Јас по дома си вежбам, а кај нас колку што знам нема. Интeресен е овој Billy знае да задржи внимание и вежбите се заразни пошто не е типичен аеробик.
Претходното лето вежбав од CellaMar, имаше неделни предизвици и мислам дека многу се стегнав. Има повеќе предизвици, а и доста од вржбите се повторуваат или неколку вежби во 4 серии, се поинтензивни(според мене) ама мене ми погомогнаа во и во затегање и кондиција. А сега во последно вежбав од MadFit, и таа е океј, задоволна сум и нема претешки вежби.
Да не ми е темава нема да се сетам кога и што по кој редослед сум вежбала. Т25 ја завршив до крај затоа што концептот мене ми е многу лесен за следење. Се до сега, август одмарав ама баш одмарав. Ниту следев програма ниту се оптеретував. И изгубив баш кондиција. Онака од време на време ќе налетав на некое клипче на јутуб и ќе си извежбав, или ќе истрчав во интервали, ама немав рутина некоја. Пред две недели ја почнав Insanity max 30. Понапорна од Т25, ама се залажувам со тоа што е само 30 минути. Е сега бидејќи немам кондиција првите две недели си ги праввам модифицираните. И ужасно мразам push ups па тие вежби си ги заменувам со џогирање затоа што кај мене највеќе ефект има од кардио- трчање најмногу. Напорни се да, се цеди вода буквално после 10та минута онака капе од тебе. Што мене не ми се случувало ни после 30мин трчање. На секои 5, 10 минути има 30 секунди одмор да земеш душа буквално ама некако мене Шон ми е баш мотивирачки и успевам да ги издржам до крај. Две фази се, по 4 недели секоја. Малку глупаво што сите 4 недели се со ист распоред ама добро.
Здраво на сите. Сакам да почнам да вежбам дома. Вежбав исто така пред некое време и вежбите ги правев од видеа на youtube. Но би сакала да ми препорачате вежби кои што ќе ми помогнат да намалам на тежината бидејќи вежбите кои што јас ги правев (Chloe Ting) не ми помогнаа да намалам на тежина туку само ми ја подобрија кондицијата.
Слабеење ќе имаш исклучиво со калориски дефицит, значи треба да си ја регулираш храната. Вежбите сами по себе нема да те ослабат. Што се однесува до раце или листови, исто така не можиш да таргетираш ти каде да ослабиш. Слабееш сегде, дали рамномерно или не зависи од твојата генетика.
Не знам дали е за тука прашањето но дали некој има купено програма за вежбање од јасна пилатес? Има неколку тотал боди, бутилишес, стреч и мислам дека има за трудници. Ме интересира дали некој ги има користено тотал боди и бутилишес и дали се задоволни од програмата и дали се за напредни вежбачи или за почетници.
Дали некоја трудница има вежбано од програмите на Јасна пилатес, Елена Бубало или Драгана фит лајф? И како сте биле задоволни?
Не ми се верува дека поминало година дена без да пишам во темава..... Толку многу забушавав последниве месеци, зимава воопшто и не вежбав и не внимавав на исхрана. Постојано одев 3-4 кг горе доле и сега сум пак на почеток. Денес ја почнав мојата омилена за враќање во рутина BBG на Kayla Itsines. Во однос на исхрана веќе втора недела како внимавам ама се немам мерено да видам дали имам нешто од нешто намалено. Си поставив цел да намалам 4-5 кг до крај на месецов ќе видоме дали е тоа реално.
Не се воопшто. Можеш да изгуглаш да видиш што повеќе ти одговара. Мене и едните и другите ми се омилени затоа што се кратки по 20-25мин. Е сеа едните се секој ден другиве три пати неделно зависи од обврските што ги имам ги менувам. Т-25 се повеќе кардио и баш се потиш онака капе вода од тебе овие од Кајла се повеќе статични она чучњеви искораци/не знам како е мак термин....
Здраво на сите. Сакам да почнам да вежбам дома најмногу за да ослабам и да го затегнам телото, ми треба некој план/програма со вежби кои ги препорачувате, толку многу има на youtube стварно не знам од каде да почнам, кои се најефективни, па ако некоја има искуство да сподели.
Најефективно е да излезеш од дома и да трчаш. А за дома ако сакаш да си вежбаш, еве прилично доста предлози и линкови имаш и во темава и во онаа за дневна мотивација. Одбери еден профил на Јутуб, и прај ги вежбите од тој. Генерално бирај аеробни тренинзи.
Моја колешка од работа си нарача кога беа на попуст за Black friday и многу е задоволна. Сега се малку поскапи ама би рекла дека пак се исплати.
Девојки вежбам подолго време дома со мала тежина. Но еве веќе скоро два месеци почнав да внимавам и на исхрана благо скоро не јадам газирано никогаш не сум ни пиела,лебот ми беше многу тешко но успеав јадам црн леб со секое јадење две парчиња. Но почнав да слабеам а јас не сакам да слабеам,јас сакав плус 2-3кг да качам. Незнам каде грешам секој совет ми е добредојден
Браво за промената, си вовела здрави навики. Мој совет е да убациш во исхраната повеќе здрави масти како јаткасти плодови или путер од јаткасти (ореви, бадеми, кикирики/путер од кикирики, индиски орев), авокадо, маслинки, маслиново масло, сусам, семки од тиква, сончоглед, таан. Можеш исто така и сушено овошје, многу интересен избор има во стокомак, широка палета на сушени овошја има (јагода, папаја, диња, смоква, урми, банана), но и свежо овошје - банани, праски, сливи, кајсии. Додади и сложени јаглехидрати обавезно во исхрана како - грав, грашок, компир, пченка, наут, хумус, овес, просо, киноа. И секако месо обавезно во исхрана. Се надевам дека помогнав колку толку. Со лесно.
Многу малку хидрати внесуваш зато слабееш. За доручек внесувај 50гр хидрати и околу 25гр протеини. Пред тренинг внесувај миниум 100гр хидрати и 50гр протеини. Одма после тренинг 50гр брзи хидрати како декстроза и за пола сат или сат време околу 70гр хидрати и 40гр протеини. Ако неможиш преку храна да внесуваш доволно протеини, земиси еден веј протеин како додаток.