За тие што вежбате во домашни услови, за почеток топло ви препорачувам пилатес. Па и за понатаму. Колку и да мислите дека е лесно и girly, не е воопшто Кога гледам како некои фит луѓе и наводно искусни во фитнесот грешат во основни работи, ич не ми е криво и срам што сметам дека пилатесот го сметам во некои аспекти и подобар од кревањето тежини. А неколку ми се смееле во фаца демек пилатесот бил заебанција. Хипертрофија нема многу, ама еластичност, баланс, правилна техника и движења и сила на торзото се дури побитни за здраво тело што се токму целта на пилатесот Една девојка со која одев на пилатес ми вика абе дечко ми у теретана крева тежини и ми се смееше вака оти јас пилатес. Еднаш пуштивме вели видео и одредени вежби просто не можеше да ги изведе. Од инструктори , Cassey Ho - омилена. Пред неа никогаш и јас немаше да помислам дека пилатесот е тежок. Неколку месеци ги вежбам нејзините и некои вежби уште ми се невозможни
Trifecta Pilates, Move with Nicole, Lottie Murphy, blogilates главно се ориентирани на пилатес. Има и канали кои меѓудругото имаат и пилатес видеа: GymRa, BodyFit by Amy, PopSugar Fitness и многу други. Еднаш кога ќе почнеш да ги пушташ тие видеа, ќе почнат да ти излегуваат и други канали во "предлози". Така, сигурно ќе откриеш и многу други канали и ќе си најдеш она што ти одговара спрема потребите, желбите и времето што го имаш на располагање. Важно е да почнеш. И да не се обесхрабруваш. Треба време за стекнување кондиција (ова бидејќи спомена дека си почетник).
Ima li nekoj fitnes trener na forumov da mi objasni Zasto uporno mi raste trapezot, kaj gresam?! koga vezbav u teretana mi se desi toa, Vikam Aj valjda deka so tezina, Ama eve sega vezbam doma I go imam istiot problem.
Штом бараш пилатес, ова е добро видео за почетници. Слушај ги внимателно објаснувањата за вежбите, затоа што многу е важно да задржиш правилна форма при изведувањето инаку ефектот ќе биде мал. Ако сакаш да вежбаш дома најубаво да отвориш некој од каналите што се предложени во темава за да имаш избор на повеќе различни тренинзи. Покрај јутуб има добри профили и на инстаграм и на пинтерест. За вежбање без инструктор во сала, дефинитивно треба да се истражува за да си ги погодиш вежбите што најмногу ќе ти одговараат. Јас во моментов си правам комбинација од буквално се. Тотал боди, HIIT, пилатес, кенпо, кога имам време планинарам, трчам, возам точак, пешачам. Со тек на време се опремив со се и сешто од опрема, иако за почеток не треба многу, а може и без ништо. Без опрема сосема солидно се вежба со импровизирани реквизити (со крпчиња на паркет, шишиња наместо тегови, столче, сукало) со сопствена тежина и со воведување на вежби на пример single glute bridge наместо класичен glute bridge. За многу вежби има вакви варијации и многу се ефективни.
Тоа видеото е прекрасно. Само пред малку завршив со вежбање. Никое видео јас што го имам најдено не ми се погоди како за мене, односно сите што ги најдов беа со кратко време вежбање ама не ми треба тоа. Барав нешто вакво. Инаку да ве прашам каков ви е распоредот за вежбање, колку пати вежбате во неделата и колку е доволно?
Здраво дали знаете од каде може да купам тегчиња за вежбање дома од 3,5,8 кг или да нарачам онлајн? Ви Благодарам
Еве да се надоврзам.Ја завршив 12 недела од BBG-1 и можам да кажам дека немам симнато ни килограм. Ама не можам да кажам ни дека внимавав, накачив дури 2,5 килограми. За резултати во смисла обим стомакот ми е смален, ама го имам сеуште. Ама имам офпрмено стомачни, без разлика што имам вишок си се познаваат. Колената т.е. нозете од колена нагоре ми се позатегнати, иако како што кажав имам вишок.Верувам дека да бев малку попосветена на исхраната и да симнав некое кг дрка ќе бев презадоволна од резултатите. Вака само со вежбање без пазење на исхрана не можам да кажам дека имам некои wow резултати. Ама најбитното ми е дека создадов рутина, вежбањето веќе не ми е мачно туку уживам. Дури и кога имам словоден ден јас си ја отварам програмата да видам што имам да вежбам затоа што баш ми стана некако секојдневие. Иако планот ми беше да вметнам трчање не успеав онолку колку што планирав. Ттчав повремено во интервали 1 минута пешачење и 2 трчање и така во круг. Од оваа недела продолжувам со BBG-2 па ќе видам како ќе бидам задоволна со неа. Инаку генерално, од почеток како што сум почнала до сега, има видлива разлика, добивам коментари дека баш сум ослабната и да си ја држам килажата. Ма да јас не сум, сакам да симнам кг и верувам дека уште повеќе ќе дојдат до израз оформените мускули.
Ја завршив 14 недела од BBG2 и морам да признаам дека е понапорна од првата програма. Посебно leg day после тоа два дена си го чувствувам секое мускулче на нозете. Од вчера почнав и 15 дневен предизвик налетав на инста на профил на една девојка Diana Conforti, и додека ги правам вежбите осеќам како буквално да ќе ми прснат стомачните, како да ќе ми се раздвојат Два дена само ги правам ама ме болат не памтам вака да ме болеле. 4 вежби се прават во 4 серии. Звучи малку ама напорни се.
Види тука: https://medicushelp.com.mk/product-category/sport-fitnes-i-rehabilitatsija/ https://www.sportvision.mk/oprema/2943904-set-ednoracni-tegovi-2x2-kg-neopren https://runners.mk/index.php?route=product/category&path=20_74&page=3
И јас топло препорачувам пилатес за вежбање во домашни услови.Иако вежбите изгледаат многу лесно, воопшто не се, секако доколку правилно се изведуваат. Се добива голема еластичност на телото, мускулите се издолжуваат и убаво се оформува телото. И се прават одлични стомачни мускули.
Девојки од кој вежби што ги вежбате од јутуб има голем ефект? После пораѓај се здебелив можеби 30 кила и сакам да ослабнам. Си купив хеланки и маица за слабеење па сега не знам кој вежби се добри за од дома да вежбам, да напоменам и плус дека сеуште дојам
https://www.chloeting.com/program/2021/weight-loss-challenge.html Повели, програма од 21 ден. Колку за почеток и проба. За насока некоја да си имаш да не се мачиш секој ден со исти вежби или барање видеа. (има и други програми) На ова додај вода, исхрана пазење обавезно и пешачење ако можиш. @Tinkerbell11