje ti bide polesno se nadevam... jas so vezbanje i od 27 broj na farmerki sega sum 25... haha, a gore dole sum 3-4 kg maksimum oslabena.... Gledaj si po garderobata... ili ako vagata tolku ti znachi zemi si digitalna vaga, tie demek potochno ti kazuvaat duri i vo gramovi
за девојката која пиша за синди крафорд што ги вежбала тие вежби - и јас ги имам вежбано тие и стварно се многу добри ама сега вежам исто од синди крафорд ама овие се подобри цедето се вика the next challenge workout- е овие се стварно добри да не кажам и најдобри. со овие вежби стварно имам многу резултати затоа што слабееш и се затегнуваш и што е многу битно ни еден дел од телото не е изоставен значи има вежби за секој дел од телото- и верувате по само месец дена ќе почувствувате резултати
Имам вежбано дома,немам одено на фитнес,и го имав истиот ефект како кога ке отидес на фитнес,и си имав супер тело,иако сега после долго време не везбам,практикувам јога само,сепак имам добро тело,и секако тука е важна и исхраната,од тоа сто јадеме,пример јас лично не јадам месо,вегетеријанец сум,немам сало,знаци таман сум си.