Здраво девојки, дали некоја од вас дома користи вибрирачка платформа? Или можеби сте користеле таква на фитнес? Има ли ефекти? Јас нарачав такво нешто за дома, па ќе видам што ќе излезе.
Имаш во бидифит едно кило е околу 150ден. а за тие што неможат да купат, може да напунат пластични шишиња со песок и да ги користат наместо тегови
Јас ќе си се цитирам за да си направам еден recap, бидејќи гледам одамна не сум пишала на темава. Откако си ја завршив и втората програма на Кајла BBG 2, правев некои рандом вежби од јутуб чисто да си одморам ментално од следење на посебен програм. Потоа счучајно налетав на видео од хрватска блогерка Јелена Периќ која после бременоста успеала да си ја врати килажата со помош на вежби од Памела Реиф (како и да е презимето). И тоа ми беше поттик да почнам со нејзините програми. Најдов и група на фб каде споделуваат слики од пред и потоа и бев воодушевена. Стигнав до 22 недела. Ми беше интересен самиот концепт. Јас ја следев 45 mun sweaty програмата бидејќи како што видов даваше најдобри резултати. Иако на почеток ми беше супер и нели поинаку од онаа на Кајла, бидејќи следиш видеа и сите се со интересен избор на музика па брзо поминува времето, меѓутоа од оваа гледна точка воопшто не сум задоволна. Затоа и престанав со 22 недела не продолжив понатаму. Програмата е супер ако немате зацртано некој цел, да добиете мускули или ослабете. Зборувам од свое искуство. Ниту добив некое обликување, ниту добив мускули ниту изгубив на килажа иако имаше и кардио денови. Буквално ништо. Мислам и самите вежби не ми беа напорни. После нив никогаш не почувствував да ме боли некое мускулче како што беше случај претходно. Она што ми беше разочарувачки е што за тие 22 недели буквално изгубив кондиција па така сега кога се вратив на некои од вежбите што сум ги правела претходно сфаќам колку само немам издржливост. Буквално се заморувам одма а не како да сум била активна секој ден 22 недели наназад. Така да од денес планирам да почнам дефинитивно повторно со Кајла и ББГ 1. После секој тренинг си го осекаш организмот како да се менува и опоравува од напорот од вежбите. Осеќаш дека нешто се случува за разлика од Памела. Не ме сфаќајте погрешно, не сакам да бидам негативна према сето она што го прави Памела ама ете кај мене немаше никаков ефект (а реално 22 недели не се краток период да не добиеш никаков резултат). Можеби е програмот супер за тинејџерки, кои се во фаза на раст и развој, но не би ги препорачала на некој кој веќе има тренирано и сака да достигне поголеми резултати. До некаде и не ми е јасна цела таа фама околу фитнес инфлуенсеркава ако реално гледаме преслаба е па секако ќе и се познава секое мускулче на стомакот. И тоа е тоа. Добро осмислен маркетинг потег ваљда со бесплатните програми за да може да привлече купувачи за нејзните гранола барови и што уште и да продава. Но јас секако не би се вратила повторно на нејзините програми.
Дали можете да ми предложите youtube канал за вежбање дома? нештп слично на вежбите на pamela reif / growingwithanas ? Вежбам веке 2 месеца со нив (повеке со памела) и ги превежбав видеата, сакам да сменам. Се капнав барајки нешто слично на нив, се што најдов ок зборат на клиповите (страшно ме нервира ), значи клипчиња кај што тече музика во позадина без зборење? фала ви
Предлози од мене https://youtube.com/c/getfitbyivana https://youtube.com/c/Heatherrobertsoncom Иако скоро секој фитнес јутјуб канал има видеа со зборување и објаснување, кај овие две имам заприметено зборуваат само на почеток и на крај околу 30 секунди, а кај getfitbyivana има повеќе видеа без зборување, само музика.
Дали некој ги има пробано овие ластици? Сега им се на попуст па се мислев да ги пробам. Одамна сакам вакви платнени, имам обично од гума ама не ми се свиѓаат што се поместуваат кога вежбам.
Мал update бидејќи ова си го водам како личен дневник. Престанав со програмата на Кајла бидејќи крај на јануари добив ковид. И потоа се осеќав преуморно, немав сила ни за пешачење. Пробував постепено да си ја вратам силата ама ми требаше време. Програмава по Кајла дефинитивно ми беше напорна за тој пост ковид период па морав да ја оставам. Наместо неа правев некои рандом вежби, јога и слично. После месец дена кога конечно си го осетив организмот во нормала, почнав со Epic програма на Caroline Girvan, но со оглед на тоа дека секој ден се вежба со тегови во период од 45 - 60 минути, ги поминав првите 8, 9 дена и се откажав. Невозможно ми е тоа темпо за следење бидејќи имам по два дена по ред смени од 12 часа. Од вчера сум на мојата омилена T25 Insanity. 25 минути баш да се испотиш и задишиш и плус имаш истегање на крај кое ако не е вклучено во видеото редовно го скокам а знам дека не е добро. И од она што го имам научено од овие 3, 4 години редовно вежбање, не очекувам слабеење од ниедна програма. Доволно ми е да имам кондиција и да си го осеќам телото силно. Уз пат ако се направи некое мускулче супер. Паралелно сум на исхрана од нутрициониста Ана Петрович, на кога сум преблагодарна, ако се пази распоредот неделно одат по 3, 4 кг секако не се тоа масти, ама како за некој на кој претешко му оди намалување на кг кога пази на исхрана мене оваа програма ми е најпогодена. Така да програм за исхрана од нутрициониста за слабеење и Т25 за тонирање сега за сега.
3-4 кг неделно? Уау, сериозно? Многу некако... Сакав да те прашам, ако мислиш дека не се масти, што се тогаш?
Па не знам, вишок вода, токсини... Не сакам премногу да се надевам бидејќи имам состојба на тироидеата за која не сакам да примам терапија. Пред минатото лето немав нешто желба за храна и некои 3, 4 месеци бев на салати, пилешко, туна, овесни, јајца и по едно две овошја дневно - значи не бев намерно со цел некоја туку така ми бараше организмот, паралелно и вежбав и не симнав ни грам. Од тогаш си реков што и да правам нема да ми бидат цел кг него како се чувствувам. Налетав на некој пост од нутриционисткава и по некое време и побарав план. Единствено нешто што до сега кај мене функционирало. Плус имам три главни оброка и две ужинки , некогаш тоа ми е и премногу. Никогаш не се чувствувам гладна и најважното- храната не ми е здодевна ниту напорна за спремање. Не бара гоџи, тахини и слични глупости туку храна што нормално си ја имаме во секоја кујна.
Немам линк бидејќи ми се симнати во пц одамна. Имаше овде на форумов посебни теми и таму имаше линкови од таму ги превземав. Ма да сега ги има и оnline и многу полесно ми е така да ди ги пуштам преку телефон и да вежбам. Само изгуглај и излегуваат одма
За Т25 имаш бесплатно online. За класичното од 40 минути имаш торент линкови по темите за бесплатно да ги симнеш. Можеби и за нив има online ама не сум пребарувала за да ти кажам со сигурност. Но дека и двете програми ги имаш за бесплатно, ги имаш.
Еве ви за фокус т25 која е слична на инсенити, само се пократки, место 40, овие се 25 Во description ги имате линковите.