Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашен фитнес

Дискусија во 'Фитнес' започната од Elenche, 19 ноември 2009.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.645
    Допаѓања:
    11.087
    Пол:
    Женски
    Дечки, за зголемување задна маса, т.е газ, каква храна е потребна? Не сум голема јадачка, не знам колкава количина ќе ми е доволна.
     
  2. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    1.378
    4grama hidrati na 1kg telesna tezina.
    2grama protein na 1kg telesna tezina.
    1gram masti na 1kg telesna tezina.
    Sledis napredok vo narednite 3 nedeli. Ako nema promena,zgolemuvas hidrati za pola gram i sledis napredok.
     
    На Alhambra, simoncelicius, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.645
    Допаѓања:
    11.087
    Пол:
    Женски
    Дечкии, дајте онлајн продавница за тегови, спортска опрема :)
     
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    8.555
    Пол:
    Женски
    Јас сега скоро начекав одлична понуда во делта спорт и таму си набавив тегчиња и медицинки. Зборувам за тегоиви со мала тешина- 3,5,6, 12 кг.
    Ако бараш од овој тип имаш скоро па секаде по спортските продавници само следи си каде ќе начекаш попуст затоа што знаат да се заборават со цените.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mashichka

    Mashichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Не знам дали баш истиве ги имам користено, ама проблем настанува после подолго користење кај делот кај што се ставаат тежините, односно осигурачите кои се навртуваат на шипката се од пластика, како и самата шипка која како што е нагласено (во првиот пример) е обложена со пластика. Така да после некое време почна да прелапнува.
     
    На Mashichka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.082
    Пол:
    Женски
    Вечната мрзливка во мене конечно се накани да почне со нешто налик "вежбање". Значи вака, си имам бајаги вишок килограми, со години почнувам ригорозни диети и по неколку дена се откажувам и се така во круг.
    Сега си зададов за цел постепено да го намалувам лебот и се што е јаглехидрати, бидејќи нив најмногу ги јадам, и деновиве почнав по 20 минути на ден да вежбам нешто ко аеробик, пуштам музика и скокам ко улава, мрдам раце, нозе, стомак и газ, и од мене реки пот течат:D
    Сега, сакам малку поддршка, дали е океј вака за почеток по 20 минути што терам, без класични вежби за кои немам кондиција?
    Дали потењето значи губење на килограми, или само вишок вода? Секаде гледам различни мислења на таа тема8)
    И дајте некој предлог за слабеење во домашни услови:D
     
  8. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    8.149
    Пол:
    Женски
    Било каква физичка активност е подобра од никаква. Пешачење, скокање јаже, ако ти е интересно со музика можеш зумба да пробаш или вежби за почетници имаш цели програми на youtube.
    За понатака ако сакаш поголем резултат мораш да вметнеш и вежби со тежини не само кардио.
    Во врска со исхраната доволно е да намалиш на калориски внес, нездрава храна и прости шеќери. Можеш да јадеш сложени јаглехидрати, овeс, протеини јајца, месо, риба, здрави масти, мешунки, салати многу сега на лето барем имаме ибор. Немој премногу рестрикции да си правиш и се да си забрануваш зошто за брзо ќе се вратиш на старо и спротивен ефект ќе постигнеш.

    Ова јас те советувам, а во слична ситуација сум како тебе и никако да добијам мотивација пак да почнам да си средам исхрана и редовно да вежбам.:(
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    20.743
    Губење килограми на вага ќе видиш тоа, или по изглед како ќе имаш промени
    Потење не секогаш е пропорционално со ефективноста на вежбањето.
    На жешково па секако ќе се испоти чоек било што да прави. Потење секако е губење вода од вежбањето, дали ќе изгубиш кг, зависи од повеќе фактори.

    За почеток, би рекла било каква активност е ок.
    Инаку освен тие 20 минути или пола саат во денот за вежбање, гледај општо повеќе да си активна.
    Пример кога можеш место автобус, оди пешки, место лифт скали. Рандом кога имаш време излези попешачи пола саат. Или точак вози.


    Има оваа некоја ева фитнес вакви аеробик видеа, како денсање што се:D
    Или побарај ja на јутуб Move with nicole ако си за пилатес.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.082
    Пол:
    Женски
    Ајде почнувај и ти, ќе се бодриме заедно :)
    Да за жал со ригорозните диети нема никаков ефект, само себе измачување е. Сега гледам да избегнувам благо, се си јадам ама во помали количини, напредок ми е што не јадам бар премногу леб кој го јадев во страшни количини, исто и тестенини.
    Ќе продолжам засега вака, па натаму како ќе стекнувам кондиција ќе се трудам и за други вежби.
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.082
    Пол:
    Женски
    Јас се залетав од среќа демек ќе слабеам дека потам, бидејќи никогаш не сум потела а сум работела физичка работа на сонце, плус и сум одела на третмани за слабеење замотана во фолии, претходно намачкана со загревачки крем и влегував во едно термо електрично ќебе, десет третмани направив и ни 1% не испотив, ова пред години. А и општо во лето ретко потам на жешково, затоа жива радосна си викам да не почнав да топам килограми, иако само една недела помина:$ морам вака да се мотивирам, па наскоро ќе се качам и на вага:D
    Пешачам, ама не доволно, сега со денсов ќе продолжам и од 20 минути ќе зголемам на 30, тоа е тоа.
    Фала ти на поддршката:f:
     
    На Касија и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  12. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    8.149
    Пол:
    Женски
    Добро си почнала, за почеток и тоа што го правиш е доволно, но не се плаши да почнеш и некоја програма за почетници па и да вметнеш тежини макар мали шишенца, на почеток ќе ти биде напорно ама се стекнува кондиција за брзо. Е сега не знам колку кила вишок имаш ако имаш навистина многу, тогаш подобро е полека да одиш со пешачење и полесни вежби.
    Во врска со потењето и вагата не се оптеретувај на почеток, доволно е да пратиш обем ќе следиш и по алиштата.

    За храната е едноставно не треба некоја специјална диета, за ручек месо, риба, мешунки, во грашокот, гравот и леќата има протеин плус многу салата, за појадок јајца или овесна каша со протеин некој путер од јатки и овошје, ужина овошје со јатки, лебот можеш со некој поздрав да го замениш како тонус или тортиља, ако ти требаат идеи за оброци пиши ми.

    Ајде да се бодриме, повеќе за во морална поддршка сме:D Проблемот кај мене е што знам како треба и што ми одговара и ми успевало, и не сум ни имала проблем со тежина дури и многу слаба сум била, ама последниве години од храната си направив утеха и комфорна зона, се навикнав на некои вкусни а нездрави комбинации, јадам тестенини и благо кога сум уморна, во пмс, кога не сум расположена и се случува долги периоди се на лоша храна да сум и ништо квалитетно и нутритивно да не внесам, и тоа сакам да го сменам повеќе ми е и за здравјето не само за изгледот, многу поубаво се чувствувам кога ми е средена исхраната и вежбам, ама имам проблем со дисциплина и истрајност во последно време:(
    А и за тренинг дома има што да се вежба, има многу програми и за почетници и потешки, јас и тегчиња имам, само истрајност треба и мотивација:D
     
    На Rama и Mrs. right им се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.290
    Допаѓања:
    13.155
    Пол:
    Женски
    Здраво луѓе.:hai:

    Имам пишувано во темата "Мојот фитнес ден" некои може ме знаат од таму.
    Постирав видеа кои ги вежбав.
    Имам вежбано скоро 2 години, почнав во 2021 и тоа ептен како почетник, зашто претходно не сум вежбала уопште.
    Не знам ни сама колку мотивација и желба имав и од кај ја добивав,:$ едноставно си зацртав мора и мора.
    Ама што е интересното не го глеав тоа како некоја обавеза и туку баш со задоволство уживав во целиот тој процес. Притоа и слабеев напоредно зашто имав вишок кој требаше да се симне и ептен бев задоволна од постигнатите резултати, како за домашни услови, стварно топ, неам замерки иако да, секогаш може уште подобро.:)

    Комбинирав различни програми да ги наречам, од апликации за вежбање, оние што траат по 10 тина мин, зашто почетник нели и не можам да очекувам дека ќе иам сила и кондиција за изведување на посложени вежби што е логично. И така терав месеци може па дури потоа се префрлив на малку "потешки" вежби. Имам постирано дека вежбав од видеата на Клои Тинг и долго време останав на неа, лани цело лето и зима ги вежбав нејзините програми, претходно аплилациите, испробував различни. Потоа се префрлив на програма на Хедер Робертсон но само две недели вежбав и прекинав ради некои х причини, кои секако дека не ги сметам за оправдување.

    Лошо напраив што откако ослабев доста после пак почнав со старите навики и прејадување и качив 6-7 кг кои за жал уште не ги симнав, не зашо не можам туку зашо све одложувам и не сум решена. А и со вежбањето напраив пауза и тоа голема пауза од 4 месеци па сега ќе ми е проблем да се доведам во ред и да продолжам од кај што застанав.

    А имам желба ама мотивација не баш.
    Сеа ја глеам темава, па ајде да се мотивираме и бодриме:muscle: и да почнеме веќе да се враќаме на здравите навики и истите да ги практикуваме на долг рок, не ради лето не ради не знам какви причини, едноставно за здравје првенствено.

    Имав неколку обиди неделава и претходните да се вратам у форма ама пак не беше тоа тоа, затоа од утре(денес) ветувам дека ќе почнам озбилно, нема да чекам ниту понеделник ниту ништо, ќе биде сеа и овде.:nod:

    Ако сакате тука да споделуваме што вежбаме, ептен мотивира тоа ама ептен кога гледаш како друг се труди и напредува и постигнува резултати.

    @Rama биди упорна, доследна и истрајна и резултатите ќе си дојдат, нема кај да бегаат ама откажување не, ќе забораиш на тоа скроз. Плус тоа ајде малце инаетот нека поработи,:D кажи си кој е посилен ја или тоа што ме спречува да си ја постигнам целта и ќе видиш како ќе се менуваш и трансформираш, дури нереално ќе ти се чини, ова од искуство кажувам, не зборам на памет.:)
    @Касија потполно се слагам со тебе, све шо напиша држи вода и во нешо шо пиша се пронаоѓам и ја.

    Среќно на сите, да си се доведеме у форма ама и здравјето да го подобриме и физичкото и менталното.

    Поздрав до сите.:)
     
    На simoncelicius, Rama, Munchmallow20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    8.149
    Пол:
    Женски
    @Mrs. right Јас сум за да пишуваме некаде што правиме и да се бодриме ама не знам во која тема, тука да не бидеме офф топик.
     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.290
    Допаѓања:
    13.155
    Пол:
    Женски
    У мојот фитнес ден тогаш.
    Ама ја би ставала видеа само, со тие менијата што јадам нејќам да се замарам искрено.:D
     
  16. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    8.149
    Пол:
    Женски
    Јас од една програма ги вртам истите видеа за почетници и скокам јаже, ќе треба да се повторувам, додека се вратам во шема:D
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.290
    Допаѓања:
    13.155
    Пол:
    Женски
    Едни исти само вежбаш?
    Ја почнав со оваа https://heatherrobertson.com/programs/6-week-low-impact-workout-program/ и застанав на 2 ра недела, ужас.
    Сеа ќе видиме до каде сме со кондиција...
    Ќе биде весело.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    8.149
    Пол:
    Женски
    Да исти 6 за почетници, додека не ми станат лесни, после имам многу други, ама зошто почнувам па прекинувам во последно никако да одам следно ниво:D:(
     
  19. xplady

    xplady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Додека траат овие пеколни горештини, одлучив да си вежбам дома ( за прв пат ). Инаку, години наназад одам во теретана, што значи телото ми е навикнато на тежински тренинг. Преложете некои видеа на YouTube за вежбање дома. Од реквизити имам еден тег од 5кг.

    тенкс.
     
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.290
    Допаѓања:
    13.155
    Пол:
    Женски
    Стагнираш, да мора све потешки и потешки иначе брзо се навикнува телото и нема прогрес.
    А тегчиња од колку имаш? Ја за греота останав на 4 никако да зеам некои од 10 или 15.

    Хедер Робертсон види ако ти фати око.
     
    На xplady му/ѝ се допаѓа ова.